Види, јас ти ја разбирам поентата. Ама, за да знаеш да напуштиш организација (било каква, а не па политичка) во кривина, и од тоа да излезеш без повреди бара вештина. Сега, не знам како го проценуваш капацитетот на луѓето за кои зборуваме, ама јас не ја гледам таа вештина кај нив.
Бивање лојални е единствената карактеристика што ги прави корисни. Ако ја изгубат, губат се што стекнале. И го знаат тоа.
ВМРО-ДПМНЕ беше Никола, Мартин, Сашо и екипата. Без нив, партијата има многу многу помал капацитет од СДСМ. А немам високо мислење за капацитетот на СДСМ. Ако ме прашуваш мене, јас мислам дека Груевски нема да се меша во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ. За него веќе нема корист од бавење со политика. Поисплатливо му е да остави тие на кои им пречеше внатре во партија да го покажат својот раскошен талент.
Партијата ја чекаат тешки денови, сем ако Мицковски не е некој политички гениј кој досега не се покажал, во што лично не верувам. Или се случи некој гео-политички ураган, што е исто многу малце веројатно.