Не зошто мала врата, на главна капија влегува.
Еве земи сеа шо е дешава, прво ги дискредитираа (основано, шо дробеле тоа ќе сркаат) до степен да не можат ниту еден денар борчлија да останат во бакалница, друга организирана структура на територија на МКД не постои шо може да поведе маса народ.
Да се разбериме, ниту на момент ДПМНЕ не било ВМРО, сега се открива колку подметнати ликови од непријателски служби има.
И сеа шу праиме?
Договорот со бугаристанците помина поради тоа шо баш патриотите се обидуваа на мала врата да го протнат, исто со законот за албанизација, прифатија се и во ниту еден момент не се дистанцираа за време на преговорите за формирање Влада, значи лицемерие невидено покажаа, и сеа јуриш народе да ја браниме мајка Македонија, со кој кредибилитет бе?
Имаа апсолутна власт десет години, шо покажаа, шо оставија обичен граѓанин да не е партиски војник да застане позади нив сеа?
Пола раководства им се со бугаристански пасоши, ако не чешки тогаш, ако не е исто тогаш слично е, и?
Јас коа пишав дека де факто функционираме како федерација и тогаш сето тоа беше увертира за редефинирање на земјата одамна беше, еве сеа де јуре, само да стигнат до дво третинско мнозинство.
Сега големи шанси има да се одложи законот за албанизација на неодредено, пошто името е приоритет, да не биде ептен многу.
Шаблонски е сево ова изведено, стимулираат корумпирана власт, ако им фати кривина лесно канализраат основан гнев врз нив и чао пријатно, да беше чесен патриот немаше ни да стигне дотаму, напротив, технократ на чело на патриотска партија, чуму?!
Еве сега и со црквата, дефинитивно е целта изолација на Србија, во одреден момент тоа да прерасне во отворено непријателтво со други народи од иста етничка група, пример ние, затоа шо ако се тоа отворено НАТО или Албанците да речиме создава кохезија, вака е сосема поинаку.
Истот се нарпави на Блиски исток, во кампот Бука во Ирак беа комлотирани теократска партија, остатоци на Баахт партијата на Садам со фанатици терористи, сите сунити се разбира, ИСИС е нивно чедо, организациски, прагматични квалитети на Баахт со фанатизмот и жестината на брадосаните. Цел Блиски Исток во пламен е.
Секундарна цел Сирија, за на крај примарна цел да биде Иран, свесни дека ако е немуслимански потеклото на нападот, обединува покрај се, вака секташка војна, суни против шија.
Еве кај нас и црквата стигна на дневен ред, меѓу другото, голема грешка има СПЦ и Србите општо тука,
И сеа за каков референдум правиме муабет, која хипотетичка ситуација, пука се по сите шавови?
СДСМ и Албански фактор бојкотира, Албански фактор не се само политичко милитантните претставници на Алабанците во МК, тоа е Албанија со сите свои капацитети, Косово, Албанска дијаспора и над се АЛбанска мафија, со полна дипломатско разузнавачка логистика. Ниту БЕСА ниту Алијанса за Албанците нема можност да оди против бојкот, значи излезноста таму минимална, СДСМ ги има институциите а тоа знаеш шо значи за пластелин народ, капаче на сево ова ДПМНЕ се дискредитирани до коска за сите свои гервови према овој народ и со ова сега шо се дешава и према државата.
Кој го легитимираше Талат Џафери?
Ова е Балканфилм продукција, и тоа нискубуџетен филм, нема отстапка никаде, координирано делуваат, реков, распродадени сме одамна, сеа се испорачува, само нешто им го измести планот во меѓувреме.