Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Путин ако треба и со голи раце ќе ги брани уште они му останаа.Америте нема што да бараат таму.
Има интересна работа. САД и неговите вазали (НАТО и ЕУ) сакаат да ни променат име, устав, знаме... и во голема мера го сторија тоа, а уште и ќе не „работат“. И тие ни се „нашите пријатели“. Од друга страна има држави (Русија, Кина...) кои не признале одамна под уставно име, воопшто не не тераат да ги правиме самоуништувањата на кои не „тераат“ „нашите пријатели“. А се плашиме, и не плашат со „лошите“ Руси. Нешто изгледа е обратно поставено. Какви се тоа пријатели кои те деградираат, омаловажуваат, уништуваат како идентитет...?
 
L

Löwe

Гостин
Тешко Прилеп да го изгубат..премногу села има во Прилеп, а таму вмровската пропаганда е најсилна
Голем дел од тие села спаѓаат под Кривогаштани и Долнени и си имаат свои кандидати. На ниво на само град изгуби ВМРО на парламентарните. Тие спомнати села му донесоја победа на парламентарни со 400 500 гласа разлика. Ама сега огромен број на села не влегуваат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
...Вчерa се сoбирaa вo Лептoкaријa...
Во Грција организирале????!!!!!???[DOUBLEPOST=1503494577][/DOUBLEPOST]
У Кaрпoш пa ке тепa Стевче.Мнoгу лингури oд Сдсм штo се oд Кaрпoш имaaт зaеднички бизниси сo негo.Нoн стoп гo збoрaт a пoсле гo глaсaaт.
Мoжеби дa не се дaдеше пoлитичкa кoнoтaцијa и требa штo пoвеќе пoтписи дa се сoберaт,дa утре и дa oдлучи некoј тaквo нештo дa види штo гo чекa пoсле тoa
Настрана задкулисните работи (што секаде ги има), Стевчо на Карпош му е најдобар избор.[DOUBLEPOST=1503494626][/DOUBLEPOST]
Да. И перонска карта да наплаќа штом дозволил или допуштил секој да влегува во македонското Собрание како на автобуска станица.
Плус за багаж и станична услуга.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Белград одработува за Атина



Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?
Сите српски дипломати во неделата го напуштија Скопје, а официјален Белград во понеделникот даде и официјално објасување дека причина за таквиот гест биле „засилени разузнавачки мерки против српските интереси" (Дачиќ)!?

Ваквите случувања не се ретка појава во дипломатијата - земја домаќин да протера или одредена земја да повлече свои дипломати од разни причини. Своевиден преседан без сомнеж е неодамнешната одлука на рускиот претседател Владимир Путин кој како одговор на американското протерување на 35 руски дипломати од САД, нареди бројот на американски дипломати во Русија да се изедначи со бројот на руски дипломати во САД. Практично, Путин им порача на Американците до први септември да повлечат дури 755 дипломати од нивната амбасада во Москва и конзулатите во повеке руски градови.

Српското образложение за повлекувањето на дипломатите од Скопје е најблаго речено смешно, дури и детињасто, или како што го нарече поранешниот министер за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ „дилетантско“, со што целосно се согласувам. А, еве зошто: Ноторна реалност е дека секоја држава има разузнавачки активности во држави особено што се од нејзин посебен интерес. ЦИА брутално прислушуваше и шпиунираше во Германија (дури и приватните телефони на канцелкарката Ангела Меркел), германските служби прислушувале над 600 конгресмени, сенатори и високи службеници во Белата куќа и можеме да редиме уште многу, многу вакви примери.

Но да се вратиме на најновата авантура на српската дипломатија. Да го прашаме министерот Дачиќ: Дали Србија не се занимава со разузнавачки активности во Македонија? Присуството на нивниот агент во Собранието на 27 април е само капка во море во однос што навистина е реалност што прават српските тајни служби во Македонија. Колку само активни и „заспани" т.е. во мирување разузнавачи има Србија во државните структури и пошироко во Македонија? Кога се раздружувавме во деведесетите години од минатиот век и кога ЈНА ја напушташе Македонија се прошири веста дека на српските офицери, женети за Македонки, им давале калашникови и муниција, за да им се најдат при рака кога ќе се вратат (ако се вратат) назад!? Не знам дали навистина било така, но гласини секако имаше.

Помалку зачудува кратката меморија на српскиот министер Дачиќ, кој беше верен соработник и портпарол на Слободан Милошевиќ. Дачиќ заборава дека во Србија ќе завладееше глад ако Македонија не го кршеше целосното ембарго во девесетите против режимот на Милошевиќ шверцувајки гориво, жито и други потребштини. Но, тоа Македонија го правеше за да му помогне на српскиот народ, а секако не на режимот на Милошевиќ и Дачиќ. Нека ги праша Дачиќ рударите од Бор кај ќе им беше крајот доколку нивното злато и бакар не се шверцуваа преку заедничката граница и се продаваа со ознака „Мade in Мacedonia". Македонија од цивилизациски причини дозволи Србија да ја чествува 100 годишнината од Кумановската битка и победата на Кајмакчалан, но се дистанцираа од нашето барање да го прославиме 2 Август во древниот манастир Св. Прохор Пчињски кој, на наше жалење, Лазар Колишевски им го подари на Србите во педесетите години од минатиот век.

