Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
http://sdk.mk/index.php/makedonija/sjo-so-sluchajot-tabla-za-prvpat-otvori-istraga-protiv-funktsioner-na-dui/

Видиш, имало бомба и за ДУИ :) Или, не се важи ова? Кој тоа мене ме лаже?
Вау, директор на некое школо.... Ова повеќе ми личи на казнување на некаква партиска непослушност.... Ехее колку директори на училишта од ешалонот на дпмне се казнети и сменети во последните 10 години.... партиска непослушност....

Еве одма може да се најде зошто е казнет чоеков, имал неспретна изјава која ја кажува фактичката ситуација на теренот, а само си бил искрен, дека скоро 2/3 од жителите на Зајас не живеат во Зајас....
http://kicevo.mk/se-pomalku-prvacinja-albanci-vo-kicevo/
– Во последните пет години намалувањето на бројот на учениците се стабилизира, но бројот пак е мал. Од 135 ученици што се на списокот, само околу 50 од нив се запишани во прво одделение, што значи дека две третини од нив не живеат овде, туку во странство. Ова е загрижувачки – вели директорот на ОУ „Реџо Рушит Зајази“, Сулејман Дервиши.

И да, те лажат !!!!!
 
A

Avenger99

Гостин

Ти праша зошто нема бомби за ДУИ, ете гледаш дека има :) Се сложувам, кога ги кршевме копјата со Дарди во една од темите за албанците и самиот си призна дека ситуацијата во Зајас во врска со иселувањето е точна, впрочем јас минувам многу често низ Зајас. Сакаш ли да ја знаеш ситуацијата на првачината во градовите во источна Македонија? Во Охрид?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Ти праша зошто нема бомби за ДУИ, ете гледаш дека има :) Се сложувам, кога ги кршевме копјата со Дарди во една од темите за албанците и самиот си призна дека ситуацијата во Зајас во врска со иселувањето е точна, впрочем јас минувам многу често низ Зајас. Сакаш ли да ја знаеш ситуацијата на првачината во градовите во источна Македонија? Во Охрид?
Аха, тебе ти е повеќе важно да има „бомби“ за ДУИ, колку декларативно да речеш дека ги има, колку да можеш да кажеш дека ете постојат..... Нели им е целта и на тие што извадиле ваква бомба на рандом непослушник токму тоа? Да ти каже дека еве има бомби и против ДУИ..... Фрлање коска....
 
V

viktora

Гостин
Аха, така те лажат, отом потом? Кога планираат да ги прикажат бомбите на ДУИ? На велики четврток?
Во 2030г.И тогаш ќе го дрват демек не ги интересирало што било пред петнаесетина години.
 
A

Avenger99

Гостин
Аха, тебе ти е повеќе важно да има „бомби“ за ДУИ, колку декларативно да речеш дека ги има, колку да можеш да кажеш дека ете постојат..... Нели им е целта и на тие што извадиле ваква бомба на рандом непослушник токму тоа? Да ти каже дека еве има бомби и против ДУИ..... Фрлање коска....
Мене ми е важно сите што направиле криминал да одговараат, без разлика кој од каде е. Кој тоа извадил бомба за директорот? ДУИ? Ова сигурен си, или шпекулираш?
 
A

Avenger99

Гостин
Мене ме интересира друга работа. Ако утре СЈО извадат прави бомби како што ги викате вие, дали ќе ја подржите работата на СЈО? Зошто цела Европа и Америка ја подржува работата на СЈО? Или и они се слепци?[DOUBLEPOST=1491805405][/DOUBLEPOST]
А бе пријател додека видиме ни отиде државата.
Тука е државата, не бега, ќе бегаат оние што се огрешиле :)
 
V

viktora

Гостин
Мене ме интересира друга работа. Ако утре СЈО извадат прави бомби како што ги викате вие, дали ќе ја подржите работата на СЈО? Зошто цела Европа и Америка ја подржува работата на СЈО? Или и они се слепци?[DOUBLEPOST=1491805405][/DOUBLEPOST]
Тука е државата, не бега, ќе бегаат оние што се огрешиле :)
Аха,оние стотина илјади што избегаа од западна Македонија биле грешни така?И оние од Арачиново и од Липковско што не смеат да се вратат во своите домови биле грешни.Во право си не државата ние отидовме.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Мене ме интересира друга работа. Ако утре СЈО извадат прави бомби како што ги викате вие, дали ќе ја подржите работата на СЈО? Зошто цела Европа и Америка ја подржува работата на СЈО? Или и они се слепци?[DOUBLEPOST=1491805405][/DOUBLEPOST]
Тука е државата, не бега, ќе бегаат оние што се огрешиле :)
Тука имаше анкета, или можда на некоја друга тема со прашање, дали подржувате судска разрешница на криминалите во Македонија. Јас не верувам дека било кој од тука со спротивен став од тебе, рече дека не подржува судска разрешница на криминалите, ама баш никој, па ни јас. Јас реков дека сум за да се затворат сите што направиле криминал од осамостојувањето па сега и да се оформи независно тело слично на СЈО, кое ќе се бави со предавствата на државните и националните интереси.

