B
Black Guard
Гостин
И тука има расправа,од една страна се тврди дека бариери,царини т.е државата влијае негативно врз невидливата рака,а од друга страна кога доаѓаме во состојба на криза под хитно се ангажира фискалната и монетарната политика т.е државата тежнее да воспостави рамнотежа,и друго многу важно,невидливата рака има една интересна особина,имено ако имаш раст и понатаму истиот ќе расте и обратно што е случај со рецесија па и депресија.Јас сум завршил економски факултет да, туку знаеш што ми е најчудно - Како може еден професор кој до пред распадот на Југославија предавал Марксизам, по распадот да предава Политичка економија или подоцна Основи на економија - КАТАСТРОФА. Во економијата има многу погрешни теории и теоретичари и тоа особено од застапниците на „класичната економија“. Каде е „невидливата рака“ на пазарот кога ќе се појави криза и зошто во тие случаи потребно е државата да интервенира. Знаеш како ја објаснуваат, денешниве економисти и заштитници на пазарната економија, интервенцијата на државата во спасувањето на приватните фирми - TO BIG TO FAIL. .
Каков маркс,ако на пазарот 9има многу чушки тогаш цената им е ниска,но ако има помала количина ќе бидат поскапи-те невидлива ракаНаместо едноставно да ја прифатат критиката на Карл Маркс тие интервенцијата ја објаснуваат со збор... Можеби уште не сме дошле до тој стадиум кога ќе се сруши капитализмот но се ближи и „тој ден“.
Ќути трај,уште СОК беше шема во литературата.не тераа да цртаме главна книга, па дневник, па Т-сметки и кој нема добро да ги нацрта ќе падне или пак некој ќе изгуби многу време во цртањето наместо да ги решава промените - абе смешки.
Непочитување на законот од ванаби бизнисмени и невидена толеранција кон истите што стимулира пропаст на државата во услови кога претприемачот нема потреба од инвентивност туку профитот му е обезбеден од експлоатација на работната сила.Еве конкретен - Законот за работните односи во Македонија. Законот е одличен. Во него пишува
работно време 8 часа на ден, пет денови во неделата, годишен одмор 20-тина денови, работа во државен празник - 250%, прекувремена работа 35%, ноќна работа 35% и др. Значи со законот работникот е заштитен премногу. Ама во пракса што имаме.
Постојат бонуси а во солидно рангирана фирма бонус е се само збир од букви не.Прво платата што ќе ја земе сметководителот не е ОК. Второ производството можеби нема да го удвои сметководителот (тоа и не му е работа), но работникот ќе го удвои. Дали после тоа ќе му се зголеми платата двојно на работникот и дали е доволно ако му се зголеми само двојно - НЕ.
Епа тука лежи зајакот-правото на сопственост и располагање со средствата,имај предвид дека капиталистите се здружуваат најчесто формирајќи корпорации,ортаклукот веќе не е ИН башка несигурноста ами и капиталот не се укрупнува за високи цели.Трето - профитот. Јас не се сложувам со тоа - работникот работи и си зема плата, а капиталистот не работи и си зема профит. И зошто зема профит или ајде подобро речено која е разликата помеѓу работникот и капиталистот? Разликата е само во средствата за работа кои ги поседува капиталистот. А еве да речеме дека работниците во една фабрика одлучуваат да престанат да работат. И? Средствата за работа сами ќе работат? НЕ! Капиталистите зависат од работниците а ги угнетуваат само за поголем профит.
Не заборавај дека и работникот има право да поседуваа акции.
Не зависат,да зависеа рамковен не ќе се изгласаше и немаше на слобода да бидат луѓе кои злоставуваат и масакрираат,уствари да имаше параметар ефишенси заклучокот би бил дека парламентот е повеќе свињарска фарма.Исто како пратениците. Тие зависат од народот а го угнетуваат