Србите се познати како вешти византијци и очигледно е дека сегашната државна констелација на власт во Белград во тој манир ги жртвува добрите односи со Македонија, во корист на Грција во духот на „традиционалното српско-грчко пријателство" и како што често милуваат да изјават „добрососедските односи меѓу Србија и Грција" (a какo тоа го замислуваат без нас, без Македонија, не ми е јасно). Во Белград се занесуваат небаре Грција е факторот за нивен прием во ЕУ, и небаре тоа ќе се случи утре!? Каква заблуда!!!

Да потсетиме и дека српскиот претседател Вучиќ побрза на средба со Борисов и Ципрас во Солун за да дискутира, помеѓу останатото и за Македонија, што секако не е пријателски акт кон нас!

Но, од каде помислата дека Белград одработува за Атина? Многу едноставно: грчкиот министер за надворешни работи Николаос Коциас потврди дека на крајот од август доаѓа во Скопје на разговори за името на нашата земја. Грчката страна очигледно е многу нервозна бидејќи не може да им помине нивниот концепт „ерга омнес", т.е едно име за целокупна употреба, и затоа дополнителен притисок на македонската страна од верен сојузник како Србија (сега во стилот на повлекување дипломати) е добродојден.

Претпоставуваме дека идејата за повлекување на дипломати е на министерот Дачиќ кој важи за своевиден министер-боем, мераклија и да запее „O соле мио", а не е свесен дека пее - фалш, како и неговата надворешна политка.

Како дополнителен „аргумент" Белград за ваквата постапка што е без преседан, бил наводната подршка на Македонија на Косово за членство во УНЕСКО!? Помалку невообичаено е, без сомнвање, да се повлекуваат хипотетички, пред време, дипломатски потези за нешто што не се случило! Освем тоа, зошто Белград не реагира во сличен стил кога се во прашање членките на ЕУ, туку на нас покажува мускули што на долгорочен план без сомневање ќе нанесе штета во односите меѓу двете земји и двата народа!

А што се однесува за членувањето на Косово во УНЕСКО и самиот сметам дека тоа е преурането. Косово мора да се извини еден ден за скрнавењето на 143 цркви и манастири во 2003 година што беше сторено со манифестирање на расистички порив и нетрпеливост. Косово дури мора и да помогне и да овозможи реставрација на некои од тие духовни објекти ако сака да биде член на УНЕСКО и на цивилизираната заедница!!!

Има само една работа од пораките од Белград за која немам никакво сомневање: „Инвовлираноста на странскиот фактор" во операцијата на шпиунирање на српската амбасада. Дали тоа го прават од Кале или други локации, не знам, но нема сомневање - барем од она што го доживувавме самите ние изминативе три години, дека се прави од многу локации.

За на крајот: На инсистирањето на Ивица Дачиќ за постапувањето „според вообичаената пракса во дипломатските односи", т.е. со повлекување на амбасадорот и персоналот од амбасадата, и реципроцитет кон однесувањето на Македонија, мислам дека би било соодветно и од македонска страна да постапи со иста мерка - реципроцитет и да ја повлече во знак на протест нашата амбасадорка од Белград, а нејзиното враќање да зависи од нашата проценка на однесувањето на српската страна.

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
 
V

viktora

Гостин
Има интересна работа. САД и неговите вазали (НАТО и ЕУ) сакаат да ни променат име, устав, знаме... и во голема мера го сторија тоа, а уште и ќе не „работат“. И тие ни се „нашите пријатели“. Од друга страна има држави (Русија, Кина...) кои не признале одамна под уставно име, воопшто не не тераат да ги правиме самоуништувањата на кои не „тераат“ „нашите пријатели“. А се плашиме, и не плашат со „лошите“ Руси. Нешто изгледа е обратно поставено. Какви се тоа пријатели кои те деградираат, омаловажуваат, уништуваат како идентитет...?
Ги заборави Французите.Патем никој не одговори што барал францускиот амбасадор Тимоние на 27 во собранието?Секаде шпиуни у пм.
 
S

silmarillion

Гостин
Му ја видов торбицата вмровка/ПОЦ-овка и ми стана јасно одма колку е саат.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Има лек и за тоа
Плата на пратеник да е на ниво на просечна плата во Македонија
Плата на министер 1,5 просечни плати
Плата на премиер 2 просечни плати
Па ако сакаат поголеми плати - нека се борат за поголеми просечни плати
Недоаѓање на рабпота (седница) без оправдување - парична казна
Патни трошоци во реален износ, Битола Скопје Битола - 1500 денари, за пратеници кои неќат да патуваат да се адаптира зграда со станови кои ќе ги користат за време на мандат.
Строг закон за злоупотреба на службени должности или проневери на пари, од финансиска казна, затворска казна и забрана на вршење на јавна дејност или државна работа од минимум 3 години па доживотно.
Па кој сака да води политика да знае дека е тоа од желба да се направи нешто за државата а не за богатење.
Да така е, но тогаш никој нема да сака да биде политичар, пратеник, министер, директор, градоначалник, советник и.т.н. и воопшто било каков политички / партиски функционер !
Без тие политички привилегии и бенефиции што ги имале и имаат пред се финансиски никој нема ни да влегува во политичките води без разлика дали е од оваа или онаа партија !
Пази што се случува кај нас обичен човек кој апсолутно нема врска од тоа со какви се проблеми се соочуваат граѓаните па дури и во неговото најблиско маалско/селско/градско опкружување и истиот тој со цел памет се кандидира да им биде пратеник или пак градоначалник, а со години и децении никој очи не му видел во средината во која живее и потоа откако ќе ја добие функцијата пак никој нема да го види ниту чуе цел мандат а овој на државен трошок ќе си лапа бифтеци од бизони !
Лудило е да влегуваш во некоја работа/проблематика која не ја познаваш и да бидеш полиитчки претставник на некоја група на луѓе/народ кој ниту го знаеш ниту познаваш ниту сакаш ниту ти значи нешто ниту им ги знаеш проблемите ниту пак воопшто те интересира, него само за пустата функција и бенефициите финансиски ... па барем човек со 2% морал и чест не би ни влегувал во политичките води ако едноставно не го бива за тоа и не го интересира ништо секако освен функцијата и парите, но нашите политичари изгледа се оперирани од поимите срам, чест и морал !
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Да така е, но тогаш никој нема да сака да биде политичар, пратеник, министер, директор, градоначалник, советник и.т.н. и воопшто било каков политички / партиски функционер !
Без тие политички привилегии и бенефиции што ги имале и имаат пред се финансиски никој нема ни да влегува во политичките води без разлика дали е од оваа или онаа партија !
Пази што се случува кај нас обичен човек кој апсолутно нема врска од тоа со какви се проблеми се соочуваат граѓаните па дури и во неговото најблиско маалско/селско/градско опкружување и истиот тој со цел памет се кандидира да им биде пратеник или пак градоначалник, а со години и децении никој очи не му видел во средината во која живее и потоа откако ќе ја добие функцијата пак никој нема да го види ниту чуе цел мандат а овој на државен трошок ќе си лапа бифтеци од бизони !
Лудило е да влегуваш во негова работа/проблематика која не ја познаваш и да бидеш полиитчки претставник на некоја група на луѓе/народ кој ниту го знаеш ниту познаваш ниту сакаш ниту ти значи нешто ниту им ги знаеш проблемите ниту пак воопшто те интересира, него само за пустата функција и бенефициите финансиски ... па барем човек со 2% морал и чест не би ни влегувал во политичките води ако едноставно не го бива за тоа и не го интересира ништо секако освен функцијата и парите, но нашите политичари изгледа се оперирани од поимите срам, чест и морал !
би се изненадил колку луѓе се спремни да направат нешто за својата земја без да се збогатат при тоа.
Само шо сега во првите ешалони на партиите се луѓе кои прават математики за да станат државни службеници. Со ваков закон тие ќе се тргнат самите и ќе направат место и простор за оние на кој не им е до пари и плата туку му е до државата и народот.
Тоа е и проблем во државата, што најдобра работа е државна, младите најмногу размислуваат или да бегаат странство или да се пикнат во државна работа. Државниот сектор треба да има плата помала од приватниот, да се стимулираат луѓе да изнајдат начини да се вработат во приватно или да отворат свој приватен бизнис наместо да фаќаат врски лепат плакати и мафкаат со знамиња за работа платена од буџет да изнајдат начин нешто сами да си почнат или работаат. Државната работа да биде во втор план.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: sap

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Го фрливте Жерновски под автобус, а?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Ај сеa кaј живееме
А1 oн викa декa испитувaњaтa нa хрaнaтa oд 7цa пoкaжaле декa имaлo сaлмoнелa
Oвие тепaниве oд НOВА тврдaт декa испитувaњaтa пoкaжaле декa хрaнaтa oд 7цa не билa причинa зa труењетo декa испитувaњaтa пoкaжaле билa испрaвнa.
Кaј ли живееме бoг дa чувa.И зa пoлитикa истo вaкa известувaaт истиoт нaстaн едните викaaт белo другите црнo.Абе ред дур не се вoведе вo медиумите ништo не прaвиме.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
Го фрливте Жерновски под автобус, а?
Ne bre ne svaćaš......sega e pravna država kade vladeat zakonite..pa go obvinuvaat deka preku ličniot šofer pravi dalaveri....
Sitnica...1.5 milioni evra isplatil na firma za 200 000 evra provizija

Taka barem pišuva prets. na Sovetot na Centar...što znam jas.....:lut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom