Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не верувам Сдсм да победат на локалните. Премногу сендвичи има.
Во Скопје мислам дека ќе го јадат јако. Аеродром, Карпош, Ѓорче, Центар не го гледаат вмороните у наредните два века најмалку. Може по број на општини да бидат побројни, ама очекувам и у поголемите градови да изрикаат, Битола, Прилеп посебно.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Став на Бигорскиот манастир

За Договорот за пријателство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија
  • 19 јули/1 август 2017 лето Господово
Оградувајќи се однапред од каква било партиска и политичка припадност, наклонетост, протежирање нечија страна и сл., како монашко братство кое повеќе од 20 години верно ѝ служи на светата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и на Татковината Република Македонија, би сакале и ние јавно и транспарентно да го искажеме нашиот став во поглед на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Бидејќи пропагандните отрови вбризгувани во поединечната и колективна свест на македонскиот човек и народ од територијата на денешна Р. Македонија во текот на скоро еден век полека го губат своето погубно дејство, настапи време кога можеме слободно да го кажеме своето мислење за некои важни државни прашања, но и без страв и фрустрации да погледнеме во нашето национално минато и да дознаеме дека македонската самобитност и државност се крепат на подвигот и крвта на недобројните наши родољупци и херои на слободата. Лесниот и нецензуриран достап на историските извори денес, ни овозможува да проѕреме длабоко во историскиот бит на Македонецот, непосредно, лично, без никакви идеолошки призми и матрици. Затоа, крајно време е со здрави и трезвени очи да погледнеме во блесокот на нашата сјајна историја, која самата по себе, без никакви додавки, криења, извртени толкувања и сл., нè прави да бидеме горди Македонци, достоинствени носители на европските цивилизациски придобивки.

Меѓутоа, културниот идентитет и националната посебност, колку и да звучи парадоксално, подразбираат и заедништво и испреплетеност со други идентитети и посебности. Пример за таква историска симбиоза се македонскиот и бугарскиот народ. Таа вродена вековна близост се пројавува во многу значајни сегменти од општественото живеење: јазик, фолклор, култура, настани, дејци… Впрочем, да не заборавиме и дека нашите два народа имаат една цивилизациска лулка, заеднички крштелен купел – имено, мисијата на Светите Браќа Кирил и Методиј и особено на нивните свети ученици, покрстувањето за време на Светиот Рамноапостолен цар Борис-Михаил и почетокот на заедничката писменост. Тоа ни дава право, или подобро кажано, обврска да го негуваме тоа духовно сродство и близина, без притоа, се разбира, да се негираме и омаловажуваме едни со други во нашите културни особености. Всушност и брат со брат се разликува, и семејство со семејство, и град со град, и област со област, и говор со говор… Но, не смееме да дозволиме различностите да станат главниот фактор во нашите меѓусебни односи и причина за омраза и раздор. Напротив, многу повеќе се нештата што нè обединуваат, а и самите различности треба да ги гледаме како наследство од нашето заедничко суштествување.

Врз основа на ова, сметаме дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, чиј зародиш треба да го лоцираме уште во почетоците на независната и самостојна македонска држава, е природна последица на историските текови. Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле. Во контекст на ова, сметаме за потребно да потсетиме дека Р. Бугарија беше првата земја што ја призна Р. Македонија и што изврши дипломатско влијание за Русија да ја признае. Исто така, таа беше земјата што значително помогна Македонија да не дојде до финансиски крах, кога во 1994 година беше воведено трговско ембарго кон нашата држава. Дополнително, посебно значаен факт е тоа што во договорот заедничката историја се јавува не како јаболко на раздорот, ами како мост кој „ги поврзува двете држави и нивните народи“.

Замолувајќи ги сите читатели нашиот став да не биде злоупотребен за политички цели и надмудрувања, ќе завршиме со краткиот, но многу длабок и прекрасен псалм на светиот цар и пророк Давид за благословената братска љубов:

Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова; како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и живот вечен (Псалм 132).

Монасите и монахињите заедно со нивниот Старец, Архимандрит Партениј,
од Свештениот Бигорски манастир.

http://bigorski.org.mk/stavovi/za-dogovorot-za-prijatelstvo-pomegju-makedonija-i-bugarija/

Господ да чува Бигорскиот манастир!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.352
Поени од реакции
34.974
Дај уште вакви пропаганди натписи, од онлајн медиумите на газда Сорос. Да научиме како во Блгарија демек тече мед и млеко, и како и овде ќе тече мед и млеко, кога ќе сме влезеле во ЕУ (скраја да е). :свиркам:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Рапорт од Софија: Метропола прекрасна

Од 10 таксисти кои нè возеа во Софија во текот на 24 часа, ниту еден немаше појма за договорот со Македонија, ете колку сме им ние битни на Бугарите!!!

ЗНАЧИ - ГИ БОЛИ ТАСЕ!!!

Една келнерка, кога ѝ кажавме дека сме Македонци, ни рече - А КАКО Е ВО БЕЛГРАД?!

Значи, они не ни знаат каде е Македонија и што се тоа Македонци, сè што е север од граница за нив е ЈУГОСЛАВИЈА БРАТЕ МИЛИ!!!

Значи, си живеат живот европски, си шетаат пудлици и булдози, во текот на еден ден видовме едно 10.000 кучиња, што на плоштад, што по парковите, што на главната улица Витоша... Во Скопје за цела година не сум видел толку пудлици и булдози колку што видов за еден ден во Софија, што значи дека браќата Бугари добро се опариле, за да чуваш такво куче ти требаат по 500 денари дневно за храна, време, ветеринари, разни играчки, огрлици и триста курци и палци...

Улици, паркови, згради, све најново, имаат чичка ново метро со мармер кој сија, мислам дека е направено сега, во последниве 5-6 години, имаат најнови тролејбуси плаво-жути, тазе распаковани, народот дотеран, среден, кафичите светски, цените доста пристапни, крцаат со народ, значи си живеат они убав живот, нови трговски центри во амерички стил со надворешна илуминација и стакло, а не како кај нас што се, како кутии пластични безлични тие малку што ги имаме...

Град мегаломански богат, метропола прекрасна која може да се носи и со Лондон и со Њујорк. Поентата ми е дека не сме им ние потребни на Бугарите, им чуе нив за нас, туку ние имаме потреба од нив за да се закачиме на нивниот воз кој шиба кон цивилизацијата, а ние испаднавме во 19-ти век!

https://okno.mk/node/65728
Тоа за кучиња што имало многу нема врска со денешниве состојби, традиционално у Софија си чуваат кучиња, разни врсти, одамна.
Ние уште за време на СФРЈ се чудевме за тоа колку се чуваат кучиња во Софија.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Па другата можност е да не знаеш што да прашаш и како да формулираш прашането....
Кога поставиш прашане, ке получиш и отговор.

Што според тебе значи - државите? Бугариja e дел от тези држави или не е?
Ти се уште размислуваш се едно Бугариja e надвор от ЕУ. НЕ, друже, БГ е внатре и ако таа инсистира на тоа ке седи по некаков начин. Одлуките за вакви работи се носат со консенсус во ЕУ.
Иако Бугарија е во ЕУ, не значи дека автоматски секој став на БГ е став и на ЕУ, како што се обидуваш да представиш :)

Прв пример е кога бугарија имаше став дека правилно ги користи ЕУ фондовите, а ЕУ имаше став дека БГ КРАДЕ и ЛАЖЕ за ЕУ фондовите, па беше казнета ;)

Не значи дека ако БГ има бубачки во главата, па има потреба од астериски и звездички со дополнувања за името -Македонски Јазик- тоа не е автоматски став на ЕУ, тоа е САМО став на БГ :)

Исто како што не значи ако БГ решила да прекрсти име на јазик тоа е автоматски прифатено/став од ЕУ и од Македонија.

