Ако не разбра ти си тој што од пријатели сакаш непријатели да видиш. Па не сме виделе доволно ќар, па не било ни важно, па што уште не.
Не ми одговори Македонците се или не се словенска група ?
Јас Македонците ги сметам пред се` за Македонци, потоа за Балканци, и на крај за европејци.
Инаку, ако сакаш да си играш на картата на етничкото потекло и јазикот, моите родители потекнуваат од југозападна Македонија, каде што се населиле Берзитите, односно Брсјаците, кои дошле од источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, во истиот период кога старите Словени мигрирале од Карпатите.
Баш пред неколку месеци моја прва братучедка го носеше синот во приватна лабораторија за да му направат генетичко испитување за да откријат зошто е слабокрвен, исто како што и јас бев слабокрвен кога бев мал. Резултатите покажаа дека детето има гени слични како тие на Берзитите, односно Брсјаците, кои исто така како деца се слабокрвни.
Но тоа на мене апсолутно ништо не ми менува, јас и понатаму себеси се сметам за Македонец по националност, а јазикот кој го говорам го сметам за македонски јазик, а ако САД и Џес Бејли навистина се толкави пријатели на Македонија, очекувам во најмала рака да не` нарекуваат Македонци, а не Словени, а нашиот јазик да го нарекуваат македонски јазик, исто како што и ние ги нарекуваме нив американци, иако немаат ништо американско во нив, бидејќи сите се потомци на имигранти дојдени од Европа - бидејќи домородците ги покосија како што раниот мраз ја покосува жетвата - и иако јазикот кој го говорат е англискиот јазик, кој не е американски јазик, туку припаѓа во групата на германски јазици.
земање на само еден податок во низата не значи ништо, попис не се прави да се види моментална состојба, туку во која насока се движи општеството и државата и кои чекори треба да се превземат.
Не е тоа само број на население по нација, туку се гледаат и многу други работи, старосна структура, наталитет, морталитет, миграции, вработени по сектори број на домаќинства по селата..... и тие се споредуваат со предходни за да се предвидат идни бројки.
Тој кој не ги следи резултатите од попис од пред 30-40 години со сегашните, нема никаква слика за состојбата.
Се согласувам, но дали имаме понови официјални и службени податоци ?
уште нема одговор. како да е срамота да си словен работава лелее..
а голема лага е тоа дека Бејли не ословувал (само) како Словени а не Македонци. Просто со сила од убави ги правите за никаде работиве.
еве послееден негов твит:
Jul 21 Congrats to the Macedonian American Alumni Association (MAAA) for a great assembly yesterday & to Miso Dokmanovic who was elected president.
Нема причина за човек да се срами од своето потекло или од потеклото на јазикот кој го говори, но како што јас не ги нарекувам Џес Бејли и неговите сонародници поранешни колонисти или англиски имигранти или Германи, така очекувам и Бејли и неговите сонародници да не` нарекуваат нас Македонци, а не Словени.
Еве што велат другар ти Бејли и сенаторот Крис Марфи за тоа кој народ го сочинува мнозинското население во Македонија.
Од 48:30 до 51:35
https://www.foreign.senate.gov/hearings/nomination-09-17-14