А постои историски период кога најсилните не владееле?
Па тоа сакам да го кажам...
Зошто тогаш се залажуваме дека нивното владеење е исправно и најдобро...
И зошто ако тоа уредување има име на некаков си утописки метод на владеење кој не може да се нарече идеологија иако се бутка како таков кај нас, е добро само заради што го носи тоа име.... Па од еден таков утописки метод со шлаг на врвот одвај се спасивме.
Јас мислам дека ако не ние, нашите деца ќе го доживеат времето кога за демократијата ќе се збори со истиот речник како што се збори за инквизицијата, нацизмот или комунизмот...Не дека тој поим што ќе дојде на нејзино место ќе се разликува во пракса.... пак ќе биде по законот на посилниот, нема бегање од тоа.
Стратегијата на малите е како да се вклопиш во тие игри и да смениш страна во критични моменти безболно или да седиш на средина, да бидеш место за чување пари на ратните профитери или швицарска на балканите. Така би поминале не само како монархија, туку и инквизиција да се викаме... [DOUBLEPOST=1517354429][/DOUBLEPOST]
Секоја држава каде што секоја будала што ќе наполни 18 години има право на глас, за мене е демократија. More or less.
И Русија што ја прават диктатура, е демократија. Народот може да му текне да заокружи за Навални наместо за Путин, и Путин ќе падне.
Право на глас без претходна заслуга или придонес кон општеството е огромна грешка.
Резултатот е ерозија на истото.
Затоа го прашав Јамајка што подразбира под "функционира"
Си функционира бе, тие што владеат ги одредуваат правилата, имаат влијание преку медиумите пошто они ги држат и нема мрдање лево десно постојат 2 партии и се гласа за нив.... Генерално луѓето си мислат дека смениле нешто, ама во суштина све е исто.....(слично како кај нас)
Е сега пошто не сакаат владетелите на САД и западот премногу да ги вознемируваат своите граѓани, да не дојде до револуција, извори за финансирање си наоѓаат и од надвор... преку војни ово оно, експлоатирање на туѓи богатства и евтина работна сила (странцки инвестиции нели)...
Во таа смисла реков дека функционира, а не изворно како праведен начин на владеење....[DOUBLEPOST=1517354601][/DOUBLEPOST]
Дац камен пијан прегазил девојче во К.Вода.Ќе си лежи ли?Или уште не е дојден животот во Мк.
Треба да проверат дали девојчето е бањато, ако не е, нема што да лежи....[DOUBLEPOST=1517355180][/DOUBLEPOST]
Значи и државите на кои им се воодушевуваш како Русија, Полска, Чешка, Унгарија (кои се демократии) немаат добро уредување.
А кој ќе ја оценува заслугата и придонесот за правото на глас? Некој бирократ, и пак ќе имаш корупција, пак ќе имаш неспособни луѓе на власт, разбери не е до системот. Ти што сакаш да се вратиш 100 години назад и право да бираат да имаат само богати земјопоседници е безвезе, и сега пак најбогатите контролираат и во суштина бираат, но да се ограничи макар и привидното право на избор и лична слобода на поединецот, каде е тука прогресот?
Зошто луѓето воопшто би гласале.... Ај не оди подалеку види тука на форумов, колку од тие тука што пишуваме сме ги спознале работите... да не зборам за пообична раја која се убива за некој лопов таму... па еве и тргни сам од себе, колку пати те разочарале политичари.....
Све е лага, манипулација и пропаганда.... на основа на тоа гласаш. И само затоа што тоа се вика демократија и е обвиткано со слобода на поединецот, ние како држава гледаме прогрес ?!?
Каква е таа слобода кога едно семејство кај нас работи со вкупни приходи ајде нека се 400 евра, жената работи во смени на норма или шивачка или во некој маркет, мажот или во некоја фабрика или како таксист... децата не ги гледаат и се на праг да станат или проститутки или криминалци поради немаштијата, задолжени се со кредити за да купат телефони и облека на децата..... Тоа е слобода ли на поединецот..... Мене тоа ми личи на робовладетелско општество...не не бетер,.... во робовладетелското општество се грижеле за робовите, да се најадени здрави задоволни, за да работат.... овие не се грижат за ништо, луѓе од 40-50 години изгледаат како старци од 80 години.... зомбија... И слободни се дека имаат право на глас.... а гласаат за слатки зборови.... да ти ебам системот скапан и правото на глас.