V
viktora
Гостин
Нормално за ИНСТИТУЦИЈА збориме!Ти да не очекуваш да стопираат граѓани по улица и да ги испрашуваат до каде се со албанскиот?Никогаш ова нема да се случи макар и Левица да е на власт,кај нас партиите гледаат првин да му удоволат на олигарсите односно да се врзат заедно и да лапнат по некој тендер по индустриските зони/патиштата или по термоцентралите/рудниците/хидроцентралите па после да мислат за народот(ако воопшто мислат).
Јас искрено мислам дека Паторот и фамилијата направија таква перфектна маргинализирана шема во сиве овие години на народот со ненормално перење на мозокот и држење под канџи сите можни институции како и перфектно функционирање на златната кокошка на УЈП што не вервам дека Сдсм и Заев така лесно ќе го променат целовкупниот Вмровски систем,и дали сакаат воопшто односно дали му одговара.
Прерано е сеуште да се суди за работата на Сдсм бидејќи Паторот и Мијалков имаа преголем простор да прават што сакаат и добро го анализираа капацитетот на народот за да можат лесно да манипулираат дури сега кога се во опозиција растураат со спиновите па како тие се бранители на државата за нивните подржувачи магично да забораваат какви злосторства и криминали правеа 11 години наназад.
Ако по утрото денот се познава тогаш можи да се кажи дека Сдсм ја продолжува таа шема на поблаг начин со оглед на новиот бесмислен конкурс на полицајци и новите партиски вработувања што треба да ги има на големо после локалните избори ,е сега да вработуваш во администрација а нон стоп трубиш дека е преголема со над 160.000 вработени е ретардирана работа,ама овде овците мора да ги лажиш за да те гласаат бидејќи никој не сака да ја фати мотиката и да работи туку сите сакаат со лежење да земаат пари.
Искрено сакам никој да не вработат и да го цицнат поштено и Сдсмовците што чекаат вработување,и да ги избркаат Вмровците што се вишок,ама нема маж тоа да го направи,нема ни да има[DOUBLEPOST=1501970230][/DOUBLEPOST]
Читаш убаво ти пишиш...ИНСТИТУЦИЈА