Од денеска, сите наредни чекори на оваа Влада ќе бидат под лупа. Треба да добиваат критика за се', затоа што не смееме веќе да дозволиме да ни се случува „груевизмот“. Заев и министрите ќе морат да сносат одговорност за сите свои постапки. Нема да може да се вадат на „Грујо е крив“. Грујо политички е казнет, со симнување од власт (останува да видиме дали ќе сноси кривична одговорност).
Дали имам преголеми надежи? Искрено не знам. Од една страна, немаме време за губење, од друга страна барем изминативе 9-10 години државата е отидена у курац на најразлични полиња. Ќе видиме колку од овие министри (на чело со Заев) ќе бидат способни да се справат со предизвиците кои се пред нив (а се во голем број и се екстремно тешки). Едно е јасно, ако одат по вистинскиот пат, тој ќе биде тежок за целата државата. Вистински реформи значи тежок период на кратка патека, подобар живот на долга патека.
Не би се распишувал премногу, затоа што никој нема да ме прочита.
Само едно ќе кажам за крај - нека не помислуваат да го изигруваат народот како што тоа го правеше груевизмот, затоа што многу побрзо ќе бидат симнати од власт.