За секој случај проверете во законите како стои работата со тоа дали може да се кандидираат градоначалници од шутка и идризово, како и тоа дали може да се кандидира некој што е во бегство....оти ке немате кандидати. Имајте во предвид и тоа дека гласачите се сончогледи, познавам мнозина кои беа ептен ,,тврдокорни,, а сега се на линија од ,,ма никогаш не сум бил за вмро, неутрален сум, немам ќар од никого,, па до ,,еве ми ја членската од СДСМ,,. Размислете и за тоа од кај ке најдете пари (легални, оти сериозно ке ви бараат завршна сметка за изборните трошоци) за сендвичи, сладоледи и реклами, и на кои медиуми (освен на курир) ке се рекламирате, оти гледам и медиумските газди полека го вртат бродот што подалеку од вас. Не се надевајте многу на локалните избори.