Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
не верувам...имам (два-три пати, што е малку, затоа што имаше еден тон избори)
Абе чоек, дај не се мачи... не бркај вештерки, ги нема... Исто сум и јас сјебан како што си ти и сите овде што пишуваат, што порано признаеш боље за тебе... Нема разлика што не сум гласал... ти си гласал за мене...или некој друг.[DOUBLEPOST=1517352764][/DOUBLEPOST]
Не знам дали воошто да дискутираме, кога на повеќе од пола луѓе на форумов мозокот им е испржен од пропаганда.
Thinking inside the box.
Не е проблемот пропагандата, ниту е проблемот дали е монархијата лошо или добро решение... Све може да биде злоупотребено, како што е злоупотребена и демократијата, која баш на наш грб (со услов за промена на име) се демантира самата себеси.

Проблемот не е ни демократијата, пошто таа ете си функционира за САД и за западот....

Проблемот е што сме немоќни.... Да сме моќни би можеле да го свиткаме и обликуваме и најлошиот режим со најубаво име и да си правиме што сакаме.... Ама мора да разбереме, кај што има сила, нема правдина.... за жал и во 21 век....
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не знам дали воошто да дискутираме, кога на повеќе од пола луѓе на форумов мозокот им е испржен од пропаганда.
Thinking inside the box.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
А да, демократијата не е совршен систем и е своевидна лотарија, но монархијата е уште поопасна, таа е генетска лотарија
Јас мислам дека демократијата е многу многу поопасна затоа што е бавна, надолна спирала.[DOUBLEPOST=1517352934][/DOUBLEPOST]
Проблемот не е ни демократијата, пошто таа ете си функционира за САД и за западот....
Што подразбираш под функционира?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Јас мислам дека демократијата е многу многу поопасна затоа што е бавна, надолна спирала.
Но тогаш, систем на монархија каде најсилните владеат како што ти замислуваш е некаков тип средновековно уредување, дури племенски собир повеќе би рекол.
Каков политички систем има денешна Русија?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Јас мислам дека демократијата е многу многу поопасна затоа што е бавна, надолна спирала.[DOUBLEPOST=1517352934][/DOUBLEPOST]
Што подразбираш под функционира?
Функционира за нивните интереси.... Америка и западот си прават што сакаат низ светот за сопствени интереси, веќе подолго време...[DOUBLEPOST=1517353261][/DOUBLEPOST]
Но тогаш, систем на монархија каде најсилните владеат како што ти замислуваш е некаков тип средновековно уредување, дури племенски собир повеќе би рекол.
Каков политички систем има денешна Русија?
Какво уредување има денешниот свет, ако не систем каде што најсилните(САД) владеат ?!? Ти тоа го нарекуваш демократија, ама тоа не се разликува во ништо од колонијализмот и тоа оној најсуровиот.
 
V

viktora

Гостин
Дац камен пијан прегазил девојче во К.Вода.Ќе си лежи ли?Или уште не е дојден животот во Мк.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Функционира за нивните интереси.... Америка и западот си прават што сакаат низ светот за сопствени интереси, веќе подолго време...[DOUBLEPOST=1517353261][/DOUBLEPOST]
Какво уредување има денешниот свет, ако не систем каде што најсилните(САД) владеат ?!? Ти тоа го нарекуваш демократија, ама тоа не се разликува во ништо од колонијализмот и тоа оној најсуровиот.
А постои историски период кога најсилните не владееле?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Но тогаш, систем на монархија каде најсилните владеат како што ти замислуваш е некаков тип средновековно уредување, дури племенски собир повеќе би рекол.
Каков политички систем има денешна Русија?
Секоја држава каде што секоја будала што ќе наполни 18 години има право на глас, за мене е демократија. More or less.
И Русија што ја прават диктатура, е демократија. Народот може да му текне да заокружи за Навални наместо за Путин, и Путин ќе падне.

Право на глас без претходна заслуга или придонес кон општеството е огромна грешка.
Резултатот е ерозија на истото.

Затоа го прашав Јамајка што подразбира под "функционира"
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Секоја држава каде што секоја будала што ќе наполни 18 години има право на глас, за мене е демократија. More or less.
И Русија што ја прават диктатура, е демократија. Народот може да му текне да заокружи за Навални наместо за Путин, и Путин ќе падне.

Право на глас без претходна заслуга или придонес кон општеството е огромна грешка.
Резултатот е ерозија на истото.
Значи и државите на кои им се воодушевуваш како Русија, Полска, Чешка, Унгарија (кои се демократии) немаат добро уредување.
А кој ќе ја оценува заслугата и придонесот за правото на глас? Некој бирократ, и пак ќе имаш корупција, пак ќе имаш неспособни луѓе на власт, разбери не е до системот. Ти што сакаш да се вратиш 100 години назад и право да бираат да имаат само богати земјопоседници е безвезе, и сега пак најбогатите контролираат и во суштина бираат, но да се ограничи макар и привидното право на избор и лична слобода на поединецот, каде е тука прогресот?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
А постои историски период кога најсилните не владееле?
Па тоа сакам да го кажам...
Зошто тогаш се залажуваме дека нивното владеење е исправно и најдобро...
И зошто ако тоа уредување има име на некаков си утописки метод на владеење кој не може да се нарече идеологија иако се бутка како таков кај нас, е добро само заради што го носи тоа име.... Па од еден таков утописки метод со шлаг на врвот одвај се спасивме.

Јас мислам дека ако не ние, нашите деца ќе го доживеат времето кога за демократијата ќе се збори со истиот речник како што се збори за инквизицијата, нацизмот или комунизмот...Не дека тој поим што ќе дојде на нејзино место ќе се разликува во пракса.... пак ќе биде по законот на посилниот, нема бегање од тоа.

Стратегијата на малите е како да се вклопиш во тие игри и да смениш страна во критични моменти безболно или да седиш на средина, да бидеш место за чување пари на ратните профитери или швицарска на балканите. Така би поминале не само како монархија, туку и инквизиција да се викаме... [DOUBLEPOST=1517354429][/DOUBLEPOST]
Секоја држава каде што секоја будала што ќе наполни 18 години има право на глас, за мене е демократија. More or less.
И Русија што ја прават диктатура, е демократија. Народот може да му текне да заокружи за Навални наместо за Путин, и Путин ќе падне.

Право на глас без претходна заслуга или придонес кон општеството е огромна грешка.
Резултатот е ерозија на истото.

Затоа го прашав Јамајка што подразбира под "функционира"
Си функционира бе, тие што владеат ги одредуваат правилата, имаат влијание преку медиумите пошто они ги држат и нема мрдање лево десно постојат 2 партии и се гласа за нив.... Генерално луѓето си мислат дека смениле нешто, ама во суштина све е исто.....(слично како кај нас)

Е сега пошто не сакаат владетелите на САД и западот премногу да ги вознемируваат своите граѓани, да не дојде до револуција, извори за финансирање си наоѓаат и од надвор... преку војни ово оно, експлоатирање на туѓи богатства и евтина работна сила (странцки инвестиции нели)...

Во таа смисла реков дека функционира, а не изворно како праведен начин на владеење....[DOUBLEPOST=1517354601][/DOUBLEPOST]
Дац камен пијан прегазил девојче во К.Вода.Ќе си лежи ли?Или уште не е дојден животот во Мк.
Треба да проверат дали девојчето е бањато, ако не е, нема што да лежи....[DOUBLEPOST=1517355180][/DOUBLEPOST]
Значи и државите на кои им се воодушевуваш како Русија, Полска, Чешка, Унгарија (кои се демократии) немаат добро уредување.
А кој ќе ја оценува заслугата и придонесот за правото на глас? Некој бирократ, и пак ќе имаш корупција, пак ќе имаш неспособни луѓе на власт, разбери не е до системот. Ти што сакаш да се вратиш 100 години назад и право да бираат да имаат само богати земјопоседници е безвезе, и сега пак најбогатите контролираат и во суштина бираат, но да се ограничи макар и привидното право на избор и лична слобода на поединецот, каде е тука прогресот?
Зошто луѓето воопшто би гласале.... Ај не оди подалеку види тука на форумов, колку од тие тука што пишуваме сме ги спознале работите... да не зборам за пообична раја која се убива за некој лопов таму... па еве и тргни сам од себе, колку пати те разочарале политичари.....

Све е лага, манипулација и пропаганда.... на основа на тоа гласаш. И само затоа што тоа се вика демократија и е обвиткано со слобода на поединецот, ние како држава гледаме прогрес ?!?

Каква е таа слобода кога едно семејство кај нас работи со вкупни приходи ајде нека се 400 евра, жената работи во смени на норма или шивачка или во некој маркет, мажот или во некоја фабрика или како таксист... децата не ги гледаат и се на праг да станат или проститутки или криминалци поради немаштијата, задолжени се со кредити за да купат телефони и облека на децата..... Тоа е слобода ли на поединецот..... Мене тоа ми личи на робовладетелско општество...не не бетер,.... во робовладетелското општество се грижеле за робовите, да се најадени здрави задоволни, за да работат.... овие не се грижат за ништо, луѓе од 40-50 години изгледаат како старци од 80 години.... зомбија... И слободни се дека имаат право на глас.... а гласаат за слатки зборови.... да ти ебам системот скапан и правото на глас.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Значи и државите на кои им се воодушевуваш како Русија, Полска, Чешка, Унгарија (кои се демократии) немаат добро уредување.
Русија, Полска, Чешка, Унгарија - не им се воодушевувам на системот воопшто, туку на политиките што ги водат,
заштита на своите интереси, а со тоа и на нивните народи.
А кој ќе ја оценува заслугата и придонесот за правото на глас? Некој бирократ, и пак ќе имаш корупција, пак ќе имаш неспособни луѓе на власт, разбери не е до системот.
Чоек, види вака, денес имаш луѓе со право на глас што истиот тој глас го продаваат за вреќа брашно и пакет зејтин.
Ај ќе речеш тоа само во банана држави ко нашата. Но што е со Западот? Ким кардашијан и Мадона водат кампањи, а нивните зомбија (фанови)
би гласале за секој којшто тие ќе им го предложат. Апсолутно не правам разлика помеѓу зомби што гласа за селебрити тој што гласа за вреќа брашно.
Дури тој е подобар, затоа што од некоја мака гласа, овие на Запад - едноставно се ретардирни.
Во поинаков систем базиран на право на глас по заслуга, тоа е многу потранспарентно, на пр.
одиш во војска, завршуваш обука и добиваш право на глас, потранспарентно - здравје.
Ова секако нема да биде единствениот критериум, може на пример, по 3 години работен стаж да добиеш право на глас, или пак промоција на Македонија
во област на спорт, наука, бизнис, итн, ја сваќаш поентата.
Плус, за корупцијата ќе има внатрешна контрола составена од избрани луѓе, некоруптабилни, растени во специјални средини, истренирани специјално за таа намена.

Ти што сакаш да се вратиш 100 години назад и право да бираат да имаат само богати земјопоседници е безвезе, и сега пак најбогатите контролираат и во суштина бираат, но да се ограничи макар и привидното право на избор и лична слобода на поединецот, каде е тука прогресот?
Не ти зборам за феудализам, туку едноставно за систем кој ќе ги мотивира и наградува способните, чесните и несебичните луѓе.
Систем во кој будалите нема да можат да изберат (па макар и било привидно) ретарди да ја водат државата, кога нели и така тие не бираат, туку некои други.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
И така се вртиме во круг со муабетот, сите критики се на место, но ни @VOLK2234 ни @jamajka не кажуваат која е алтернативата, кој е тој систем кој нема да ги има сите набројани аномалии?
Факт е дека поредокот воспоставен по 2.Св.војна донесе, во глобала, најмалку војни и жртви во светот, особено во Северна Америка и во Европа
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
И така се вртиме во круг со муабетот, сите критики се на место, но ни @VOLK2234 ни @jamajka не кажуваат која е алтернативата, кој е тој систем кој нема да ги има сите набројани аномалии?
Факт е дека поредокот воспоставен по 2.Св.војна донесе, во глобала, најмалку војни и жртви во светот, особено во Северна Америка и во Европа
Не бе, си праиме муабет, нема алтернатива, секоја алтернатива како поредок е само замена на име....Во глобала тие со пари владеат...Дали се вика монархија, демократија или џамахирија е неважно....

