Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
@VOLK2234
Добри се и на ДУПМНЕ

Дуото прасиња ВАНКОВЕР и ПИШЕВ.
Крсте Јовановски? кај бе ти сељак еден пратеник..:pos:

Него дај да си ги затворат криминалците... боље ќе биде.
A shto, trbe kureto ke ti porasne ako gi zatvorat kriminalcite?
 
P

psychostasia

Гостин
Владата за 80 дена има поприлично направено , но ајде ќе речиме дека нема.
Вака според тебе колку време треба да помнини за да направат нешто. И што на пример ?
Владе, озбилно напиња тоа колку сработиле за 80 дена. Гледаат сите што се дешава овие 80 дена во собрание, дпневци цвикаат и прават опструкции по секоја цена и на крај владата крива ништо не сработила. Патетично и лицемерно е такво нешто. Опозицијата треба да биде критика на владата ама конструктивна, а не две недели да гњават со курето на Алаѓозовски и оние „уметниците“ што грујо им додели државна пензија да крекаат оти им ги намалиле од илјада евра на 800.
Не знам кој здраворазумен очекува од било која влада за 3 месеци да направи крупни промени особено после состојбата во која што беше државата.

А исто заборавив, цвикаа и оти им ги укинаа дисперзираните студии кои што направија 80+% од матурантите да се запишуваат на факултети и директно влијаеа на квалитетот на студиите и дипломата. Знаеме сите како со црвени книшки завршуваа на УГД вонредно за една година студии од 6 семестри.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Па сега.. тоа е реалноста. За СДСМ зборувам општо. Не почнува СДСМ од предавникот муртински. Тоа е факт. Груевски има многу поголем капацитет и снага за големи проекти.
Има слушнавме, една буква не можел да ја научи правилно да ја збори, имал капацитет тој. Тој да имал капацитет ќе знаел што треба да прави а не на секое да прашува како треба. Неписмењак грчки ебате, имал капацитет да краде само, за тоа не треба школо. Кога имаш моќ автоматски имаш и школо за крадење научено.
Абе кај се најдовте се уличари бе, вака кога ќе се издаваш по малку најинтересно ми е. Неутрален демек а ваму за капацитет на Гвујо збориш. Мрш бе на улица.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.148
Поени од реакции
21.789
Владе, озбилно напиња тоа колку сработиле за 80 дена. Гледаат сите што се дешава овие 80 дена во собрание, дпневци цвикаат и прават опструкции по секоја цена и на крај владата крива ништо не сработила. Патетично и лицемерно е такво нешто. Опозицијата треба да биде критика на владата ама конструктивна, а не две недели да гњават со курето на Алаѓозовски и оние „уметниците“ што грујо им додели државна пензија да крекаат оти им ги намалиле од илјада евра на 800.
Не знам кој здраворазумен очекува од било која влада за 3 месеци да направи крупни промени особено после состојбата во која што беше државата.

А исто заборавив, цвикаа и оти им ги укинаа дисперзираните студии кои што направија 80+% од матурантите да се запишуваат на факултети и директно влијаеа на квалитетот на студиите и дипломата. Знаеме сите како со црвени книшки завршуваа на УГД вонредно за една година студии од 6 семестри.
Не е тоа спорно, никој не очекува да се случи чудо за 80 дена. Не дека седеја со скрстени раце за овие 80 дена , далеку од тоа.
Но чисто од практични причини колку време треба да помини за да се направат крупни промени и какви промени би биле тоа ете според тебе?
За 6 месеци, за година, за две, за три, за четири?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Има слушнавме, една буква не можел да ја научи правилно да ја збори, имал капацитет тој. Тој да имал капацитет ќе знаел што треба да прави а не на секое да прашува како треба. Неписмењак грчки ебате, имал капацитет да краде само, за тоа не треба школо. Кога имаш моќ автоматски имаш и школо за крадење научено.
Абе кај се најдовте се уличари бе, вака кога ќе се издаваш по малку најинтересно ми е. Неутрален демек а ваму за капацитет на Гвујо збориш. Мрш бе на улица.
Ја шириш темата. ВМРО ДПМНЕ има многу поголем капацитет за туркање на крупни проекти. И со Љубчо, и сега.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Ја шириш темата. ВМРО ДПМНЕ има многу поголем капацитет за туркање на крупни проекти. И со Љубчо, и сега.
Па што не истуркаа тогаш еден добар проект како што треба. Кои тоа крупни проекти ги направи дпмне. СК 2014?
Или туркаа пари по џебовите па немаа време и за проекти.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
место да ги укинуваат картичките треба да го средат системот да функционира и картичките да бидат бесплатни. не само инат да се води да се поништуваат проекти.
Таков вид на картичка за каква што повраќаа вмровциве на чело со Нинче и да биде бесплатна е сега за сега неостварлива затоа што е мегаломански проект, затоа сите можни лекари им се смееја ама затоа што успеаа да му исперат мозок на народов дека сите лекари се незналици а Нино е лепакот што го држи здравството, никој не сфати каква епска глупост ќе биде ова.. Не е само бутни пин. Морониве викаа дека ќе биде како во Америка - сосе секакви аномалии, крвна група, наследни болести, дијабетес, астма, шема на заби.. Треба да се изработи и софтвер преку кој ќе се впишуваат и лајв информации и да биде ставена историјата на сите можни пациенти во државава и што му е работено/оперирано на секој човек во државава. Па сите можни стоматолози и општи лекари во државава ќе требаше да земат 3 месеца одмор за да ги внесат тие податоци. Здравството не дека сега не е ама ќе беше во невиден колапс, слободен доктор ќе немаше ни за лек. И што се случи? Му кажаа на Нинче советниците дека нема да е баш walk in the park сето ова и што испадна, ај заеби, земи им по 200 денари, само за пин ќе им седи. Во Америка кога ќе најдат труп кој не може да се идентификува, ја внесуваат шемата на интервенција на забите и добиваат шортлист, чисто информативно колку е прецизно тоа.

Иначе у реду е ова Жокса што дава предлози треба картичките да се вака, да се онака, само што не даваше такви предлози до пред избори, се прашувам зошто.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.856
Смена на Зврлевски не значи пофункционално обвинителство


СКОПЈЕ, 17. 08. 2017 – Дванаесет дена траеше дебатата во Собранието за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Расправата за разрешувањето на Зврлевски започна на 12 јули, додека пак синоќа претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека, денеска ќе се гласа за предлогот на Владата за разрешување на Марко Зврлевски. Повеќе од десет дена, опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку најразлични правни методи се обидуваше да го пролонгира разрешувањето на Зврлевски. Денес, на седницата која е посветена на разрешувањето на првиот човек на Јавното Обвинителство (ЈО), тие нема да присуствуваат.

Зврлевски во минатото, кога Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) беше во опозиција, беше ословуван како инструмент на извршната власт со која владееше ВМРО-ДПМНЕ. Особено, контроверзен беше делот кога по објавувањето на т.н. „бомби“ на СДСМ, ЈО не презеде никакви дејствија за истражување на објавените сомненија за криминални активности на тогашната власт. ЈО, процесираше обвинение со наслов „Пуч“, потегнато против лидерот на тогашната опозиција, Зоран Заев и неговите соработници. Подоцна тоа обвинение беше преземено од страна на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), коешто се откажа од предметот поради немање на докази.

По истекување на мандатот на СЈО и непроцесирање на делата поврзани со случајот со Смилковско езеро и Кумановските настани, жешкиот костен за овие случаи, ќе падне во рацете на новиот обвинител. Многу критики беа упатени до начинот на функционирање на СЈО. Критиките беа од страна на сегашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ која за СЈО сметаше дека, претставува инструмент во рацете на СДСМ. Исто така, критики имаше и од страна на семејствата на обвинетите за случајот кај Смилковското езеро, познат во јавноста како „Монструм“.

Едно од главните прашања е тоа дали новиот обвинител ќе биде објективен, ќе се држи до законот и дека ќе направи организациски промени во обвинителството, без притоа да служи на некоја партиска инстанца или инстанца на моќта.

Стручните лица едногласно сметаат дека, е потребна структурна интеревенција и оневозможување на политички и партиски влијанија врз обвинителството.

Правникот Владимир Патчев, смета дека, со разрешување на Зврлевски би требало да има позитивни импликации, меѓутоа структурното зајакнување на обвинителството би требало да биде еден од приоритетите. Според него, проблемите во обвинителството се структурни, а истите овозможуваат политичките партии да влијаат врз обвинителството. Тој проблемот го лоцира во внатрешната раслоеност, недоволниот и несоодветен кадар, но и финансиската слабост, со што на крај носи до разгранет орган каков што е СЈО.

„Обвинителството мора да биде и финансиски независно, а мора да биде и институционално независно. Мора да ја најде својата позиција во правниот систем, која ја знае само формално правно“ смета Патчев.

Димитар Апасиев, Универзитетски професор по Судско право и член на Президиумот на политичката партија Левица, смета дека, разрешувањето на Марко Зврлевски претставува еден од првите и нужни чекори кој поради неговата нестручност и компромитираност ја уназадуваше правната држава и владеењето на правото.


„Но, самата персонална промена не мора да значи и подобрување. Потребна е системска интервенција (покрај нов ЈО). На пример, СЈО во иднина ќе мора да се интегрира во правосудниот систем на РМ. А исто така, ќе мора да се воведе и императивна норма за задолжително кривично гонење во случај на индиции добиени од државните ревизори (ова особено во случај на финансиски криминал)“, истакнува Апасиев за Гласник.

Неодамна, на својот фејсбук профил, Апасиев повика до обвинителството, новиот обвинител кој ќе биде избран да ги повлече обвиненијата против протагонисти на Шарената револуција. За два предмети кои се однесуваат на настаните од 13 април 2016 година, бескрајно се одложуваат судските рочишта. Станува збор за Здравко Савески и Мариглен Демири, кои седнаа на обвинителна клупа, но и после повеќе од една година, нема судско разрешување на нивните случаи. Според Апасиев, законот за јавно обвинителство му овозможува на новоизбраниот јавен обвинител да ги повлече обвиненијата. Станува збор за членот 26 став 1 и 3 од основните одредби.

„Јавниот обвинител на РМ може да го преземе кривичното гонење и вршењето на одделни работи за кои е надлежен виш или основен јавен обвинител (став 1)“.

„Преземањето на постапувањето по конкретни судски предмети може да се случи во случај кога дотичниот јавен обвинител непрофесионално и нестручно постапувал и не ги преземал потребните законски дејствија, како и поради незаконско, ненавремено или немарно вршење на функцијата јавен обвинител (парафраза на став 3)“.

@Ilumious , ние немаме никакви функционални бази на податоци, не е само во здравството општо
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
@Ilumious , ние немаме никакви функционални бази на податоци, не е само во здравството општо
Toa e тој проблем што треба да се реши па после да се спуштаме по министерства. По плукни залепи држава од нас здравје.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
??
Туку да... не те интересира законитоста. Сакаш законот да се игнорира во полза на твојата партиска опција. Јас сакам законите секогаш да се почитуваат.
Па кажи, цитирај закон кој не е почитуван во разрешување на Зврлевски
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Значи и во Хилтон има веома врло добро коњско. Тоа е тој патриотски специјалитет.[DOUBLEPOST=1503022124][/DOUBLEPOST]
Ја шириш темата. ВМРО ДПМНЕ има многу поголем капацитет за туркање на крупни проекти. И со Љубчо, и сега.
Џокса, можеш да наброиш 3 (три) од тие крупни проекти во 11 годишното владеење на дпмне што тебе како програмер или обичен граѓанин ти го подобриле животот?

Еве на пример што тебе ти промени во животот стиропорот ? Тој што личи на мермер...
 
Последно уредено:

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Чекај бе, па ние со сопствени уши во бомбите слушнавме дека законот за бранители Груевски намерно го одолговлекуваше за да после да има џокер у ракав, наспроти притисоците во јавноста тој да се донесе.

Чија наредба било тоа што Груевски морал да ја послуша за воените злосторства?[DOUBLEPOST=1502968993][/DOUBLEPOST]Претставници од Советот на Европа и Стејт департментот бараат власта да ги казни воените злосторства од 2001 година


Вторник, 9 април 2013 – Амнестијата на воени злосторства се’ повеќе се смета за забранета со меѓународното право, е оценката на комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, дадена во извештајот за Македонија во кој се опфатени два аспекти со човековите права во Македонија, што денеска беше објавен во Стразбур. Вчера, амбасадор на американскиот Стејт департментот и порача на македонската власт да ги истражи и процесуира хашките пресуди.
Уше еден доказ дека Грујо не им потклекнал на странските соросоидни крвожедни нато европски мрачни сили и одбил да биди нивен послушник.
Да беше заев тогаш на власт одма ќе скокнеше да се истражат и казнат воените злосторства да им угоди на западните сили и нивни служби!
Претставниците на Советот на Европа и Стејт департментот, побараа од Груевски да ги осуди хашките случаи, откако ги амнестира??

Зошто кога Хаг ги врати случаите, Јап де Хоп Шефер (генерален секретат на НАТО) не побара Груевски да ги осуди, туку молчеше пред писмата на Тачи?

ДПА МУ ИСПРАТИ ПИСМО НА ШЕФЕР
Тачи бара помош од НАТО
2 октомври 2008 - 18:22

Од ДПА бараат Шефер да го спречи процесуирањето на четирите хашки случаи. Поканата за медиумите која ја упати ДПА за утринската средба, ги налути претставниците на НАТО. Откако дојдоа на договореното место одбија да разговараат со претставникот на ДПА пред камерите и ја променија локацијата

http://vecer.mk/makedonija/tachi-bara-pomosh-od-nato
Зошто Томас Хамарберг (комесар за човекови права на Советот на Европа) слушаше предавања од Ахмети за автентични толкувања и закани од типот ЧЕ ГО ПУКАМ, ХЕЈ...

ПО ВРАЌАЊЕТО НА ЧЕТИРИТЕ ПРЕДМЕТИ

ДПА бара да не се отвораат хашките случаи

Лидерот на ДУИ Ахмети завчера на комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг му рекол дека процесуирањето на предметите може да предизвика непредвидливи последици

[На иста линија за четирите хашки предмети: Мендух Тачи и Али Ахмети]

Владејачката ДПА го предупреди јавниот обвинител Љупчо Шврговски да не прави „залудни обиди“ и да отвора веќе затворени прашања, како што се четирите хашки случаи. Опозициската ДУИ отиде и чекор понатаму, откако Али Ахмети завчера на комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг му рекол дека процесуирањето на предметите може да предизвика непредвидливи последици за земјава.Реакцијата на челниците на ДПА и на ДУИ следува по само неколку дена откако беше соопштено дека хашките предмети се во земјава и Шврговски изјави дека нема да дозволи политичарите да влијаат врз обвинителството и судството. - Залуден е обидот на јавниот обвинител Шврговски да ги отвори овие прашања. Дури и се прават стратегии за овие случаи да се затворат и судовите во Македонија да не иницираат истражни процедури. Челниците на ДПА сметаат дека Законот за амнестијата од 2001 година ги опфаќа сите дејства и сите учесници во дејствата што имаат врска со конфликтот - пишува на партиската веб-страница на ДПА.Во партијата вчера не сакаа да прецизираат кој и каква стратегија подготвува за да не се отворат хашките случаи.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата со комесарот Хамарберг изразил загриженост поради „лошата“ состојба во судството и во обвинителството во Македонија. Ахмети оценил дека се блокирани реформите во судството и затоа враќањето на хашките случаи „претставува потенцијална опасност за политички и за етнички реваншизам и одмазда кон припадниците на ОНА“.

- Секое понатамошно процесуирање на случаите ќе го толкуваме како непочитување на Законот за амнестијаат и како обид за дестабилизација на земјава. Последиците од тоа може да бидат непредвидливи - рекол Ахмети.Напнатоста кај албанскиот политички блок се зголеми и по неофицијалните информации од правосудството дека за малтретираните градежни работници на „Маврово“ во најскоро време ќе биде закажано првото рочиште. За случајот „Киднапирани Македонци“, Јавното обвинителство треба да реши дали има елементи да покрене обвинение. За случаите против водството на ОНА и за затворањето на браната на Липковско Езеро судот ќе ги продолжи истрагите. Нервозата кај ДУИ и ДПА се објаснува со фактот дека од четирите предмети може да бидат засегнати пратеници од двете партии, како што се Али Ахмети, Садула Дурак и Даут Реџепи-Лека.
Каде беше овај ист Совет на Европа и Стејт Департмент, кога во 2004 г. Бранко ги амнестира првоосомничените Шкодран Идризи и Јетмир Бејтулаи?? Тоа е период уште пред кај нас случаите да бидат познати како Хашки, зошто сеуште беа во Хаг.

Е сега малце и за вас лицемерите... изигравате незадоволни од некои кадри на новата влада (Лешовски, Зиков...) изигравате борци против воени злосторства, а го премолчите назначувањето на Командант Вентили за министер... Ако Грујо ги ослободи од обвиненија, зошто СДСМ сега ги наградува, а зборуваше против амнестијата дека била преседан, иако и тие ја ветиа само за да направат коалиција со ДУИ 2011 г.

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
А срамота е да се повлече проектот здравствена картичка. И да има застој, треба да се работи да заживее.
Не е финтата само да се укинуваат проекти од минатото, туку да се унапредуваат.
Тоа не е проект. 5 години проект не трае. Се знае што е проект. Ти како програмер барем ова би требало да го знаеш. Тоа требаше да биде редовен сервис на здравството. Ама не бидна. Сегашната власт е најмалку виновна за тоа што ни ги зедоа парите за празни картици кои не можеме да ги продолжиме. Да обвиниш некого сега за задолжување притоа 10 години да си трошел на Хилтони чуда 3 и 5000 евра дневно и да вработиш двојно буџетари за 10 години и за картици и несоодветен систем од пред 6-7 години кои не функционираат, е чиста бламажа.[DOUBLEPOST=1503031421][/DOUBLEPOST]
Таков вид на картичка
не е којзнае колку сложено само бара пари и време. Во почетокот на 90тите немавме бази на улици и матични (ги имаа во есм, Железарница... на уникс-јуникс системи или така нешто) па се изработија во неколку институции со тимови за внес. Траеше неколку години ама се изградија бази врз кои денес функционира се поврзано со улици, населби, матични... Уште кога ги воведуваа картичкиве го споменав ова погоре за бази, внес и слично, дека картицата ни е помалку од здр. книшка, празна, така креирана е само земање пари.
И сега е можно да се внесуваат податоци и да се складираат за идна употреба ама колку е тоа приоритет, не знам.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Тоа не е проект. 5 години проект не трае. Се знае што е проект. Ти како програмер барем ова би требало да го знаеш. Тоа требаше да биде редовен сервис на здравството. Ама не бидна. Сегашната власт е најмалку виновна за тоа што ни ги зедоа парите за празни картици кои не можеме да ги продолжиме. Да обвиниш некого сега за задолжување притоа 10 години да си трошел на Хилтони чуда 3 и 5000 евра дневно и да вработиш двојно буџетари за 10 години и за картици и несоодветен систем од пред 6-7 години кои не функционираат, е чиста бламажа.[DOUBLEPOST=1503031421][/DOUBLEPOST]не е којзнае колку сложено само бара пари и време. Во почетокот на 90тите немавме бази на улици и матични (ги имаа во есм, Железарница... на уникс-јуникс системи или така нешто) па се изработија во неколку институции со тимови за внес. Траеше неколку години ама се изградија бази врз кои денес функционира се поврзано со улици, населби, матични... Уште кога ги воведуваа картичкиве го споменав ова погоре за бази, внес и слично, дека картицата ни е помалку од здр. книшка, празна, така креирана е само земање пари.
И сега е можно да се внесуваат податоци и да се складираат за идна употреба ама колку е тоа приоритет, не знам
.
Изгледа дека треба и добра волја. Пошто и пари се изнададоа и време помина, а картиците како украс завршија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom