Славој Жижек: enfant terrible на пост-модерната философија

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Славој Жижек е словенечки философ и психоаналитичар кој себеси се дефинира како политички левичар и следбеник на Хегел и Лакан. Жижек е професор на Универзитетот во Љубљана и чест гостин предавач на многу светски универзитети. Пишува и говори на многу теми – од класична философија, психологија, социологија, политика, уметност, итн. и се занимава со клучни прашања за политичка идеологија, идентитет, поп култура... Неговиот пристап е неконвенционален и провокативен. Јас имам малку амбивалентен однос кон Жижек – од една страна, знае да биде брилијантен во својата опсервација и храбро да истапи во демистифицирање политички идеологии, доминантни теории, или културни трендови. Од друга страна, на некои неговите ставови, иако забавни, им недостасува научна строгост. Во секој случај, Жижек е релевантен современ философ и теоретичар чии дела се веќе предмет на научни истражувања.

Еве 4 клипа. Првиот е една куса анимирана анализа на капитализмот, вториот е за екологијата како нов вид религија, третиот е оригинална анализа на различни идеологии, a четвртиот е неговиот говор на протестот на Wall Street. Инаку, има многу видеа на Жижек по нетов. Мало предупредување: не е лесно да се ослободите од иритирачкиот ефект на неговите тикови и изговор.

 
Н

нихилист

Гостин
Штом е бледа верзија на Ајн Ренд значи апсолутно за ништо не го бива...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Има навистина солидни шеги и смисла за хумор, не знам за тоа дали не го бива за ништо, човекот има издадено 100 книги некој дури и за Кембрич, па не можеме да му го урнеме кредибилитетот, барем не ние од форумов.
Во секој случај е позабавен од Чомски и малку пософистициран од Мур, ставовите кој ги презентира во главно се изџвакани и преземени од други филозофи, но Жижек има навистина дарба да ги воочи сите мани на општествота за и прваче да би ги сфатило. Мене ми се блиски неговите ставови и ми е симпатичен, да не е толку исилен во презентацијата со оставање на критика би бил уште подобар.
 
А

Антоние

Гостин
Многу тежок е тој збор "апсолутно", господине Штирнер, многу грамаден. Непријатен на плеќи да го нафрлиш.

Ништо не е апсолутно, поготово не кај човекот општо и кај неговата човекова природа.
 
А

Антоние

Гостин
Аооо па ти стапица си ми поставил :)

Само залудно, уопште не сум некој голем љубител на Ајн Ренд.

The Fountainhead е меѓутоа според мене супер книга која и до ден денес ја препорачувам на млади дечки и на луѓе кои се на крстопат во животот затоа што навистина може да го мотивира човека.

Но настрана од ова објективизмот секогаш треба да се зема со grain of salt.

Секогаш.
 
Н

нихилист

Гостин
По цена да бидам обвинет за шовинизам од локалните феминистки низ форумов, ќе кажам дека Ајн Ренд се здоби со популарност на големо поради тоа што е жена, а жени филозофи се реткост. А дали таа е навистина филозоф, во вистинската смисла на зборот, или обичен новелист од чии дела произлезе една промашена филозофија, е друга работа. Што се однесува до објективизмот, би го критикувал со денови, речиси секој аспект од тоа гледиште е погрешен според мене. Но не е за тоа темата.

П.С. "Стапицата" беше "поставена" ненамерно, така се намести, затоа што првиот твој пост го сфатив како индиректна пофалба спрема Ренд, мило ми е што погрешив. ;)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
А вака освен клиповиве, сте прочитале нешто од Жижек, па да го нарекуавте сертифициран кловн, или пак бледа верзија на Ајн Ранд? Не ми е јасно..

Додуше, од перспектива на Жижек, како што тој би рекол, „секогаш е подобра грубата и директна навреда - едноставно е поискрена“.
 
Н

нихилист

Гостин
А вака освен клиповиве, сте прочитале нешто од Жижек?.
Не, зборувам за себе, мојот коментар беше насочен спрема филозофијата на Ренд, со делата на Жижек не сум запознаен.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Која црна Ајн Рајнд, абдалов е марксист.

Жижек е миленик на современата левица и е лика и прилика на се она што е погрешно со модената левица. Типов се занимава со психоанализа (??) и тоа Лакановска (???). Тоа е исто како да кажеш дека се занимаваш со гледање на гравчиња по методот на оџата од слупчане. Потполно научно неписмен, но храбар и речит, е вистински идол за необразованата маса индоктринирани левичари на кои им продава софизам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Жижек е медиска звезда. Во постмодерното време, не постои вистина или лага, постои само присутност и отсутност во медиумите...

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom