"Седумдесет отсто од добиените прислушувани материјали веќе се преслушани и изрaботени се над 1.000 транскрипти, каде врз основа на разговорите има индиции дека станува збор за кривично дело, стои во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), објавен денеска. Тимовите во СЈО анализираат и околу 80.000 телефонски разговори најдени кај скопјанецот Захир Бекири, познат како „Чауш“, но и уште 15.000 кои беа откриени при претрес во предистражна постапка во која на распит беше повикан бизнисменот Љупчо Палевски.
Обвинителите од СЈО во моментот работат на 99 предистражни постапки кои потекнуваат од нелегално прислушуваните разговори, а отворени се и 93 предмети по пријави од други лица или институции."
Луѓе, викајте МИГРАНТИИИИ, МИГРАНТИИИИ!!!