V
viktora
Гостин
Од каде ги имаш извадено тие 5000е на сто вработени доколу газдата им дал по 100€ месечно на рака?Тоа е криминал од огромни размери, секој месец околу 100 милиони евра нелегални пари, непријавени се исплаќале на рака на вработените или на годишно ниво над милијарда евра.
За да се има толку непријавени пари, фирмите и газдите треба да имаат нелегални и незаконски бизниси вредни десетици и стотици милијарди евра.
Прашањето е зошто газдите ризикуваа обвиненија и казни за такви незаконитости?
Што заштедуваа тие ако место 300 евра легално на сметка - уплаќаа 200 а останатото во кеш.
На 100 вработени со тоа би заштедил месечно 5000 евра на неплатени давачки кон државата. За 5000 евра месечно на 100 вработени, стотици иљади денешни вработени во иднина ќе земаат помали пензии. За сопствен ќер од 60.000 евра годишно, се упропастувале животи на стотина вработени. И тоа беше пракса во голем број на фирми во Македонија, а државата ништо не превзела во врска со тоа дури и не наплаќала стотици милиони евра даноци од фирми кои незаконски ги штитела преку државни институции и свои службеници.
Добра ти е математикава.Сега направи пресек на годишно ниво во времето на СДС кога воопшто не ги пријавуваа вработените.Значи ни на 200€ што денес се уплаќаат тогаш не плаќале ништо.0 данок.Плус здравствено и пензиско осигурување оделе во џебот на газдата.Коку пари им останале чисти на газдите во времето на СДС што ни данок ни придонеси не плаќаа.