Со Сдсм. Потоа ги амнестираа. Ништо не го пере тоа предавство.
Јохан е убиец, мило ми е што признаваш.
1. СДС ги симна од планина и ги стави во собрание. СДС тие
убијци ги направи Министри, СДС ги призна како легитимни.
Во 2002 им се даде закон за амнестија со кој, цитирам:
Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување казна затвор сите лица за кои постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година
И сега, ко читаш законот, кажи ми што амнестирало ВМРО или како можело да го толкува ова погоре? Мада мене не ме чуди ти уште да си убеден дека нема да има двојазичност, или дека ВМРО дала двојазичност. Или да знаеш дека не е така, ама мораш да релативизираш.
2. Јохан е бранител на држава.
Љуботен како село било расадник на терористи и секој ден од тоа село се вршеа напади на македонската полиција и армија. Поставените мини во близина на Љуботен од кои загинаа 8 војници и 9 беа ранети се дело на Џавит Асани и
жители на Љуботен. Полициските движења биле издавани од жителите на селото. Од 70 приведени „жители“ за 27 се утврдило дека учествувале во напад на АРМ. На се ова, добро се познати игрите на УЧК и вештините за водење медиумска борба, како и нивниот талент да се претставуваат ко жртви (Косово 1999, кога ги преоблекуваа мртвите војници во цивилни алишта на кои нема дупка од метак). Јохан вршел должност и е херој и бранител и со сигурност не убивал невини цивили.
Јохан го претставувате ко убица а симпатичен ви е Претседателот на собрание кој дезертираше од АРМ истиот ден на масакрот во Вејце, кој се случи за време на негово дежурство!