jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.317
Па Владе не ќе да е пола пола фактичката ситуација. Пола пола, ја направија албанските гласови за СДСМ, значи имало енжинеринг тука за да се наштима ситуацијава.Ти личи ова на реален муабет? Мене повеќе ми делува на пуста желба која е далеку далеку од остварување.
И ајде како што велиш ВМРО најде сили пред 10 години да се ресетира, СДСМ таква сила не најде никогаш од нејзиното посотоење до ден денешен. Не е ни на повидок тоа .
И забораваш дека ако ги гледаме последните резултати народот е поларизиран до граница на издржливост. Ситуацијата е безмалку пола пола. 20000 гласа плус минус некој глас разлика за две крајно спротивставени опции кои немаат ама баш нити една заедничка точка околу која можат да најдат заеднички јазик.
Партиско ресетирање се прави обично кога едната опција изгуби. Барем така се прави во некој понапредни демократии. Кај нас ако тргниме од тоа СДСМ освен овие избори на сите претходни ги влечкаја како партали и мивки. И што направи таа како партија и како раководство ? Собра снага да се ресетира? И ти со цел ум очекуваш дека после овие резултати на крај на памет ке им падни да се ресетрираат кога не го направија нити тогаш кога губеја со убедлива разлика. Па и ВМРО кога сме кај тоа.