Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
http://javendolg.mk/

Ова е најголемиот пораз за Дпмне..не хашките случаеви и лажниот патриотизам...од толку глупости што ги изначитав за темата никој не ја спомна Економската ситуација и од толку овци на режимот што ги бранат само Кано од Австралија излезе со ставови во поглед на Економијата и Стопанството во оваа вукојебина.

Зошто не го спомнувате данокот на добивка на 10% од кладилниците каде е чиста кражба?..Зошто не се спомнати милионите евра безврска фрлени на барок фасади,споменици без народот да има финансиска корист што можи да му служи во иднина,зошто ги спомнувате зголемувањето на пензиите а не ги спомнувате никаквите права на работникот во Македонија..текстилците уште ги плаќаат по 7000 денари жените кои ги третираат како робој за 12 сати..зошто не ги спомнувате нелегалните диви таксисти кои не плаќаат никакви придонеси кон државата а другите таксисти имаат над 40.000 денари давачки на годишно ниво?..зошто не се спомнува законот за повратен данок каде не функционира за правни личности бидејќи Мијалков и Камчев не сакаат конкуренција во никоја сфера?..зошто не се спомнуваат и многу други криминали каде Власта ги направи и никој не одговара за тоа?..па и безрезервно добиа подршка?

Вие сите до еден од Брутус,Дел Бој,битушанец,Фреди и останатите што ги подржувате криминалците сте луѓе без чест и достоинство..вие немате доблест за да продавате мозок тука...и да имате корист од нив молчете барем не се резилете луѓето се смеат..

Јас не велам дека Заев е подобар,и тие се исти како нив... ама за овие лакрдии мора некој да сноси одговорност..страмота е што 400 и кусуро илјади овци му ја дадоа подршката на криминалната банда која ја доведе државата на вакво ниво..http://javendolg.mk/..пред фактите и боговите молчат..100 и кусуро милиони камата на годишно ниво..нека ни кисни
Зошто да ги спомнувам кога ти ги спомнуваш секој ден? Прави си до некаде, од економски гигант во 2006 година, држава со ред и закон, земја во која слободно луѓето се коцкаа, земја во која не се градеше ништо за случајно да не се потрошат парите без врска, земја со сјајни работнички права, пензионери со одлични пензии (некогаш имаше 11 пензии ама ок), текстилци кои зимаа по 20000 плата и работеа 4 часа на ден (добро додуше сите фабрики беа затворени ама тие што работеа работеа во фантастични услови), земја во која не постоеја диви таксисти а за нив дознавме откако се воведоа лиценци иначе претходно сите беа питоми, ДДВ не постоеше и тоа е вистина, криминали немаше и тоа е тоа. Јас стварно не знам како успеа СДСМ кој ја создаде таа одлична држава до 2006, во 2016 да добие помалку гласови од ВМРО.
P.S. се радувам ако те засмејувам, мојата цел и целта на сите овде што сме на форумов кои сме гласале за ВМРО е да ве засмејуваме вас слободумните гласачи на СДС. Па многу сте тмурни брат, омраза, гнев, мора малце и да се насмеете.[DOUBLEPOST=1481636099][/DOUBLEPOST]
Ќе ми одговориш?
Не го оправдувам. Ај сега ти.
 
S

silmarillion

Гостин
Во право си. Вистински патриот на таква уцена од ДУИ за хашките случаи вика НЕ дава оставка и остава СДСМ да ја води државата. Ако гледаме теоретски, во Македонија било кој што активно влага во политика и да направи нова партија не може да биде патриот затоа што мора да коалицира со албанска партија во која имаш УЧКи и луѓе со доста извртени ставови по однос на историја, нација, држава и тн. Единствено што останува е да се одметнеш во планина, се друго е фејк.
Или можеш да не паламудиш патриотизам на митинзи пред избори за да ги добиеш тие гласови а после избори да им го учукаш на цело Карбинци (прејако ми е името на општината затоа ми е коњак), и да бидеш ОК.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Или можеш да не паламудиш патриотизам на митинзи пред избори за да ги добиеш тие гласови а после избори да им го учукаш на цело Карбинци (прејако ми е името на општината затоа ми е коњак), и да бидеш ОК.
Сепак оставаат впечаток дека повеќе ги бранат македонските национални интереси. СДС не остава таков впечаток ни меѓу нивното членство. Инаку Ранковце е подобро име, и мислам дека таму тепаше СДС.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не ги признава изборите човече :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Да беше обратно, Грујо ќе ги признаеше? Мислам ако беше разликата 2-3 пратеници за Сдсм.
Бидејќи сега еве како што видовме и вчера, проблем се тие стотици гласови кои биле местени.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.076
Да беше обратно, Грујо ќе ги признаеше? Мислам ако беше разликата 2-3 пратеници за Сдсм.
Бидејќи сега еве како што видовме и вчера, проблем се тие стотици гласови кои биле местени.
Местени се во некоја ваша пожолтена жица во главата. Целокупната јавност од ДИК до амбасадори до експерти излегува дека се регуларни , само за вас се местени. Уствари јасно е , за вас секојпат ќе се местени додека не победите.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Да беше обратно, Грујо ќе ги признаеше? Мислам ако беше разликата 2-3 пратеници за Сдсм.
Бидејќи сега еве како што видовме и вчера, проблем се тие стотици гласови кои биле местени.
100 glasovi mesteni?
Pa sepak SDSM napreduva. Na minatite bea sporni 150000, sega 100 glasa, narednite ke gi priznaat.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom