Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ова го утна или нешто на сајтот се измешало?
Башка што не е така како што ти пишуваш.
Toчно е како шо реков, никој не му се мешаше на Иванов шо неуставно му даде мандат на партија без мнозинство во собрание, никој не го попречуваше грујо да води месец дена преговори со ДУИ до последна минута, никој не му кажа шо да приуфати а шо не од албанскаа партија. Сам грујо изјави дека не успеал да постигни договор. Никакви странци не беа замешани во тој процес.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Зошто да ти субвенционира стан во Скопје? Цените пазарно се формирани, не ги одредува владата. Не е иста споредбата.
Мензите се субвенционирани, ама поефтино е дома да јадеш од исто тенџере. Плус, дома немаш никакви трошоци за сместување, во домовите иако субвенционирано, сепак се плаќа. А патувањата до дома и назад? И тоа е трошок.[DOUBLEPOST=1497867146][/DOUBLEPOST]
Ова го утна или нешто на сајтот се измешало?
Башка што не е така како што ти пишуваш.
Не е поентата некој цел живот да е студент. Предноста да си од Скопје и да јадеш од исто тенџере со фамилијата ( ако има, пошто има фамилии што не можат да наполнат тенџере) станува маана кога ќе треба да формираш своја фамилија и да си купиш стан. Тогаш ќе ти требаат +20000 ЕУР споредено со некој од друг град од МКД за истата квадратура.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278




До кај е работава ?
Истиот ден кога ќе се федерализира македонија и смени химната границите и знамето
Треба да се исполнат и ветувањата од Заев и од Грујо
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Груевски не дава оставка. Идиотот опстојува на ставот да го доуништи ВМРО ДПМНЕ.
 
B

Bafra

Гостин
Истиот ден кога ќе се федерализира македонија и смени химната границите и знамето
Треба да се исполнат и ветувањата од Заев и од Грујо
А Вие гордите Илири тој ден, ќе ја добиете назад вашата исконска територија и со Папата на чело ќе живеете како цареви. (y)

Влезот во НАТО и ЕУ ако ги натера 180.000 администрација да работат ефикасно т.е. да им смени менталитет, секој ќе прифати, ама многу повеќе е потребно за тие 180.000 да сносат одговорност и заработат чесно лебот.

Груевски не дава оставка. Идиотот опстојува на ставот да го доуништи ВМРО ДПМНЕ.
Не треба ни да даде, кога членството дозволило јаничари на највисоките позиции, треба и да се самоуништат целосно :D

"Во својот говор на прославата од 27 години ДПМНЕ Никола Груевски дел од говорот го посвети на Македонските патриотски здрженија повикувале на нанислни дејства за зачувување на државата и останување на власт, тие дејствија се терористички и јас силно ги осудувам и ќе се борам против истите нема да ја имаат мојата поддршка во нивната активност туку истите ќе ме најдат мене на патот кој сум спремен да се жртвувам политички но нивната цел нема да се оствари рече Груевски на вчерашната прослава"

Колку христијански, господ ќе се симне и помогне, ние само треба даноци да си плаќаме и мирно пред кооперација со пивце.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Еве уште еден пример за класичен дебил. Министерот за внатрешни работи бил неспособен затоа што не можел да ги заштити полицајците, а како пример се дава некој битолчанец кој нападнал полицајци.

Не навлегувам во тоа колку е способен или неспособен министерот, но што треба тој да направи? Да се клонира 5000 или 10 000 пати, во зависност од тоа колку имаме полиција, и секој негов клон да оди во придружба на полицаец и ако некој го нападне полицаецот да скокне да го брани?


Какви дебили пишуваат по нет, страшна работа.
Ама дали ја прочита статијата и виде што глупости тресе дедево, не сфаќам што требало да му направат? Ова е баш по протокол, го запираш, се легитимираш, опоменуваш, потоа гледаш дека продолжува и кога ескалира ситуацијата го приведуваш и правиш записник кој после си го тераат повисоки инстанци. Иреал и останатава багра другарчиња ти се научени на Мартин Нешковски хендлање на ситуации, поради фрустрациите од малиот орган што го имаш, го прекршуваш од ќотек секој што ќе го најдеш да прави прекршок од било каков вид и пикаш под тепих, не знам што не е јасно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А Вие гордите Илири тој ден, ќе ја добиете назад вашата исконска територија и со Папата на чело ќе живеете како цареви. (y)

Влезот во НАТО и ЕУ ако ги натера 180.000 администрација да работат ефикасно т.е. да им смени менталитет, секој ќе прифати, ама многу повеќе е потребно за тие 180.000 да сносат одговорност и заработат чесно лебот.
Толку голема администрација е плод на погрешна политика на минати влади и постојат механизми како да се намали во следен период.
Пример, ќе се отворат истурени оделенија на министерства по села и мали места каде луѓето ќе можат да ги завршат своите работи без да одат во градовите за свои потреби за комунално урбанизам земјоделие здравство...... и таму ќе се прерасподелат вработени кои сега седат по 5-6 во една канцеларија со 2 бироа.
Ќе се замрзни платата на административци и ќе се забрани понатамошно вработување. Може да се донесат и пакети за пензионирање на оние кои се 3-5 години пред пензија да си заминат а на нивно место да не се вработат нови туку да се прераспределуваат од вишокот вработени.
може да се понудат и програми за оние од државна администрација кои сакаат да заминат и почнат сопствен бизнис, ако еден вработен во администрација ја кошта државата и до 500 евра месечно (плати доприноси и останати дрошкови) државата да му даде 20.000 евра во вид на материјална помош и одреден период на олеснување на почеток на работа.
Најбитно е да се развие приватниот сектор и таму да растат платите, така да на младите им биде попривлечно бараат работа или почнат работа во тој сектор од колку сета надеж да ја стваат во државна администрација....

Не сме прва земја впо светот која се соочи со вој проблем, постојат начини и примери како со тоа се справуваа други земји од кои можеме доста да научиме
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Со посвета до сите душмани на староновиот плутократски режим.

Статијава ме потсетува на реформите на Михаил Горбачов во Советскиот Сојуз - гласност и перестројка, "демократијата ни` треба како воздухот кој го дишиме", дрн дрн јариња, додека се разбудиш, реформаторот добитник на Нобелова награда за мир ги распродал државните резерви на злато, економијата е во слободен пад, а со почетокот на 1990-те години си доаѓа и крајот на Советскиот Сојуз.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Не-е-до-името&id=d0fe056b-1b97-479f-801f-e873fdf57837

Не е до името!

Дневен весник (Ед. бр. 24074)

19.06.2017 12:15

Билјана Ванковска



Додека новата „реформска влада“ (како што се нарекува себеси) ги прави првите чекори, некои веќе се обидуваат да ѝ обезбедат статус на „заштитена мечка“ барем во првите сто дена. Овој механизам има значење во парламентот, но не и за јавната опсервација. Иако провладините новинари секој збор на критика го оценуваат како глас на (не)скриен поддржувач на Груевски, така осуетувајќи секаков критички став, потребно е будно да се следи секој чекор и да се разговара за тоа. Впрочем, и премиерот Заев (пре)често повикува на потреба од дебата. Човек се прашува: а што правевте досега, во кампот на слободата или низ јавните собири, тркалезни маси и консултациите со невладиниот сектор? Јавноста очекуваше ефикасна влада со подготвени законски нацрт-промени и решенија за хималајските проблеми, но сега слуша дека тие ќе биде предмет на јавна дебата или дека ветеното ќе се остварело кон средината или крајот на мандатот (ако Владата со олку тенко мнозинство воопшто и стигне дотаму).

Можам само да го пренесам расположението што владее во универзитетската заедница: со душа се чека новиот Закон за високо образование, што поскоро, за да ги укине сите оние будалаштини со државниот испит за студентите, но и нереално високопоставените критериуми за избор во звања на професорите (фамозните трудови во списанија со импакт-фактор). Но делењето на колачот е во тек, а и парламентарниот циркус како да добива нов заплет со итарпејовската тактика на новата опозиција, која не сака да конституира пратеничка група, за максимално да ги искористи сите можности што ги нуди Деловникот.