Одлуките за вакви работи се носат со консенсус во ЕУ.
Е сега, пример сценарио, цела ЕУ, останатите земји, не прават забелешки и сакаат да влезе МК во ЕУ, и името на јазикот -Македонски Јазик-
Само БГ прави забелешки. Значи со консензус не се прифаќа влез на МК со име на јазик едноставно -Македонски Јазик-
до тука се разбираме?
ако така се однесува БГ значи дека го прекршува договорот за добрососедство. ;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Николче треба да ви отвори една тема за дечиња.
Најбољи предлог до сега.
Стварно, греота е деца да се пуштаат у вакви теми да биваат исмевани и газени у дискусии со возрасни. Не е педагошки, не е хумано.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
856
Најбољи предлог до сега.
Стварно, греота е деца да се пуштаат у вакви теми да биваат исмевани и газени у дискусии со возрасни. Не е педагошки, не е хумано.
Ставите знак +18 .....добро бе, не влегувам више, кревам раце:(
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Град мегаломански богат, метропола прекрасна која може да се носи и со Лондон и со Њујорк. Поентата ми е дека не сме им ние потребни на Бугарите, им чуе нив за нас, туку ние имаме потреба од нив за да се закачиме на нивниот воз кој шиба кон цивилизацијата, а ние испаднавме во 19-ти век!
Бугарската нација исчезнува
Oд 1990 година број на починати лица е поголем од број на родени, и тоа се повторува секоја година во последните речиси 30 години, во 1990 година имаше 3.400 починати повеќе од колку родени, во 2016, таа бројка е 47.000. Во 1988 Бугарија имаше 9 милиони жители, во 2016 се 7,1 милиони или намаление од околу 2 милиони за 30 години или околу 25% помалце, со тоа темпо во следни 60 години во Бугарија ќе има околу 4 милиони жители, значи замирање на стопанство, земјоделие, трговија.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не ми се верува дека ти ќе дадеш вакво мислење, значи коначно признаваш "ко је јачи".....се уплаши нешто предвреме??
А ти нешто ко неутрална беше? Твоите се јачи признавам, штета шо сеа мораш друг кур да пушиш, а не тој на кој навикна.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Ставите знак +18 .....добро бе, не влегувам више, кревам раце:(
Најбоље е, тоа што многумина го предлагаат, да има некаков базичен тест за интелегенција при зачленување.
Ама па демократија треба да е ова, како тогаш ќе го чуеме ставот на подржувачите на Груевски?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Најбоље е, тоа што многумина го предлагаат, да има некаков базичен тест за интелегенција при зачленување.
Ама па демократија треба да е ова, како тогаш ќе го чуеме ставот на подржувачите на Груевски?
Абе википедија ќе заебе работа. Плус цел штаб коа ќе се соберат, веројатно ќе надминат вкупен IQ на бактерија и ете ти ги пак.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Кое ебење му го прават МТВ и тој нивниот уредник Ратајковски на Заев, три дена го даваат „Трето полувреме“ а вечер и „Денови на искушение“, се против новата „розова соработка“ со бугарите.

А од друга страна со полна пареа тераат документарците на Ачковска, Жежов и Србов каде Александров и Михајлов се најбитни историски ликови во Македонија.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Договорот е добар иако изгледа само се одложува бугарското неприфаќање на МК Јазик и Народ, што несомнено повторно ќе биде камен на сопнување, прашање отворено пред влез во ЕУ.
Сега значи од наша страна попуштаме еден куп работи додека од нивна страна останува нивниот главен проблем не-затворен (името на јазикот и нацијата). Исто реално од нивна страна нема НИШТО за возврат, тоа споделување искуство е само мачкање очи. Значи со овој договор само ние попуштаме а тие ништо, само знак на добра воља од наша страна. Димитров и Заев многу многу глупаво изиграа, можеа да побараат барем нешто, поготово кога многу адути имаа во рака а ги дадоа за џабе, гратис. Многу работи имаа потреба БГ, коридорот 8 е голема потреба за нив (повеќе и од нас), заедничко славење исто имаа голема потреба за тоа, имаа голема можност нашите да се изпазарат убаво, со многу пари ги пративме на пазар а тие се вратија со празни раце.

Но, и така пак е ок.
Се прави притисок врз Грција, се праќа порака во ЕУ и во свет, а што и да е решено може да се врати од прв ден во ЕУ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom