Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Ова е една од најстарите дебати што некогаш постоеле.
Бенџамин Френклин го има изјавено следното:
Дали слободата е закана за сигурноста? Дали мора секогаш да треба да се бира меѓу едно од овие две? Дали ако сме слободни сме и сигурни во исто време? Или ако сме сигурни ќе можеме и да бидеме слободни? Дали нужно мораме да бираме меѓу овие две или можеме да ги имаме и двете?
Филозофите низ текот на вековите никогаш не можеле да се сложат за ова прашање. На пример, Томас Хобс, смета дека човекот се плаши од смрт, “човек на човека му е волк“ и дека во природна состојба имаме “војна на сите против сите“ и од тука потребата на луѓето да се групираат и да ја предадат својата сувереност на еден човек кој во замена за тоа ќе им понуди сигурност, комфорност и гаранции за удобен живот. На некои места можете да најдете како Хобс е посочен како првиот “заговорник“ на полициска држава, затоа што тој смета дека без авторитетот на државата не може да има сигурност, а луѓето се групираат првенствено заради таа намена.
Од друга страна, го имаме Џон Лок, на некој начин “таткото“ на либерализмот, човекот кој ги воведува на голема врата прашањата за слободите на човекот. Според него слободата е прво и најважно нешто за една индивидуа. Тој ја третира индивидуалната слобода многу сериозно, затоа и се со Хобс прилично спротивни во тој поглед. Според Лок, основата за еднаквоста, независноста и слободата која постои помеѓу сите индивидуи е нивниот разум. (Тој тука прави кардинална грешка, мисли дека сите имаат разум... ) Според Џон Лок, има три типа на природни права:
1. Право на живот
2. Право на слобода
3. Право на сопственост
Како и да е, главниот муабет е генерално врз максимата: live and let live. Или секој треба да е слободен, се додека неговата слобода не ја повредува слободата на другите.
Ги земав овие два филозофи како пример, чисто за подобро да се разработи темата, не мора да се фокусирате на нив, едноставно тие двајца ја подигнаа ова дебата на едно повисоко ниво и направија еден вид револуција (според мене, барем) во филозофијата по однос на ова прашање. Се разбира, може да дополните и други мислители, немојте да се ограничувате на овие двајца, не мора ни да споменувате филозофи, чисто ме интересира вашето лично мислење по однос на овие прашања.
Ова е интересна дебата, која никогаш не застарува, па затоа и ме интересира форумџиското мислење по оваа тема.
Значи фокусирајте се на прашањето:
Што е поважно:
Човековата слобода или човековата сигурност?
Дали овие две мора исклучително секогаш да се исклучуваат или е можно да ги имаме и двете?

Интересна е таа дебата низ текот на вековите. Слобода или сигурност? Што е поважно? Дали е поважна слободата на човекот или неговата сигурност? Дали ако е сигурен, слободата сама по себе ќе следува или пак слободата е нешто за кое сами се бориме и е различно од сигурноста?They who can give up essential liberty to obtain a little temporary safety, deserve neither liberty nor safety.