Ако денот по утрото се познава, внатрешната политика ќе биде детерминирана од надворешната, а не обратно - што и не е ништо ново. Уште при првата официјална посета на Брисел (НАТО и ЕУ), владината делегација не криеше дека нужно ѝ е потребен ветер во грбот и тоа не само со добивање декларативна поддршка, туку и со брз прием во НАТО (и евентуално отворање на преговорите за ЕУ, дури и ако формално не се нарекува „добивање датум за почеток на преговорите“). Лапсус или не, изгубени во преводот или пробен балон сеедно, но светските медиуми ја проширија веста дека новата влада е подготвена да ѝ го смени името на државата во замена за отворање на паток кон европските интеграции. Ликот на премиерот не оддаваше оптимизам, туку повеќе загриженост.

Сега треба да испорача, а да се биде на власт е потешко одошто да се биде опозиционер, особено кога станува збор за „проблемот за името“. Можеби некои во Владата, па и дел од јавноста, се отворени и за поголеми отстапки, но бумеранг-ефектот што може да им се случи не е за потценување. Особено кога се има влада на стаклени нозе и претстојни локални избори... Она што се случуваше деновиве во врска со надворешнополитичката „офанзива“ е нешто што најмногу му оди на рака на еден Никола (Груевски). Офанзивата изведена со дискретниот шарм на Никола Димитров не може да се нарече фијаско, но секако заврши со студен туш. За разлика од Македонија, која нема црвена линија и каде што секоја влада почнува одново, Грција има не само црвена линија, туку и државна политика по прашањата што ги смета за национален интерес.

Да се верува дека Атина ќе се израдува на демократските промени во Македонија е наивно. Тие знаат дека сме далеку од консолидација и дека оваа влада е слаба. Се разбира дека станува збор за примитивен национализам по прашањето за името, но Грците се конзистентни (националисти). Дури и оние што ги сметавме за левичари. Духовитата забелешка на Коѕијас дека Никола е најпопуларното име во земјава, всушност, требаше да биде сфатена како комплимент. Но аналитичарите ја пропуштија поентата, и почнаа да му ласкаат на Димитров како вешто возвратил (дека со чест ќе го носел своето име докрај). Пораката, всушност, можеше да се сфати како сугерирање дека без оглед кој Никола е на власт (Груевски, Попоски или Димитров), Македонија зборува со еден глас кога станува збор за името.

Тоа би значело дека сме држава, но мнозина овде побрзаа да докажат дека не сме, и дека новата влада ќе биде многу пофлексибилна во размислувањата за промена на името (без промена на идентитетот! Да видам, да не верувам! Зошто да беше толку лесно, Груевски одамна ќе капитализираше и ќе се спасеше од она што му се случува. Тој не е ни помалку ни повеќе „патриот“ од Заев кога станува збор за избор помеѓу името и власта.) Во политичката ситуација каква што е сегашната, ниту Грција, ниту Македонија можат да направат исчекор - Грција да прифати прием на Македонија во НАТО под референцата, а Македонија да понуди/прифати промена на името. Ниту одгласите од Софија не се оптимистички. Тамошните аналитичари велат дека Бугарија има обврска да ѝ укаже на Македонија дека без оглед на евентуалниот нов договор за соработка и добрососедство, нивното претседавање со ЕУ нема да донесе придвижување на европската интеграција.

Интересно е што Владата, која инсистира на своите сто дена, брза како прле пред магаре, без никаква експертска или јавна дебата, да го потпише договорот со Бугарија на невидено и непрочитано. Веројатно и таму ќе биде заземен оној став „ние сме добрите дечки, разберете нѐ; досега трпевме терор, а Груевски е виновен за сѐ“. Ваквата брзоплетост да се покаже конструктивност веднаш (а да се добие резултат „мало морген“) им оди на рака на опозиционерите. Владата (ќе) ја манифестира својата импотентност во меѓународните односи, што можеби ќе биде видено како конструктивност, ама за возврат дома го носи ризикот од силна мобилизација по основа на идентитетските прашања, за кои македонската јавност не е подготвена да преговара.

Она што нејзините владини навивачки клубови од медиумскиот и од невладиниот сектор го забораваат е дека протестното движење бараше реформи однатре, а не флоскули. Грчката блокада е непремостлива, не само затоа што таа држава има позиција, туку и затоа што има надворешни сојузници. Македонија ги нема. Да смениш име за влез во воена алијанса е срамна и жална позиција, а бивши високи функционери на ЕУ (како Аксел Валден) пишуваат за досегашните слабости, геополитиката наспроти европските вредности и инклузивност, и за смртта на политиката на проширување на ЕУ. Но нашите еврофили се глуви и слепи за таквите лоши вести, и мислат дека со промена на влада се станува поприфатлив за Унијата.

Жално е не само што „револуцијата“ не даде конкретни плодови (во вид на јавни политики и решенија, ами се сведе на нов бран партизација, удомување „првоборци“, па дури и судир на интереси и заштита на капиталот пред луѓето, уште во првите недели), туку и посегнува по шарени лижавчиња и продавање соништа за брза преродба со чин на влегување во НАТО или преговори со ЕУ. Реформите или револуцијата (на умот и политиката) требаа да се случат најнапред внатре, па потоа да се рефлектираат врз надворешната позиција на земјата. Вака, за странците сета разлика е во презимето на Никола и во распоредот на бемките на неговото лице. Остануваме тешка периферија и неуспешна држава и покрај сите „промени“.
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Испраќајќи ги во депонија,надевајќи се на подорбро секогаш грбот на народот го добива стапот!

До кога?
Незнам до кога само знам дека со ваков тип на политичари кои до сега не водат 26 години ништо не бива ... од една страна имаме самопрогласени војводи и патриоти кои се чукаат во гради како они биле пример од луѓе, патриоти, родољуби, верници и.т.н. од друга страна пак ги имаме оние салонски револуционери како еден тип на политичари од кои исто така си патиме, но и со едните и со другите не ја бива работата ... едноставно во Македонија се потребни нормални партии и нормални луѓе, некако заринкуваме и со едната опција (десницата) и со другата опција (левицата), потребен е некаков баланс !
Можеби и самите сме криви како народ што изгласуваме на избори сиромашки и нереализирани луѓе, па откако ќе дојдат на високи државни позиции не ги интересира ниту народот, ниту државата, туку гледаат само како да ги наполнат џеповите, не за џабе на запад се ставаат политичари кои уште пред да седнат на високите државни позиции се доволно материјално ситуирани и реализирани во приватниот и во деловниот живот, така да шансите да бидат лопови откако ќе ја земат власта на избори се помали отколку кај оние прво споменатите типови на луѓе !
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Toчно е како шо реков, никој не му се мешаше на Иванов шо неуставно му даде мандат на партија без мнозинство во собрание, никој не го попречуваше грујо да води месец дена преговори со ДУИ до последна минута, никој не му кажа шо да приуфати а шо не од албанскаа партија. Сам грујо изјави дека не успеал да постигни договор. Никакви странци не беа замешани во тој процес.
Да не забегвиш. За друго јас пишував. А СЈО ти е „бисерот“.
 
B

Bafra

Гостин
Толку голема администрација е плод на погрешна политика на минати влади и постојат механизми како да се намали во следен период.
Пример, ќе се отворат истурени оделенија на министерства по села и мали места каде луѓето ќе можат да ги завршат своите работи без да одат во градовите за свои потреби за комунално урбанизам земјоделие здравство...... и таму ќе се прерасподелат вработени кои сега седат по 5-6 во една канцеларија со 2 бироа.
Одма ти е погрешен стартот. Прво треба да се види дали се потребни тие 5-6 . Која е потребата и користа од толку администрација посебно со развој на информатичко општество. Нема потреба освен за политичарите од кариера, а твоево значи уште пари да троши државата а корист нула.

може да се понудат и програми за оние од државна администрација кои сакаат да заминат и почнат сопствен бизнис, ако еден вработен во администрација ја кошта државата и до 500 евра месечно (плати доприноси и останати дрошкови) државата да му даде 20.000 евра во вид на материјална помош и одреден период на олеснување на почеток на работа.
Ем непотребни се, ем државата со додатни 20.000 да се оптоварува, и од каде ќе ги најде тие 20.000, т.е. кој ќе е трошокот за ова :D

Ќе се замрзни платата на административци и ќе се забрани понатамошно вработување. Може да се донесат и пакети за пензионирање на оние кои се 3-5 години пред пензија да си заминат а на нивно место да не се вработат нови туку да се прераспределуваат од вишокот вработени.
Единствено ова е колку толку е економски оправдано и би донело резултати, но кој е спремен за ова....

Најбитно е да се развие приватниот сектор и таму да растат платите, така да на младите им биде попривлечно бараат работа или почнат работа во тој сектор од колку сета надеж да ја стваат во државна администрација....
Приватен сектор е јак се додека државата не му се меша во зголемување на даноци и непотребни регулации. Ама биди на власт и одолеј на тој предизвик :rolleyes: .

Не сме прва земја впо светот која се соочи со вој проблем, постојат начини и примери како со тоа се справуваа други земји од кои можеме доста да научиме
Епа дај кажи им на новиве која земја и како успешно се справила.
Бидејќи Тевдовски има советник (Бранимир) кој потекнува од поимотна фамилија а проповеда комунистички срања, кои во минатото се покажале како неуспешни.

Сум слушнал за Грузија и нејзиниот принцип Стап и Морков, ама ниту сум таму, ниту имам некој да ми потврди дали подобро се живее па неможам да гарантирам дека не е приказната за Мурто и Курто.

И цигли има во СК2014 и тоа од на Заев фирмата,по мене нема никаков проблем, се е легитимно.
Проблем има што ја затворија таа во Велес за неговата да нема конкуренција, а подобро ќе беше да ја преземеше за 1 евро па и кај соседите да продававме а работници плата ќе добиваа ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да не забегвиш. За друго јас пишував. А СЈО ти е „бисерот“.
CJO e eдинствената причина поради која грујо не успеа да направи влада. Цела негова визија за идна власт беше да нема орган кој ќе ги истражува и гони криминалите.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
CJO e eдинствената причина поради која грујо не успеа да направи влада. Цела негова визија за идна власт беше да нема орган кој ќе ги истражува и гони криминалите.
,,,,nekako izgleda spored ovoa deka grujo e.najgolem zashtitnik na zaev,,
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Одма ти е погрешен стартот. Прво треба да се види дали се потребни тие 5-6 . Која е потребата и користа од толку администрација посебно со развој на информатичко општество. Нема потреба освен за политичарите од кариера, а твоево значи уште пари да троши државата а корист нула.



Ем непотребни се, ем државата со додатни 20.000 да се оптоварува, и од каде ќе ги најде тие 20.000, т.е. кој ќе е трошокот за ова :D
Наједноставна работа е со еден потпис да се отпуштат 100.000 луѓе. Али е тоа и најлош. Следна власт пак ќе ги вработи (пошто тоа ќе го вети пред избори) и се врзуваме во една надолна спирала. Тие луѓе се вработени, тоа им го овозможи државата и треба да се најди најдобро решение за двете страни. Секак дека има и вработени нелегално и незаконски кои можат со мирна совест да се отпуштат, има и многу кои вработувањето во државна фирма му е екстра приход или само колу да тече стаж, и тие брзо ќе напуштат сами доколку бидат прераспределени по други места и населби или бидат приморани да навистина работаат ефикасно, има и дел кој е пред пензија после чие пензионирање нема да се вработува нов кадар, има и оне кои би прифатиле пакет за заминување од работа. Секако тоа е долг процес, не се ршава во месец или два али ако се зацрта таква стратегија сигурно за неколку години ќе даде резултат а во следни 6-8 години ќе ја сведи администрацијата на прифатлива бројка.

20.000 евра и така ќе земе тој вработен во следни 3 години (и ќе продолжи д зема и следни 3 и следни 3 ....) за седење в канцеларија, вака му се дава за отварање на бизнис и ќе почне наскоро да уплаќа самиот давачки и придонеси, значи ем се симнува од буџет ем почнува да полни буџет.[DOUBLEPOST=1497884932][/DOUBLEPOST]
,,,,nekako izgleda spored ovoa deka grujo e.najgolem zashtitnik na zaev,,
така само изгледа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom