Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
i sam znaes deka i e i ne e taka.imas eden kup faci bliski do vlasta pa edino sto uspeale e da se vrabotat drzavno oni i nivnite zeni,tolku.

ovde zborime za milioni,da gi napravis treba pamet,pa ziveel li vo germanija ili vukojebina ko nasava.
Па константно си ги има такви Х бизнис фаци во сенка во секоја влада.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
175 илијади евра ти требаат какви стотина милиони не е ова Монако.
Со 175.000 евра не ти е гарантирано дека до крај на живот и средна класа ќе останеш. Не па богат да се сметаш.
Јас сите ги зборам, од такви какви што ги кажа ти, па се до крупни луѓе и Х бизнис фаци во сенка кои се блиски до власта.
Имаат многу направено, 100тина милиони можеби не, ама Х бизнис фаци имаат складирано околу 40-50 милиона, што е повеќе од доволно за наши услови.
И тие што ги наброја ти лапаат солидни пари, овој ex-градоначалникот на факинг Василево колку само станови изнакупи.. џипови к*рци палци..
Има, секако. Ама не се толку многу. И од 10-20 илјади луѓе во просек што имаат врски со гарнитурата на власт, дали десетина стигаат до такви пари. Најчесто се истите десетина што се шалтаат со сите гарнитури. Се може да се, ама не се тоа глупи луѓе, сигурно.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Со 175.000 евра не ти е гарантирано дека до крај на живот и средна класа ќе останеш. Не па богат да се сметаш.

Има, секако. Ама не се толку многу. И од 10-20 илјади луѓе во просек што имаат врски со гарнитурата на власт, дали десетина стигаат до такви пари. Најчесто се истите десетина што се шалтаат со сите гарнитури. Се може да се, ама не се тоа глупи луѓе, сигурно.
Епа така де, тие се тие "некои" што ги потенцирав, глупи ни на крај памет не се.
Ама верувај и тие што се директорчиња, градоначалници на некои квази општини и локални шерифи не се за потценување.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Гледаш?
А златен патор имавме на власт, ниту тој добиваше, ниту ние губевме.
Тоа беа златни времиња за Македонија.
ne znam za drugite, ama jas moze da kazam deka momentalno od moja gledna tocka katastrofalno e padnata prodazbata na se zivo. znaci prodavam se i sesto polovni avtodelovi gumi i bandazi, vozila, laptopovi kompjuteri. so istata sostojba se soocuvaat i dosta prijateli so se zanimavaat so trgovija i proizvodstvo vo site branzi prodazbata na tekstil i obuvki e isto padnata na 0. Sto se slucuva na nikoj ne mu e jasno, uglavnom pazarot krahira, isto i komunjarite i ostanatite so plukaa po *rezimot* se drzat za glava. ko prezivi pricace, ke placete po patorot.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2017
Мислења
35
Поени од реакции
14
ne znam za drugite, ama jas moze da kazam deka momentalno od moja gledna tocka katastrofalno e padnata prodazbata na se zivo. znaci prodavam se i sesto polovni avtodelovi gumi i bandazi, vozila, laptopovi kompjuteri. so istata sostojba se soocuvaat i dosta prijateli so se zanimavaat so trgovija i proizvodstvo vo site branzi prodazbata na tekstil i obuvki e isto padnata na 0. Sto se slucuva na nikoj ne mu e jasno, uglavnom pazarot krahira, isto i komunjarite i ostanatite so plukaa po *rezimot* se drzat za glava. ko prezivi pricace, ke placete po patorot.

Така е пријателе,ништо не функционира,еве 4-5 месеци барам кладилница д им понудам деловен простор и некако не сакаат се двоумат и се плашат.И тие изгледа крахираат иако се вртат милионски суми..Само пратениците и другите политичари функционери нема да крахираат затоа е борбата голема за да се биде власт.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.082
Лепи, пред пет години полагав за возачка, 130 беше нагласено. Тоа на кои и колку патишта има знаци за 130 (а има) не го менува фактот дека законски е донесено одамна. Плус, имаш Гугл, кога можеш за Хрватска да ископуваш работи, можеш и ова да си провериш сам ако демек те лажам јас.
Ти верувам дека некаде има и знак 130, иако јас не сум сретнал, а го забележав знакот 130 кога возев во Хрватска уште 2001, кога одев со кола на одмор во Пула ... ( и уште тогаш, откако во јули 2001 поминавме по новата делница за Ријека, за тие 10-на дена имаше 3-4 смртни случаи само таму )
Како и да е останувам дека 130 е тешка глупост ако нема секоја насока од аутопатот по 4 ленти. Незнам каков е новиот автопат кај Демир Капија, ама не верувам дека и тој има по 4 ленти, едино што веројатно таму нема да дозволуват на едната лента да се продаваат јагоди и бостан како тука за Тетово.[DOUBLEPOST=1524729270][/DOUBLEPOST]
ne znam za drugite, ama jas moze da kazam deka momentalno od moja gledna tocka katastrofalno e padnata prodazbata na se zivo. znaci prodavam se i sesto polovni avtodelovi gumi i bandazi, vozila, laptopovi kompjuteri. so istata sostojba se soocuvaat i dosta prijateli so se zanimavaat so trgovija i proizvodstvo vo site branzi prodazbata na tekstil i obuvki e isto padnata na 0. Sto se slucuva na nikoj ne mu e jasno, uglavnom pazarot krahira, isto i komunjarite i ostanatite so plukaa po *rezimot* se drzat za glava. ko prezivi pricace, ke placete po patorot.
Зависи, јас пак наидувам Барам а НЕМА да купам нешто, прости работи, ама штама и апатија, да се нема.
Секое утро за внучето перек ако некупам после 9ч нема, треба да одам во центар, а гевреци им стојат полно. До скоро се расправав по продавници, нема леб Грахам а Баварски им останува, не било до него Жито Лукс така командувал, со свои пари каков леб ќе јадеш.
Вчера се јавувам во АгроТехна да прашам за сирена за детски точак, тотална незаинтересираност ( а и ни ја затворија продавницата во Аеродром)..
Ете во амбуланта Јане сандански уште пред 2 години сестрата се прчеше, со одење во Германија, сега гледам на ТВ приватни доктори што затвориле ординации сестрите на улице, кој ќе прими во Германија стари издртани сестри што и немаат некаква стручност...
Тоа е тоа, способниот кадар масовно бега а остануват неспособни а и тие од непродуктивни струки, сигурно во Германија нема да прими од тука некој политолог и слично, башка треба да знае одлично германски секој што си има работа со луѓе...
Болката не е само кај нас, ја има и во целиот Регион, освен можеби Словенија...
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Нека трепка!

https://www.mkd.mk/makedonija/partii/dimitar-apasiev-po-skoro-tri-decenii-pa-krajno-vreme-e-da-im-se-stavi-kraj-na

Димитар Апасиев: По скоро три децении – па крајно време е да им се стави крај на преговорите за името

Апасиев, професорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и член на раководството на партијата Левица, неодамна го предупреди премиерот Зоран Заев дека може да се соочи со затворска казна од 5 години ако ја доведе Македонија во позиција на потчинетост во однос на Грција.

Како левичар, Апасиев беше еден од најгласните учесници во Шарената револуција, а денес е еден од најсериозните критичари на новата власт.

По Шарената револуција и како еден од најжестоките критичари на минатата власт, денес со истата жестина настапувате и против оваа власт. Се разочаравте? Каде е грешката – во традицијата на лошото владеење, во навиките, во кодот...?

- Искрено, не можам да речам дека сум разочаран – затоа што ништо добро не очекувавме од СДСМ. Впрочем, затоа и Левица одлучи да оди сама на избори, токму поради нашето неверување во капацитетот на социјалдемократите да донесат вистински подобар живот за нашите сограѓани.

Нам ни е туѓ и одвратен тој фејкерски елитизам без покритие, кој е толку многу присутен во редовите на социјалдемократите. Евидентно е дека кај новата власт сѐ е ставено на картата на т.н. „надворешна политика“ (спорот со името, НАТО, ЕУ и сл.), додека најгорливите егзистенцијални внатрешни прашања продолжија да се одвиваат по инерција, исто како во времето на Режимот. Нема придвижување на ниедно поле! Здравството е руинирано, школството несоодветно и скапо, сиромашните се без социјална заштита, работниците се без синдикати, институциите се корумпирани и неефикасни. Нови се само суетите и децата на функционерите што се спопикаа во јавната администрација.

