Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Дејството на комунистичките партии било во рамките на постоечките држави и од тоа се прави проблем голем како слон. Еве, ај ти во денешен (условно кажано) слободен свет пробај да организираш антирежимски партии во Бугарија и Грција па дури и наоружани, не па во онаков фашистички бугарски режим или кај грчкине ројалисти, што се бетер од фашистите и познато е каков однос имале од секогаш кон македонското малцинство. Тоа си се приклучило по природна линија кон партизаните од Грамос, но како што и бугарите и ден денес се во поголем број класични фашисти и националисти, сличен терен бил и во Грција. Не дека го бранам раководството на КПЈ по секоја цена, мислам дека премногу им се дава негативно значење, односно премногу се напумпани тие анти-македонски струи во СФРЈ, а тоа е само со лоша позадина - да се прикажат некои сомнителни ликови од тоа време како „големи борци“. Вистина е дека имало македонски отпор во војната, тоа е неспорно. Сум пишувал во темава - ене го дедо ми е жив уште, а се борел, одвај со доволна возраст бил на минофрлач. Ме нервира што во последно време се ствараат и шират како вистина некои безвезни теории на заговор, како некој не дал да се оди негде, па како Београд командувал - па и ако е така, ќе глумиме вечни плачковци и цмиздрала? Тоа за мене е поголем срам. Да си имал храброст ќе си се организирал како народ и ќе си повлечел конкретни потези, ама пошо не е така, не измислувај квази-истории. Е тоа го напраи паторот со месење на историјата и уште не дозакрви со соседите.Читам убаво, тоа и е проблемот, примарна цел на доаѓањето на Светозар Вукмановиќ Темпо е да го канализира НОВ на МКД исклучиво кон делување строго по директивите на НОВЈ, да не се изведуваат операции на територијата на Егејска Македонија, да не се воспоставува заедничка команда со тамошните единици и сл. вклучително истото важи и содејството со КП на Булгаристан...ако тоа подразбираше под организација, моја грешка. Да не се разбереме погрешно, таа СФРЈ од феудална закрепостена територија, направи каква таква држава.
Абе историчарите на паторот пробаа од неговиот вујко да створат мит - што понатаму да се збори? Од џандар, подобен за партијата да биде министер за внатрешни напраија дисидент и борец за независна Македонија - седи беее. Тој што све има цинкарено околу себе и како има работено за тајни служби, ретко кој. Само проанализирајте му го просперититот во кариерата, као на плавуша со силикони му е, а пошо не бил ни плавуша, ни имал силикони - ај погоди како газел.
Земајте со голема резерва тоа што се сервира од модерните историски читанки пошо се полни со рекла-казала.