А за жртви, да во право си... Исто и колонијализмот, најмалку жртви донел во Европа :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Чоек, види вака, денес имаш луѓе со право на глас шт истиот тој глас го продаваат за вреќа брашно и пакет зејтин.
Ај ќе речеш тоа само во банана држави ко нашата. Но што е со Западот? Ким кардашијан и Мадона водат кампањи, а нивните зомбија (фанови)
би гласале за секој којшто тие ќе им го предложат. Апсолутно не правам разлика помеѓу зомби што гласа за селебрити тој што гласа за вреќа брашно.
Дури тој е подобар, затоа што од некоја мака гласа, овие на Запад - едноставно се ретардирни.
Во поинаков систем базиран на право на глас по заслуга, тоа е многу потранспарентно, на пр.
одиш во војска, завршуваш обука и добиваш право на глас, потранспарентно - здравје.
Ова секако нема да биде единствениот критериум, може на пример, по 3 години работен стаж да добиеш право на глас, или пак промоција на Македонија
во област на спорт, наука, бизнис, итн, ја сваќаш поентата.
Плус, за корупцијата ќе има внатрешна контрола составена од избрани луѓе, некоруптабилни, растени во специјални средини, истренирани специјално за таа намена.
Не ти зборам за феудализам, туку едноставно за систем кој ќе ги мотивира и наградува способните, чесните и несебичните луѓе.
Систем во кој будалите нема да можат да изберат (па макар и било привидно) ретарди да ја водат државата, кога нели и така тие не бираат, туку некои други.
Тоа што ти го сакаш е утопија која во практика не е возможна. Па дури и во таков систем, пак истите наомалии ќе се јават. Некој што поминал воена обука исто може да се продаде за вреќа брашно, исто може да има идоли како Мадона, Гага, Кејти Пери, исто може да биде хомосексуалец.
Тие „специјално растени“ луѓе, ќе ги имаат и тие истите мани како и секој политичар, башка што тешко ќе најдеш такви луѓе, со еден збор, утопија
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
И така се вртиме во круг со муабетот, сите критики се на место, но ни @VOLK2234 ни @jamajka не кажуваат која е алтернативата, кој е тој систем кој нема да ги има сите набројани аномалии?
Нема таков систем, но може да дискутираме за систем во кој тие аномалии се минимизирани и инстантно решени.
Овој денешен систем ти е брод со дупка на него во која влегува вода, а патниците гледаат и со воодушевување ракоплескаат.
Факт е дека поредокот воспоставен по 2.Св.војна донесе, во глобала, најмалку војни и жртви во светот, особено во Северна Америка и во Европа
Уште една лага на демократијата.
Нуклеарното оружје, а не поредокот е причината зошто нема војни после 2 СВ.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Нема таков систем, но може да дискутираме за систем во кој тие аномалии се минимизирани и инстантно решени.
Мислам дека Британија има дом на лордови, кои имаат право на повик на кралицата да стават вето на некое решение на владата, па дури и да ја распуштат владата. Мислам дека со војската командува кралицата, пошто е кралска војска (одтаму и моќта).

Во пракса сеуште мислам дека не дошло некогаш да се искористи ова вето за да се види дали реално функционира, а има доста контроверзи дали кралицата има моќ или нема. Е монархија со таква моќ, јас би прифатил.
Но тука таква монархија не би успеала од причина што ние не ги одредуваме сопствените судбини, ниту пак нашиот глас.... Тука ја одредува нашата судбина западната демократија и гласовите на зомбите од запад... Со еден збор, немаме моќ за поинаку...
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Но тука таква монархија не би успеала од причина што ние не ги одредуваме сопствените судбини, ниту пак нашиот глас.... Тука ја одредува нашата судбина западната демократија и гласовите на зомбите од запад...
Тука си во право, во тој поглед е утопија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom