^^^^^^^^^^^
Значи,ти сакаш модерни зданија,ја сакам класични...се е работа на вкусови.. Европските градови имаат пракса модерните,т.е така наречените модерни зданија од челик и стакло да ги градат по настрана од центар на градот..пример Дефанс во Париз,модерните згради се на крај на градот.. и уште многу примери..се слагам и со тебе дека можело стакло,не да не, ама зошто стакло а не мермер..? Мене тоа ми е исто како на пример,некој сака дома да се грее на клима или парно, а друг сака класично со камин на дрва..Значи за стилот може да се дискутира, зошто ова, а зошто не она.. Ама тука упорно се форсира тезата дека НЕ треба да се гради,треба да се руши, и треба -ло Скопје да остане исто, зашто некој си архитект од ЦК на КПЈ кажал после земјотресот така.. Кога ќе чујам некој дека било грев што се криела сега зградата на Комерцијална, и на Опера и балет, т.е. скокалницата, ја неможам да се изначудам на мислите на тој човек..
Цитро бе, те плаќа ли некој што си се закачил волку?
Баш коа даваш пример, треба да отвориш и некоја страница (ал од хартија, ал електронска)...Споредбата на Скопје со Париз е благо кажано МОРОНСКА. Си го видел, или подобро, прочита ли бе ти нешто за Дефанс пред да го шлапнеш во пост? Ај, еве ти една мапа на Париз:
http://www.aviewoncities.com/maps/paris.htm; можеби ќе ти се видат интересни црвените и плавите точки и ѕвездички-ќе го најдеш и Дефанс тука. Мислам дека сега веќе би требало да ти е јасно, зш е море, Дефанс мало даље...ииииили уште ништо?

Прочитај нешто за Дефанс, се наоѓа на нет, мене ми беше интересно...
И па имаш грешка у програмата-никој не вика дека не треба да се гради, но има ГЛАСЧЕ кое вика дека треба да се мисли ШТО се гради и како. А тезата дека треба да се руши ја форсирате вие, драги партиски ПОЛТРОНЧИЊА, ако не ми веруеш врати се пар страни назад...
Малку е симтоматично што ко хипнотизирани сте се нафрлиле на скопскиот плоштад, па не само објекти (во кој-знае-каков "стил"), туку и преправање на фасади, гужвање на споменици кои (според нечија генијална замисла) треба да ја раскажат историјата на Македонија (ја стварно не можам да ја сФарам идејата за Гоце и Даме на КОЊ)...и се тоа додека Скопје се гуши во сообраќаен метеж, додека плочки паѓаат од кулите на Градски ѕид, додека се води борба (најчесто со клетви и псовки) меѓу возачите и пешаците и велосипедистите, кои се борат за простор...
И да нема забуна, НИКОЈ не вика дека Скопје треба да остане ИСТО. Такво настојување е нелогично и бесмислено. Невозможно е. Значи, еве пак, ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ, но при тоа да се остави на страна политиката, личните вкусови и гледања кои, во начиов слушај се решавачки.