Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
ВМРО секогаш низ историјата од официјалните власти било третирано како криминална организација. И секогаш го одликувало насилство и терор повеќе од интелектуалност. Плус, и финансиските скандали не се ништо туѓо за таа организација.

Е баш затоа, дека денешното ВМРО и тогашното немаат никаква допирна точка.
Методите кои се користеле тогаш за да се постигнат целите се дискутабилни, оставам на историјата да суди.
Сега збориме за мирновременски услови, за партија која се декларира како наследник на оригиналното ВМРО со кое голем број македонци се поистоветуваат.
Ти не можеш да правиш паралели со Македонија под турско и сега, како независна држава. Поентава е дека се злоупотребува брендот ВМРО. Ако методите на старото ВМРО биле криминални и насилни, зарем тоа му дава право на сегашнава партија и раководство буквално да ги пресликаат во 21 век, во мирновременски услови, време кога имаме независна држава и сосем различни цели од пред 100 години.

ВМРО, каква и да била организација за време Турско, колку и контроверзи да се плетат околу исправноста на нивното делување, факт е дека е битна карика од нашата релативно понова историја. И како таква треба да остане во минатото како предмет на дискусии и истражување на луѓето кои се компетентни. Мој став е дека треба да престане да се злоупотребува во политички цели или како оружје за поделби и подгревање на национализмот.
 
По истата логика што ти ја бараш за заштита на “брендот“ ВМРО, Грците не ни даваат да се викаме Македонија. За да не се злоупотребува името. И отприлика колку што тие имаат право да ни забранат да се викаме Македонија, толку и нашиот Устав има право да забрани употреба на некое име.
 
51 дпмне 49 сдс ако не се лажам.Сегашниов ни премиер велеше дека ако ги изгуби изборите си поднесува оставка.Ама тоа е пичкин дим за разлика што направи до сега.Ај пиши како 10 сме ќутеле сите па сега ни текнало да се буниме зошто уште само тоа ви остана.
И ти не знаеш дека математиката е договор? Од 2016 г. 51 е помало од 49. Колку се смешни. А лидерот ни да зуцне за ветената оставка. Бедник.
 
A shto bevme pred da ne izmislat...[DOUBLEPOST=1526163495][/DOUBLEPOST]
Bejli...ubedlivo.
Добро бе не се чувствуваш малку глупаво кога тераш сеир за држава која ти овозможува удобен живот, настрана тоа што го имаш дадено и газот за да стигнеш до САД, искрено не ти е малку глупаво?
 
По истата логика што ти ја бараш за заштита на “брендот“ ВМРО, Грците не ни даваат да се викаме Македонија. За да не се злоупотребува името. И отприлика колку што тие имаат право да ни забранат да се викаме Македонија, толку и нашиот Устав има право да забрани употреба на некое име.

Мислам оти не се разбираме. Мене поентата ми е оти Вмро денес се злоупотребува, околу името е изграден култ на национализам од денешната партија која го носи истото име. Се создава лажна слика пред народот дека членовите на партијата застапуваат некакви демохристијански идеологии, фамилијарни вредности и заштита на националните интереси.

Голем дел од народот не гласа за одредена индивидува заради нејзините квалитети, туку гласа за партијата Вмро.
Дај нека се кандидираше Иванов, Грујо...и сите останати како независни кандидати, без бекграундот на партијата и ПиАр-от кој што им го овозможува на божемни патриоти, па да видиме дали воопшто и ќе ги собереа потребните гласови за кандитатура. Вака и магаре да ставиш за кандидат народот ќе гласа оти е од Вмро и по дифолт тоа значи дека е патриот.

Аналогијата со Грција не ја сфаќам, не разбирам што врска има со муабетов. Ова е мое размислување, патем и внатрешно прашање. Името е билатерален спор, измеѓу две држави.
 
Спориш право на некој да употребува некакво име. Сосема исто. Внатрешно, билатерално, меѓународно не е битно. Принципот е тој.

Градење култови и користење ПР е легитимна политичка стратегија. Ако некој гласа за магаре затоа што било кандидирано од ВМРО, не можеш да го обвиниш ВМРО. Земи оправај го тој што гласа така.
 
И ти не знаеш дека математиката е договор? Од 2016 г. 51 е помало од 49. Колку се смешни. А лидерот ни да зуцне за ветената оставка. Бедник.

Џокса, смири се, само што не дал оставка. Ќе се врати твојот не се секирај, ќе имаш плакати за програмирање пак.
 
Спориш право на некој да употребува некакво име. Сосема исто. Внатрешно, билатерално, меѓународно не е битно. Принципот е тој.

Градење култови и користење ПР е легитимна политичка стратегија. Ако некој гласа за магаре затоа што било кандидирано од ВМРО, не можеш да го обвиниш ВМРО. Земи оправај го тој што гласа така.

Ние овде можеме до кога сакаш да полемизираме ама по се изгледа дека може. Во теорија тоа се добро звучи но во пракса гледаме оти не е баш така. Еве Грција е пример. Не е битно дали се во право или не кога настапуваат од позиција на моќ.

Не можеш да изедначуваш име на политичка партија со име на држава, кое патем со себе повлекува еден куп други прашања од национален карактер.
Исто (зборам хипотетички) замислена граѓанска иницијатива која се залага за заштита на името ВМРО, име на револуционерна организација не може да биде на исто рамниште со позициите кои ги има Грција во спорот. Не е исто. Се работи за две различни прашања.

Градење култови и политичка манипулација можда е легитимна политичка стратегија, но е многу опасна. Ние барем тоа треба најдобро да го знаеме.
И за време на Нацистичка Германија Хитлер градеше култ околу неговата личност и партија, искористувајќи го незадоволството на германскиот народ од репарациите кои му беа наметнати после првата светска војна создаде опасен амбиент, па сите знаеме како заврши таа приказна.
Никогаш не се потценува гневна и разочарна толпа народ. Доволен е еден манипулативен лудак за се да отиде во три лепе. Не дека не си во право. Тоа што го зборуваш стои.
 
Нема правна последица од култови и имиња, само морална, а во политика морал не барај.[DOUBLEPOST=1526173737][/DOUBLEPOST]Политичка партија како субјект може да се забрани но иста таква со скоро исто име може одма да се создаде.[DOUBLEPOST=1526173833][/DOUBLEPOST]
Џокса, смири се, само што не дал оставка. Ќе се врати твојот не се секирај, ќе имаш плакати за програмирање пак.
Ех да беше само до него проблемот стварно ќе си дадеше оставка. Заев е само последниот од мохиканците до сега.
 
Tolku e utepan narodov sho nema potreba ni od damage control poveke.
Ime se menjava, baba se cheshla.
Daj i znameto da go zmenime vo bela boja najveke ke odgovara.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
@Ѓорѓи Н. Можеше боље ова да го средиш. Заебан програм е пеинт, ама си требал да се потрудиш малку.

Untitled-1.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom