Пополека , чекор по чекор се остварува уште една точка од Тиранската декларација-геноцидот на албанците....после некој енка трола дека декларацијата е фарса..
Во Зајас погребани посмртни останки на албански жртви од 1913 до Втората светска војна
18 НОЕМВРИ
Во Зајас, Кичевско повторно се закопани останките од масакрот врз Албанците од 1913 година до периодот по Втората светска војна, најдени на различни локации во овој крај. Погребот се случи во меморијалниот центар “Албанска мајка”. Според судска медицина, жртвите биле масакрирани и запалени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, уште еднаш побара парламентот да усвои резолуција за признавање на овој геноцид.
“Овој апел треба да тропне и кај нашите сограѓани Македонци, бидејќи и тие имаат убиени и масакрирани, но нека се осмелат нека ги кажат работите отворено и тие нека се солидаризираат со нас, да го осудиме геноцидот извршен врз Албанците, но и врз нив. Нашата рака ќе биде пружена секогаш и сите ќе се солидаризираме се до изготвување еден документ во кој се осудува геноцидот извршен врз нас.” – изјави Али Ахмети, ДУИ
Министерот на Албанија за дијаспора, Пандели Мајко, рече дека нивниот погреб денеска значи и враќање на мирот за овие лица.
“Ние денес сме тука за да им го вратиме мирот и нашите браќа и сестри во Собранието на Македонија да го дискутираат долгоочекуваниот предлог-закон за албанскиот јазик.” – рече Пандели Мајко, министер за дијаспора
Дел од посмртните останки беа пронајдени пред неколку месеци во бунар, а остатокот во една пештера на кичевските планини.