Од друга страна, основачот на сјо, зајо, јадеше гомна за браќата по криминал.... Мавташе со бомби за Смилковци, мавташе со докази дека лично грујо и амети ги режирале настаните во Диво Насеље.... А сега бомби за непослушникот од Зајас..... Може ако почнеа со дилерите од Арачиново, што преоднава влада ги уапси, ќе имав повеќе доверба, а вака.... некако колку и да сака човек, треба да е глуп за да верува.
 
V

viktora

Гостин
Мене ме интересира друга работа. Ако утре СЈО извадат прави бомби како што ги викате вие, дали ќе ја подржите работата на СЈО? Зошто цела Европа и Америка ја подржува работата на СЈО? Или и они се слепци?
Зошто ги бомбардираа Европа и Америка Србите?Зошто ги подржуваа албанците во 2001г?Зошто не испаднат денес и да ја осудат албанската платформа и не го подржат охритскиот договор кој патем и Европа и Америка се потписнички на тој договор,кој и они се ГАРАНТОТ за спроведување на тој договор?Тебе уште не ти е јасно?[DOUBLEPOST=1491806234][/DOUBLEPOST]
http://sdk.mk/index.php/makedonija/sjo-so-sluchajot-tabla-za-prvpat-otvori-istraga-protiv-funktsioner-na-dui/

Видиш, имало бомба и за ДУИ :) Или, не се важи ова? Кој тоа мене ме лаже?
Директор на школо,сега очекувам бомба за хаусмајсторот кој крадел шајки.Катица пуна торба работа.
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Мене ми е важно сите што направиле криминал да одговараат, без разлика кој од каде е. Кој тоа извадил бомба за директорот? ДУИ? Ова сигурен си, или шпекулираш?
Па не извадил бомба дуи, кога фатиме им рекла, дечки дајте бе некоја бомба за вас, шефот изеде гомна во изборна кампања, мора да им фрли коска на кучињата и овие виделе кој им е трн у око за нивната агенда и го нашле чоеков што бил едноставно искрен. Кажал дека Зајас е село на духови. Ем волкот сит, ем овците на број.

Нека каже сега некој пак такво нешто да ве видам....
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па значи промена бараш на уставот бе Ѓорѓи. Уставот сто пати е цитирано и кажано што вели, Претседателот има должност (а не по сопствена волја и убедување) во рок од 10 дена од конституирањето на собранието мандат да додели на оној кој има парламентарно мнозинство. Мандаторот прави предлог влада и се гласа во собрание.
Изгледа не ти е јасно што е устав, а што е закон. Јас не сугерирам промена на уставот, туку создавања на закон (согласно уставот) во кој попрецизно ќе се дефинира постапката за доделување на мандат(и).
Ако нема закон, тогаш према уставот ќе треба да се делува, а според него, нема второ доделување на мандат. Така, сега веќе ќе требаше да има распишано нови избори. Ама кај нас се се прави (веројатно по надворешни директиви) да се устоличи друга гарнитура на власт. Па и кршење на уставот.
Инаку, конституирање на Собранието и доделување на мандат бидна.[DOUBLEPOST=1491808422][/DOUBLEPOST]
Зошто ги бомбардираа Европа и Америка Србите?Зошто ги подржуваа албанците во 2001г?Зошто не испаднат денес и да ја осудат албанската платформа и не го подржат охритскиот договор кој патем и Европа и Америка се потписнички на тој договор,кој и они се ГАРАНТОТ за спроведување на тој договор?.
Има уште:
- зошто Р. Македонија не е примена со уставното име во ОН? (кршење на сопствените правила)
- зошто не се имплементира пресудата од меѓународниот суд во Хаг (каде е пресудено дека РМ ја нема прекршено спогодбата со Грција) и не се прими РМ во НАТО и започне преговори за членство во ЕУ?
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Аха, така те лажат, отом потом? Кога планираат да ги прикажат бомбите на ДУИ? На велики четврток?
Значи ти и другарите сендвичи тука од Зоки чекате снимки?

Чекате на Зоки да ви ја покрене иницијативата за гонење на криминалите, корупцијата и спас на упропастената држава? Толку сте неспособни?

Заборавивте дека вие сте тие со полицијата, службите, обвинителствата, армијата и буџетот во џеб? Или само за рекет и уцени на сопствениот народ ги користите?

Пу бруки
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не бе Ѓорѓи, не бидна. Немаше предлог влада во собрание во рок од 20 дена, немаше избор на министри, немаше ништо од тоа.
Некој си доби мандат без да покаже пратеничко мнозинство во собрание (ваљда никој не сметаше дека тендер коалицијата нема да продолжи), а некој и со пратеничко мнозинство и дури и писмени гаранции (што воопшто не е ни потребно) не го доби мандатот за да почне да преговара влада. Ете најмалку еднаш е прекршен уставот. Сега имаш конституитивна седница која треба да избере нов спикер кој треба да го извести фикусот дали има или нема пратеничко мнозинство и во согласност со тоа фикусот да си ја изврши должноста да го даде мандатот или да се распишат нови избори ако не постои можност за формирање влада.

Туку не ми кажа, каков закон бараш да се направи околу постизборниот процес и формирањето влада?
Покажување на пратеничко мнозинство не се бара никаде. Ова е само толкување на уставот по сопствен „мерак“. Затоа се залагам за закон кој ова ќе го дефинира.
И со „спикерот“ и се останато е терање на водата на своја воденица, ама е изигрување на оригиналниот текст на уставот. Не ги слушај многу партиските „стручњаци“, обиди се сам да прочиташ и заклучиш.
Еве, на пример, јас не му верувам на Заев дека има пратеничко мнозинство. И покрај потписите, кој патем, не се спомнати никаде во уставот. Мислам дека албанците го „заебаваат“ Заев, за да се залета и на седница за гласање на влада, да не го изгласаат и да остане „заебан“. Можеш да тврдиш дека не е така? Значи, затоа се залагам со јасно дефинирање на правилата со закон.

Кога те читам, мислам дека имаш нејаснотии околу правните термини, устав, закон... Јас спомнав договор, што не е закон. Договор може да се изигра, ама тоа може да има и последици. На пример, никаде во законите не пишува дека во владата треба да има и шќиптарска партија, па кај нас 25 години го има тоа. Во 2006 г. Груевски направи влада со ДПА, па ДУИ протестираше, го блокираше автопатот Скопје-Тетово, шетаа по улици, барајќи, како победничка „албанска“ партија да се владин партнер на победничката „македонска“ партија. И тоа по многу сугестии се прифати од ВМРО ДПМНЕ од 2008 г. после вонредните избори.

Сега ДУИ не го почитува сопственото барање (не според закон, туку според договор) и ја скока ВМРО ДПМНЕ за да прави влада со поразената СДСМ. Не е незаконски, ама последиците во иднина може да се „неубави“. На пример, на некои следни избори ВМРО ДПМНЕ освојува 57 пратеници, ДУИ 11, некоја друга партија 5-6 пратеници. И ВМРО ДПМНЕ да направи влада со таа другата партија. Ќе се буни ли ДУИ? А што па ако таа партија не ниту „албанска“? Со кое лице ќе се бара „правичност“ при формирање на влада?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Значи ти и другарите сендвичи тука од Зоки чекате снимки?

Чекате на Зоки да ви ја покрене иницијативата за гонење на криминалите, корупцијата и спас на упропастената држава? Толку сте неспособни?

Заборавивте дека вие сте тие со полицијата, службите, обвинителствата, армијата и буџетот во џеб? Или само за рекет и уцени на сопствениот народ ги користите?

Пу бруки
Да, чекаме од зоуран, пошто зоуран најави снимки за Смилковци, кои ако ги покаже ќе видиме дека грујо криел нешто од нас... Најави бомби за браќата по криминал, пошто нели партизирана е државата и се криеле криминалите, а нели се борите за правда пред се. Најави докази за Диво Насеље дека биле сценаристи и режисери грујо и амети.... Ветувања, ветувања, ветувања..... нели беа дел од предизборната кампања тие ветувања, народот гласаше за него ради тоа... Или сепак не е неспособна полицијата, туку ветувањата на зајо се лажни.........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom