- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Славој Жижек е словенечки философ и психоаналитичар кој себеси се дефинира како политички левичар и следбеник на Хегел и Лакан. Жижек е професор на Универзитетот во Љубљана и чест гостин предавач на многу светски универзитети. Пишува и говори на многу теми – од класична философија, психологија, социологија, политика, уметност, итн. и се занимава со клучни прашања за политичка идеологија, идентитет, поп култура... Неговиот пристап е неконвенционален и провокативен. Јас имам малку амбивалентен однос кон Жижек – од една страна, знае да биде брилијантен во својата опсервација и храбро да истапи во демистифицирање политички идеологии, доминантни теории, или културни трендови. Од друга страна, на некои неговите ставови, иако забавни, им недостасува научна строгост. Во секој случај, Жижек е релевантен современ философ и теоретичар чии дела се веќе предмет на научни истражувања.
Еве 4 клипа. Првиот е една куса анимирана анализа на капитализмот, вториот е за екологијата како нов вид религија, третиот е оригинална анализа на различни идеологии, a четвртиот е неговиот говор на протестот на Wall Street. Инаку, има многу видеа на Жижек по нетов. Мало предупредување: не е лесно да се ослободите од иритирачкиот ефект на неговите тикови и изговор.