ВМРО-ДПМНЕ, во чиј мандат било овозможено ваквото земање плата за неработење и воопшто - за недоаѓање на работа, сега обвинува дека „зад превезот и измислиците дека има злоупотреби, СДСМ сака да остави на улица стотина вработени, најголем дел припадници на помалите етнички заедници, што е директна дискриминација на турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница“.
Бидејќи Владата не соопшти ни полова, ни старосна, ни етничка структура на оние во работно/неработната квота, ВМРО-ДПМНЕ практично призна дека знае оти зад оваа бројка се крие алиментирање на потребите на нејзините помали коалициски партнери.