Eve eden bloger kako go opisuva svojot raboten angazman vo Revoz za mizerna plata od 600-700e neto, isto kolku so zema sestra mi. Znaci se raboti za edna od najgolemite fabriki vo Slovenija. Prevedeno so gogle translate, kolku se razbira tolku. Samo za napomena 800e bruto e cca 550e 900e bruto e cca 600-650e, tolku da gi razbirate rabotite:
https://translate.google.si/translate?sl=sl&tl=mk&js=y&prev=_t&hl=sl&ie=UTF-8&u=https://kostinmozeg.wordpress.com/2016/11/16/revoz-iz-drugega-zornega-kota/&edit-text=&act=url
Па јасно бе валво, на сликата што ја ставив пише дека просечната бруто плата во Словенија е малку над 800 евра. Што не ти е јасно со платите?
Колку сакаш да зема сестра ти како најобичен работник во фабрика бе човече? 1000ка? Ова е иста фабрика како оние кај нас што ги свлече паторот, Ван Хол, Ман Хол и служат за е вакви емигранти како блогерот и сестра ти што ќе стигнат и ќе најдат најобична работа затоа што немаат доволно образование. Само што има една разлика, Ревоз е во топ 6 извозници во Словенија а Словенија својата економија ја темели на извоз во Германија, Австрија, Италија итн.
И дај не ме заебавај, ако и е лошо на сестра ти зошто не се врати тогаш во Македонија? Или па да отиде во друга земја, да речеме Германија, Холандија или па проблем е што не те пуштаат таму ако не шпрехаш дојч или нидерланден?
Сега значи не е битно тоа што Словенија е земја со А+ кредитен рејтинг од Стандард енд Пуарс, со најписменото население во регионов, со највисока просечна плата после UK, Германија, Франција, Белгија, Холандија, со Human Development Index од 0,9 на скала од 0 до 1, битно е што била септичка јама само затоа што валво и сестра му не успеале да се снајдат.
Знаеш кога ќе падне Словенија? Кога Германија, Австрија и Италија ќе и го забранат пласманот на производите во нивните земји, ќе и го сопрат извозот. А тоа знаеш кога ќе се случи? Никогаш, зошто тие не се Македонија се некои други да им се криви и знаат како и каде да пласираат производи додека ние се ебаваме со Казахстан што ги имал сите елементи од периодниот систем.
Научи словенечки, земи диплома од факултет, вклопи се во колината без тие тупи балкански припрости сфаќања и ќе правиме муабет колку плата ќе земаш.