Што се однесува до „грешката“ – мислам дека таа лежи на повеќе места. Погрешен е првенствено нашиот изборен систем, кој ги фаворизира големите партии ДПМНЕ и СДСМ и практично „изборот“ се сведува на змијата или магарето.

Македонија треба да стане една изборна единица; да се забрани предизборно рекламирање (освен политичките дуели и дебатните емисии, не треба да постојат никакви други форми на агитирање и психолошко заведување); да не се дозволува предизборно, туку само постизборно коалицирање и да се пресече спрегата помеѓу крупниот капитал и партиските врхушки.

Всушност, и двете најголеми партии во Македонија се капиталистички партии, односно партии на капиталот и на газдите, додека трудот, т.е. работниците, остануваат политички непретставени – иако се најголем процент од електоратот! Ова веќе ја доведува во прашање и школската дефиниција за „демократија“ (владеење на сиромашното мнозинство) и ја деформира во некоја нова политичка формација од типот на аристократија или плутократија (владеење на богатото малцинство).

Зошто таа „трета опција“ не успева кај нас? Кога и да се појави, брзо се претопува во едната или другата голема партија: СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. А просторот и натаму е празен и претпоставувам предизвик за секој што решил да се занимава со политика. Дали е тоа предизвик и за вас?

- Во однос на ова прашање, доаѓаме до втората системска „грешка“, која се состои во менталитетот на народот, кој секогаш очекува некој друг да му ја заврши работата и си гласа за „помалото зло“, наместо за доброто.

Во даден историски момент ДПМНЕ беше помалото зло, во друг момент – тоа беше СДСМ. А третите партии не успеваа од многу причини.

Прво, мислам дека поради тоа што беа претежно т.н. буржоаски партии, без јасна политичка идеологија за тоа кого, всушност, тие го претставуваат, кои функционираа како бироа за вработување, наместо за креирање јавни политики. А идеолошкото е суштинско ако сакате да се занимавате со јавната ствар! Оттука, ние имавме „пајтон“ или „човек-партии“ со одредени лични или бизнис-интереси, а не идеолошки профилирани партии на левицата, десницата или центарот.

Следно е тоа што големите партии располагаат со многу механизми за уништување на „третите опции“. На пример, еден метод е кооптирањето на нивните повидни членови со нудење јавни функции или привилегии. Друг метод е стимулирањето наводни фракции во помалите партии, со цел судско преземање на партијата и престорување во обичен приврзок на власта и сл. Сите овие добро разработени методи, во оваа транзиција, се покажаа како доста делотворни за разбивање на третите опции.



Во што е нашата кодна грешка кога власта се сфаќа како „бенефит за мене и оние околу мене во еден, два или три мандати, а за после нека му ја мислат другите“? Со некаков непишан меѓусебен договор за недопирливост на криминалот и корупцијата.

- Па нашата рак-рана е неказнувањето на корупцијата! Кога-тогаш, макар и на потешкиот начин, ние мора да сфатиме дека она што го нагризува општеството е корупцијата во сите нејзини форми (подмитување, протекционизам, клиентелизам, непотизам, кронизам, лобирање, рекетарство итн.). Сметам дека прашањето на ослободувањето на ова општество од стегите на лошите политики во секое поле лежи во радикалното расчистување со корупцијата. И тука немаме алтернатива!

Кога мислам на „радикално“, мислам на носење специјален закон за потеклото на имотот на сите јавни функционери од независноста до денес и за измени во Кривичниот законик според кои кривичните дела од областа на т.н. стопански/економски криминалитет воопшто нема да застаруваат и ќе може секогаш да се процесуираат; како и за спроведување на ратификуваните меѓународни конвенции за борба против мафијата и перењето пари, кои на органите на прогонот им даваат доволно моќ за спроведување на ефикасни истраги.

Додека не расчистиме со корупцијата во нашите редови, Републиката ќе биде во животнозагрозувачка состојба. Кога ќе тргнеме на тој пат, ќе се врати оптимизмот кај народот дека, сепак, можеме поинаку и дека, на крајот на краиштата, криминалот не треба да се исплаќа.

Еден друг алармантен проблем е тоа што властодршците не веруваат во капацитетот и способноста на сопствениот народ (сфатен како демос, а не како етнос), па затоа – на влијателни јавни функции ставаат некадарни луѓе, наместо да го применат цивилизираниот институт јавен конкурс, на којшто транспарентно ќе се избираат најдобрите. Бидејќи секојдневно комуницирам со студенти, мислам дека не грешам кога велам дека едно од најгорчливите чувства на бесперспективност кај младите луѓе го раѓаат наместените конкурси! Запомнете го ова. Тоа е капката што ја прелева чашата и ги тера да се иселуваат по светот, каде што нивното знаење ќе биде соодветно вреднувано и соодветно платено.

Според Вас, каде ја правиме грешката во преговорите за името?

- Па, најпросто, во самиот факт што уште преговараме!

Според соодветните резолуции на Обединетите нации, ние требаше да најдеме „брзо решение за разликите околу името“!? Но тоа не е сторено и по скоро три децении – па крајно време е да им се стави крај на преговорите.

По овој официјален чин, би почнала правна процедура за промена на привремената и навредлива референца ФИРОМ, со нашето уставно име – но преку Генералното собрание на ООН, каде што веќе го имаме потребното мнозинство. Но за овој потфат треба солидна и поткована дипломатија, а не третокласни чиновници, без никакво претходно искуство. На помош треба да се повика и правната наука, првенствено еминентни професори по меѓународно право, кои се интернационално признати и познати – па со еден таков тим, Македонија несомнено дека ќе успее да го добие она што природно ѝ следува. Никој надвор нема да нѐ цени доколку самите не почнеме да се цениме и да постапуваме достоинствено, а не инфериорно, во меѓународните односи.

И само уште еден факт, кој треба да се потенцира во оваа насока, е тоа што владиниот тим, покрај инфериорноста што ја манифестира, има и класичен „судир на интереси“ во преговорите со Грција. Не заборавете дека компанијата на еден вицепремиер е во фаза на купување од страна на грчка државна фирма! Ова во сериозни држави е недозволиво и скандалозно. Но, за жал, сега нема кој така жестоко да го критикува по социјалните мрежи – бидејќи сиот искомпромитиран невладин сектор сега работи за Владата.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Зависи, јас пак наидувам Барам а НЕМА да купам нешто, прости работи, ама штама и апатија, да се нема.
Секое утро за внучето перек ако некупам после 9ч нема, треба да одам во центар, а гевреци им стојат полно. До скоро се расправав по продавници, нема леб Грахам а Баварски им останува, не било до него Жито Лукс така командувал, со свои пари каков леб ќе јадеш.
Вчера се јавувам во АгроТехна да прашам за сирена за детски точак, тотална незаинтересираност ( а и ни ја затворија продавницата во Аеродром)..
Ете во амбуланта Јане сандански уште пред 2 години сестрата се прчеше, со одење во Германија, сега гледам на ТВ приватни доктори што затвориле ординации сестрите на улице, кој ќе прими во Германија стари издртани сестри што и немаат некаква стручност...
Тоа е тоа, способниот кадар масовно бега а остануват неспособни а и тие од непродуктивни струки, сигурно во Германија нема да прими од тука некој политолог и слично, башка треба да знае одлично германски секој што си има работа со луѓе...
Болката не е само кај нас, ја има и во целиот Регион, освен можеби Словенија...
Просто е незамисливо како оваа власт за нешто помалку од една година ја доведе до ова дереџе Македонија, претходно се беше поинаку, имаше перспектива, напредувавме на секое поле, една од економиите со најголем раст во светот, ама ете...

Нејсе, може оваа власт им ги испразни паричниците на народот, ама затоа ако не секој тогаш секој втор празен паричник носи слика од Пастирот наш како знак на сеќавање на едни подобри времиња...ама затоа духот на неговото владеење е со новата власт :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.710
Поени од реакции
11.974
Секоја лага содржи одреден процент вистина.

Па така, бидејќи јас живеам во реон Центар (не е исто што и општина Центар), каде што проширувањето и одржувањето на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком го врши Фибернет МК, можам да потврдам дека нивните луѓе се врвни професионалци кои одлично си ја вршат својата работа.

Е сега, како нивната компанија се стекнала со статусот надворешен изведувач за Македонски Телеком не знам, тоа е друга приказна. За Фибернет МК знам дека е во сопственост на словенечка компанија која покрај во Словенија и Македонија, исто така е присутна и во Хрватска, Босна и Херцеговина, и на Косово.

https://burevesnik.news/index.php/blog-bozinovski/377-telekomski-eko-cirkon

Телекомски ,,Еко циркон,,

25 Апр 2018

од Зоран Буревесник Божиновски



Разграбувањето на имотот на граѓаните во ТЕЛЕКОМ (ги лажат обичните смртници дека се сопственици), во режија на коалицијата ВЛАДА & ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, продолжува со несмалена жестина. Во игра се и реставрирани дрвени палети, некогаш отпадни, денес модерни за склопување деловен мебел и ,,перење пари,,...

Според мојот извор, актуелниот извршен директор во ТЕЛЕКОМ, Горан Трајановски (СДСМ кадар) имал проблем со сместување во соодветен кабинет, со сите тертипи, адекватен на неговата месечна плата од цца 7.500 евра. Дури трипати Трајановски вршел темелно реновирање на неговиот кабинет и за тоа трошел во просек по 50.000 евра, што на крај даночните обврзници и акционерите на Дојче Телеком ги чинело вкупно 150.000 евра. Среќа па од третпат се нашло решение по вкус на Трајановски, та не морало уште 50.000 евра да бидат потрошени. Инаку, последна занимација на Трајановски е возобновување на мебелот во ТЕЛЕКОМ. Се изнесува стар мебел, доста очуван, а се внесува мебел конструиран на база на дрвени палети, модерно викан ЕКО ЦИРКОН. Ете, од Трајановски научивме нова мебелска мода. Се разбира дека оваа нова мебелска мода чини многооооогу пари и се разбира дека фактурите жестоко се надуени, оти нововлезениот кадар на СДСМ и Шарените гладувал 11 години, логично е да биде добро ,,нахранет,, (на насловната фотографија лево е Горан Трајановски, десно е шарениот Замир Мемети). Ова ПАЛЕТНО ЕКО ЦИРКОНСКО опремување на ТЕЛЕКОМ, вработените си го викаат ,,Пералната на Горан,,...

Но, тоа се малите пари, ние да се насочиме на ГОЛЕМИТЕ, на милионите во евра. Прв понов криминален проект е давање на Изведбено техничка документација на надворешни фирми. Поимот ИЗТД е документ за вистинската положба или траса на кабелот во земја, во каблова канализација која води до претплатникот, а која се разликува од проектната документација бидејќи никогаш изведеното и проектираното решение не се поклопуваат. По закон мора да се поклопуваат, ама кој ферма закон во РМ!?. Распишан е тендер уште во 2014 година од страна на ТЕЛЕКОМ во кој главна улога имаат Лазар Динов, Николче Тасевски и Зоран Мурџев. Пред да се распише тендерот, вработените кои ја изработувале ИЗТД во ТЕЛЕКОМ се аутсорсирани (трансферирани и рентирани) кај Жарко Луковски Ериксон, а дел се префрлени во кол центар по наредба на Лазар Динов и Емилија Андонова. Ова е направено за вештачки да се прикаже дека нема човечки ресурси во ТЕЛЕКОМ за да изработуваат ИЗТД па мора да се изработи со надворешна фирма, како ЕКСИКО на Луковски на пример.

Целата работа ја извршува Николче Тасевски кој е десна рака на Ирена Мишева и Лазар Поповски. Тендерот со помош на Николче Тасевски, Зоран Мурџев и Лазар Динов поминал без никаков проблем. Но проблем се појавува кога надворешните изведувачи не знаат да ја направат ИЗТД за потребите на ТЕЛЕКОМ, а треба да им се исплатат огромни пари. Па почнуваат да даваат неквалитетна ИЗТД и одговорното лице почнува да не ги потпишува фактурите на надворешните изведувачи. Тогаш одговорното лице го тргаат физички од проектот, го бркаат од работа со отказ, а потпишувањето на фактурите оди преку Николче Тасевски, Лазар Динов и Зоран Мурџев. Надворешни изведувачи се Жикол, Фибернет МК, Кабтел и други. Ден денес изработеното е тотално неупотребливо за ТЕЛЕКОМ за користење и обработка, а испрани се милиони евра. Изработено е за да се наплатат многу пари. Најтрагично е тоа што покрај испраните пари, надворешните изведувачи во своите дата бази си ја имаат снимено целата инфраструктура на ТЕЛЕКОМ. Тоа е оној ТЕЛЕКОМ во кој граѓаните се акционери, преку гладните шарени социјадемократи...

Иначе имало и период од година дена, кога техничката документација ја правеле вработени во ТЕЛЕКОМ, наместо надворешната фирма, а се наплаќало од надворешната фирма како таа да ја изработува. Истиот тренд продолжува и денес. ТЕЛЕКОМ работи а надворешни фирми касираат, само се мачат да емитуваат фиктивни фактури за да се исцица кешот од ТЕЛЕКОМ. Инаку погоре именуваните тројца направиле тотален хаос со криминалното работење, продуцирале хаос кој резултира со фактичка состојба во која ТЕЛЕКОМ денес НЕ РАСПОЛАГА располага со точен податок за подземната мрежа. Во нормални и средени земји како Германија ова би било катастрофа од невидени размери, сите учесници во ваков криминал би завршиле долги години во затвор. Ама ова не е катастрофа во Македонија...

Македонија сепак е ,,вукојебина,,...

(наскоро продолжуваме со проектирање, па легализација и нет крекер, после и за продажба и за кол центар, све со имиња и презимиња... бидете тука ако сакате да знаете како ве ограбуваат)





 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ne znam za drugite, ama jas moze da kazam deka momentalno od moja gledna tocka katastrofalno e padnata prodazbata na se zivo. znaci prodavam se i sesto polovni avtodelovi gumi i bandazi, vozila, laptopovi kompjuteri. so istata sostojba se soocuvaat i dosta prijateli so se zanimavaat so trgovija i proizvodstvo vo site branzi prodazbata na tekstil i obuvki e isto padnata na 0. Sto se slucuva na nikoj ne mu e jasno, uglavnom pazarot krahira, isto i komunjarite i ostanatite so plukaa po *rezimot* se drzat za glava. ko prezivi pricace, ke placete po patorot.
И јас го тврдам истото. После 17 год, 2017 прва со загуба. 2018 ќе видиме ама за сега лошо е.
 
И

Име И Презиме

Гостин
И јас го тврдам истото. После 17 год, 2017 прва со загуба. 2018 ќе видиме ама за сега лошо е.
Се сложувам со вас, само имам една дилема.Како е можно да се продаваат станови (и дукани) толку брзо (во градба) на сите поактуелни локации?Добивам впечаток дека користат некоја дупка во законот за перење на пари преку тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
По овој официјален чин, би почнала правна процедура за промена на привремената и навредлива референца ФИРОМ, со нашето уставно име – но преку Генералното собрание на ООН, каде што веќе го имаме потребното мнозинство. Но за овој потфат треба солидна и поткована дипломатија, а не третокласни чиновници, без никакво претходно искуство. На помош треба да се повика и правната наука, првенствено еминентни професори по меѓународно право, кои се интернационално признати и познати – па со еден таков тим, Македонија несомнено дека ќе успее да го добие она што природно ѝ следува. Никој надвор нема да нѐ цени доколку самите не почнеме да се цениме и да постапуваме достоинствено, а не инфериорно, во меѓународните односи..
еден професор Јанев уште во 90ти има пишувано за ова. И тоа што Апасиев го пишал е еден од двата начини кои Јанев многупати ги предлага за решение. Ама како ќе полнат вести и што ќе пишуваат во предизборните програми ако овој проблем беше решен.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
еден професор Јанев уште во 90ти има пишувано за ова. И тоа што Апасиев го пишал е еден од двата начини кои Јанев многупати ги предлага за решение. Ама како ќе полнат вести и што ќе пишуваат во предизборните програми ако овој проблем беше решен.
Апасиев е нереален во делов баш што си го цитирал - Македонија НЕМА ПОТКОВАНА ДИПЛОМАТИЈА. Има куп опортунисти и случајно најдени луѓе на тие позиции што сакаат брзо да си решат свои животни егзистенцијални прашања и ги боли стапот за вчера и утре.
За жал, Грција има опасни волци во овој сектор, плус и самиот народ е таков по карактер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom