Мој став е дека дијаспората треба да биде вклучена и да прати што се случува во државава, меѓутоа на поинаков начин. Некој Петко или Џони од Австралија не може во ниту еден случај да биде поголем патриот од мене или било кој друг жител македонец во државава од проста причина што ние сите заедно на различен начин учествуваме во збиднувањата тука и одлуките кои ги носат политичките раководства директно не тангираат и засегаат, влијаат врз нашите животи.
Петко кој се иселил сосе фамилија пред 50 години и се враќа тука на секои пет, на лете и пак бега назад, не може да биде релевантен фактор и неговото мислење нема иста тежина со моето кој што живее тука цел живот. Тој нека си биде патриот, тука нема ништо спорно ако тоа го теши. Но за да се нарече вистински патриот треба да се врати тука па дури тогаш да кажува што и како. Тоа што излегол на протест таму, опнал беретка и го развиорил сонцето од Вергина не значи ама апсолутно ништо.
Ако сака да и помогне на татковината тука тогаш и тој и сите македонци таму можат тоа да го направат на поинаков начин. Еве пример нека лобираат во владата во Австралија и таа нека не признае под уставното име. Или пак нека лобира за визни олеснувања, нека ја промовира државата...да инвестира тука не барам, нема услови за такво нешто во моментов, пошто има доста искуства со иселеници кои се изгореле низ бирократските лавиринти за на крај да се откажат.
Протест не менува ништо ни тука а посебно не од Австралија. Нас овде политичарите на газот не не клаваат а камоли пак Петко од Австралија. Јас не знам кога некој протест кај нас издејствувал нешто. Политичарите кај нас се имуни на такви притисоци, немаат достоинство, ни срам па ни образ.
Грците, и тие можеби протестираат меѓутоа исто така имаат и силно лоби и најмногу на таков начин ги бранат интересите на Грција во странство. Нашите, тие таму не сакаат да се видат еден со друг, сето исподелено како ние овде, ќе ми изиграваат патриоти.