Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Дифиниција од википедија, да не се мачам да ти пишувам

.
Те прашувам пошто гледам дека зборот статус кво го ставаш во несоодветен контест па не бев сигурен дали ти е јасен тој израз.
Сега гледам дека немаш поим шо означува „статус кво“
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.861
Поени од реакции
17.100
Платформата на ДУИ во документ предложен од Владата во 2015


Платформата на ДУИ за албанските прашања не е новост за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, открива НОВАТВ користејќи се со официјалните документи објавени на страната на Владата. Не само што не е новост, туку од позиција на премиер Груевски во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта. Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ.

Сите услови кои лидерот на ДУИ,Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.

Од она што може да утврди од текстот во документот, не се работи за федерализација, кантонизација, поделба на државата, туку за услови поставени во Охридскиот рамковен договор, а потоа и во приоритетните реформи на Договорот од Пржино.

Она што го бара Ахмети и го претставува пред гласачите дека е црвената линија за правата на Албанците, како и патриотското „НЕ“ на Никола Груевски, всушност веќе постои во официјален документ изготвен и усвоен од владините комисии. Во продолжение НОВАТВ ви пренесува извадоци од владиниот документ кој е достапен на веб страната на владата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. „Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија“. (отворете секција документи за преземање, втор квадрат долу десно)

ПРЕПОРАКИ ОД АНАЛИЗАТА: ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Во извештајот објавен на интернет сајтот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, на 273 страници направена е детална анализа, донесени се заклучоци и дадени се препораки за целосна имплементација на Рамковниот договор.

При изготвувањето на документот насловен како „Преглед на Охридскиот договор за социјалната кохезија“ учествувале шест владини работни групи, под мониторинг на ОБСЕ и Европскиот институт за мир на Питер Фејт. А, потоа извештаите биле презентирани и дискутирани со невладините организации, академски институции и политички партии во текот на октомври и ноември 2015 година.

Целосниот извештај, пишува во документот, ќе биде доставен на Советот на министри за разгледување и одобрување.

Темите за кои се донесени заклучоци и насоки се: децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20% во населението.

Тоа значи дека употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година. Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува:

Препораки:

Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и Уставот и признавање на јазикот како важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на идентификацијата со државата и промоција на разбирањето меѓу заедниците.

Усвојување на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците, а со тоа да се појасни значењето на Амандманот V до член 7 од Уставот.

Да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор.

Платформата од Тирана копија на македонскиот владин документ

Во документот објавен на сајтот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор една од главните препораки е основање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова ново министерство исто тоа кое беше наведено во Платформата на албанскиот партии во Тирана.

Во владиниот извештај, се препорачува Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и Агенцијата за остварување на правата на заедниците да се соединат во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со цел правична застапеност и проактивно вклучување на сите етнички заедници.

Оставена е и можност за алтернативно решение, како на пример преку создавање на посебен сектор за спроведување на Охридскиот договор во рамките на Државниот завод за статистика, со посебни одделенија за образование, јазици, правична застапеност, децентрализацијата, недискриминацијата и за помалите етнички заедници.

Премиерот Груевски преговара за албанската платформа, граѓанинот Груевски е патриот

Пред повеќе од една година владата составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ побарала да се спроведе анализа на Рамковниот договор. На консултациите меѓу Владата и Европскиот институт за Мир кои тогаш се одвиваа во Клубот на пратеници, меѓу другото се разговараше и за употребата на албанскиот јазик. Ако тогаш за Груевски од позиција на влада било прифатливо да разговара за двојазичноста, сега кога треба да одвиваат консултациите за влада откако тој не успеа да ја состави, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат изјави кои не само што не го споменуваат овој процес, туку тврдат дека за нив ова прашање никогаш и не било отворено .

Во неколку наврати откако Груевски како мандатар не успеа да се договори со Ахмети и да формира влада потенцираше дека платформата со која настапија албанските партии во преговорите за влада, за неговата партија е неприфатлива. Прашањето е, дали ВМРО-ДПМНЕ има проблем со платформата на ДУИ која ја прифати уште пред повеќе од една година, или пак ставот на ДУИ Специјалното јавно обвинителство да продолжи да функционира и да ги процесира случаите на кои работи.

Што рече ВМРО-ДПМНЕ за платформата деновиве

Во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека „платформата на ДУИ е обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор“.

„Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор. Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајќи во предвид дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на пандорината кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека постапката за репреговарање на охридскиот рамковен договор, преку форма наречена Платформа може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи, односно свои барања за репреговарање на договорот од Охрид.

Зошто не се договорија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Минатиот викенд помина во знак на преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а македонската јавност беше во исчекување на одговори дали мандаторот Груевски ќе успее да состави влада во дадените тензични околности, особено за ДУИ коишто се соочуваа со бунт во своите редови насочен против нова коалиција со Груевски.

Додека траеја средбите имаше десетици новинарски екипи пред седиштето на власта, но ниту една од провладините медиуми. Но и далеку од превирањата тие објавуваа информации за текот на преговорите. На телевизијата „Сител“ се појави и вест дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила платформата на ДУИ и дека се чека вест од штабот на поранешните коалиционери. Позитивна вест не дојде, но провладините медиуми потоа тврдеа дека тоа била грешна информација.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговиот портпарол Бујар Османи, во поединечни интервју за телевизијата Телма (Османи) и телевизијата Арт (Ахмети) изјавија дека не платформата, туку СЈО била пречка за преговорите.

http://novatv.mk/platoformata-na-dui-vo-dokument-predlozhen-od-vladata-vo-2015/
не е пљатформата само двојазичност... има таму ослободување на сите албанци од затвор и куп други работи....
може ќе бараат и како што има во сатирата на Домановиќ од пред 115 години , сваки пунолетни србин има право на пуну пензију, само место србин албанец да стои :icon_mrgr:
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.188
Поени од реакции
3.434
Те прашувам пошто гледам дека зборот статус кво го ставаш во несоодветен контест па не бев сигурен дали ти е јасен тој израз.
Сега гледам дека немаш поим шо означува „статус кво“
Да разбереше ќе сватеше дека ситуацијата си е како што беше и пред избори!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Да разбереше ќе сватеше дека ситуацијата си е како што беше и пред избори!
не е
пред избор вмро имаше влада и премиер и коалиција со дуи со која имаше мнозинство во собрание
сега сдсм има повеќе пратеници во собрание од порано и можност да со коалиција направи влада и има свој премиер.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Ако се прифати платформата на албанците,тоа ќе биди крај за Македонија.После тоа ќе е касно ама , работа во администрација,колку е само прекрасна,кому му е гајле шо ќе бидит со Маќедонија ,нели!?:cautious:
 
V

viktora

Гостин
На страната на ВМРО ДПМНЕ ја има програмата и определбата на партијата и во неа стои дека во план им е да ја интегрираат Македонија во НАТО и ЕУ.
Можеби ради тие определби во програмата и ги изгубија изборита?
Точно,тоа им е приоритет.Но не под било кои услови.До сега милјарда пати е повторено.ВМРО веднаш после неуспешните преговори за состав на влада јасно и гласно кажа дека нема повеќе да се прифаќаат услови доколку не е се применети барем во една земја членка на ЕУ.
Пример Естонија каде 40℅ се руси а ниту малцинство им е признаено а да не збориме за бадентер или рамковни страња.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Точно,тоа им е приоритет.Но не под било кои услови.До сега милјарда пати е повторено.ВМРО веднаш после неуспешните преговори за состав на влада јасно и гласно кажа дека нема повеќе да се прифаќаат услови доколку не е се применети барем во една земја членка на ЕУ.
Пример Естонија каде 40℅ се руси а ниту малцинство им е признаено а да не збориме за бадентер или рамковни страња.
то го нема во програмата
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.188
Поени од реакции
3.434
не е
пред избор вмро имаше влада и премиер и коалиција со дуи со која имаше мнозинство во собрание
сега сдсм има повеќе пратеници во собрание од порано и можност да со коалиција направи влада и има свој премиер.
Изгледа Оли, Фросето, Кирацата и оние замениците беа статисти у владата скоро година дена!
 
S

silmarillion

Гостин
Тачи ипак пишман аџија, другиве помали се групираат у една, а СДС и ДПМНЕ се такмичат кој повеќе ќе им ги прости криминалите на ДУИ кои во спротивно ќе ги искористат против нив ако не напраат коалиција. Патриотизам на многу висок левел :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Изгледа Оли, Фросето, Кирацата и оние замениците беа статисти у владата скоро година дена!
не беа статисти, тие беа оние кои малце подотворија вратите на до тогаш мрачните и непознати места каде се одигруваа некои од најтрагичните моменти во Македонската историја уште од смртта на Александар
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.188
Поени од реакции
3.434
не беа статисти, тие беа оние кои малце подотворија вратите на до тогаш мрачните и непознати места каде се одигруваа некои од најтрагичните моменти во Македонската историја уште од смртта на Александар
:toe:
не е
пред избор вмро имаше влада и премиер и коалиција со дуи со која имаше мнозинство во собрание
сега сдсм има повеќе пратеници во собрание од порано и можност да со коалиција направи влада и има свој премиер.
Имаше влада во 2,5 години политичка криза, кој не беше ефикасна!
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
абе луѓе овој зајко смешен е бе
кај он премиер ќе биде сите ќе ни се смејат
ич не е представителен, а и што смешно зборува има во кома од смеа да паѓаат овие од еу
дај не се зафркавајте одберите салам човек за премиер
Ако Заев е смешен, тогаш што да се каже за Паторот и Хорхе?
Колку векови ќе се потребни за да ја санираме бруката шо ја изедовме од дипломатски аспект?
Цел свет се крсти и се чуди како е возможно во 21 век сеуште да има остатоци од диктаторски систем со поминат рок... :facepalm:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
абе луѓе овој зајко смешен е бе
кај он премиер ќе биде сите ќе ни се смејат
ич не е представителен, а и што смешно зборува има во кома од смеа да паѓаат овие од еу
дај не се зафркавајте одберите салам човек за премиер
А Иванов што убаво зборува леле леле, па кога ќе почне англиски ау, не знаеш дали е Македонец или Англичанец. Грујо да не почнуваме...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
:toe:

Имаше влада во 2,5 години политичка криза, кој не беше ефикасна!
значи не е статус кво, многу работи се променети.
Статус кво значи непроменета состојба
А состојбата е и те како променета и има изгледи да се промени драстично и Македонија повторно да биде слободна и среќна земја
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom