Mакедонија опстојува изминатите 26 години независна држава благодарение на страдањата, маките и жртвата што ја понесоа стотици илјади безимени луѓе;
1. Луѓето со брчки на лицето, со рапави раце, тие кои работеа и работат на нивите одгледуваа пиперки, домати, бостан, тутун,….. а чиј труд е потценет-се експлоатирани;
2. Луѓето кои изгубија работа а да преживеат работеа како аргати се и сешто. Тие кои работеа без да им биде платено здравствено и пензиско осигурување-беа надничари/аргати.
3. Луѓето кои се лекуваа во болници без лекарства и други медицински материјали;
4. Луѓето кои се хранеа со замрзнати копани со сомнителен квалитет и слична друга храна од увоз а кои заработуваа големи пари министри и бизнисмени.
5. Луѓето кои загинаа или инвалиди останаа во војната во 2001 година иако уште не знаат за што се бореа а и ние што не сме учествувале, истотака не знаеме, или не ние доволно јасно.
6. Луѓето кои дишат загаден воздух во скоро сите градови;
7. Да, и луѓето кои за да можат да работата во некоја држава на ЕУ, мораа да земат бугарски пасош за да можат да обезбедат егзистенција за својата фамилија.
Најмалку се заслужни како фела/категорија на граѓани; политичарите, бизнисмените, новинарите, универзитетските професори, оние кои се сметаат за експерти, аналитичари….. Во овие фели секако има заслужни но тие се бројат на прсти и се постојано исмејувани и маргинализирани.
Ако бараме одговорност за состојбата во која се наоѓа денеска државата треба да ја бараме токму во овие категории на граѓани политичарите, бизнисмените, новинарите, универзитетските професори, оние кои се сметаат за експерти, аналитичари….., кои сочинуваат од 10 до 15% од вкупното население.
Митко Јованов