Во членот 90 од уставот пишува дека претседателот дава мандат најдоцна 10 дена по изборите, а во следните 20 треба да се предложи влада. Не пишува што ако не се состави влада. Значи, нема уставна можност за давање на мандат по втор, трет пат... Поминат е рокот од 10+20 дена за состав на влада.
Законот е таков како што е (уставот). Глуп(ав), неглуп(ав)... мора да го почитуваме. Додека не се промени.
Еве го член 90, по n-ти пат:
Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.