Не бе Ѓорѓи, не бидна. Немаше предлог влада во собрание во рок од 20 дена, немаше избор на министри, немаше ништо од тоа.
Некој си доби мандат без да покаже пратеничко мнозинство во собрание (ваљда никој не сметаше дека тендер коалицијата нема да продолжи), а некој и со пратеничко мнозинство и дури и писмени гаранции (што воопшто не е ни потребно) не го доби мандатот за да почне да преговара влада. Ете најмалку еднаш е прекршен уставот. Сега имаш конституитивна седница која треба да избере нов спикер кој треба да го извести фикусот дали има или нема пратеничко мнозинство и во согласност со тоа фикусот да си ја изврши должноста да го даде мандатот или да се распишат нови избори ако не постои можност за формирање влада.
Туку не ми кажа, каков закон бараш да се направи околу постизборниот процес и формирањето влада?
Покажување на пратеничко мнозинство не се бара никаде. Ова е само толкување на уставот по сопствен „мерак“. Затоа се залагам за закон кој ова ќе го дефинира.
И со „спикерот“ и се останато е терање на водата на своја воденица, ама е изигрување на оригиналниот текст на уставот. Не ги слушај многу партиските „стручњаци“, обиди се сам да прочиташ и заклучиш.
Еве, на пример, јас не му верувам на Заев дека има пратеничко мнозинство. И покрај потписите, кој патем, не се спомнати никаде во уставот. Мислам дека албанците го „заебаваат“ Заев, за да се залета и на седница за гласање на влада, да не го изгласаат и да остане „заебан“. Можеш да тврдиш дека не е така? Значи, затоа се залагам со јасно дефинирање на правилата со закон.
Кога те читам, мислам дека имаш нејаснотии околу правните термини, устав, закон... Јас спомнав договор, што не е закон. Договор може да се изигра, ама тоа може да има и последици. На пример, никаде во законите не пишува дека во владата треба да има и шќиптарска партија, па кај нас 25 години го има тоа. Во 2006 г. Груевски направи влада со ДПА, па ДУИ протестираше, го блокираше автопатот Скопје-Тетово, шетаа по улици, барајќи, како победничка „албанска“ партија да се владин партнер на победничката „македонска“ партија. И тоа по многу сугестии се прифати од ВМРО ДПМНЕ од 2008 г. после вонредните избори.
Сега ДУИ не го почитува сопственото барање (не според закон, туку според договор) и ја скока ВМРО ДПМНЕ за да прави влада со поразената СДСМ. Не е незаконски, ама последиците во иднина може да се „неубави“. На пример, на некои следни избори ВМРО ДПМНЕ освојува 57 пратеници, ДУИ 11, некоја друга партија 5-6 пратеници. И ВМРО ДПМНЕ да направи влада со таа другата партија. Ќе се буни ли ДУИ? А што па ако таа партија не ниту „албанска“? Со кое лице ќе се бара „правичност“ при формирање на влада?