Скопје и скопјани наспроти останатиот дел од Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Прибидејќи вчера tonialfista отвори тема која се претвори во (вметни блесав збор тука), а за која сметам дека треба да постои на форумов и да се направи една не-чек дис аут дискусија ај вака.

Не е само tonialfista, досега сум фатил две емисии (Јади Бурек и Бакалница) каде се дискутирало за ова и слушнав многу скопјани кои размислуваат исто како него.

Значи тврдењето е дека многумина од градовите ширум државава едвај чекаат да завршат средно и да дојдат да студираат во Скопје, каде освен студирањето ќе се потрудат да најдат работа, која според тврдењата ја работат за минимална плата само за да можат да плаќаат стан и сл.

Исто така цел на женските е да најдат некој скопјанец, да се омажат за него и да останат да живеат во главниот град.

Што мислите пред се вие скопјаните за ова, дали ги чуствувате како закана, како нелојална конкуренција? Дали мислите дека ако сте од главниот град имате ексклузивно право на него и сл.

Само немојте во чек дис аут да ја отерате и исклучете капс лукот и латиницата пред да постирате :pos:
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
За Скопје конкретно јас чувствувам закана само од некултурата на луѓето, без разлика дали се родени во Скопје или доаѓаат од други градови.

Тоа што ми пречи е немање култура на живеење, нехигиена и недостаток на одговорност кон сожителите. Инаку, нека доаѓа кој сака и од каде сака, не ми пречи.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
се сложувам со тебе! и стварно ми е доста од тие ефтини провинцијалки кој се ке напраат да се пикнат кај некој у гаки. ја иначе живеам кај еден студенкси дом у скопје- на иста улица и преку к** ми се. како деца неизживеани. верувајте зборам барем за девојките нити една не е дојдена да учи овде. сите за да се омажат!!! жално... :jaj:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Значи тврдењето е дека многумина од градовите ширум државава едвај чекаат да завршат средно и да дојдат да студираат во Скопје, каде освен студирањето ќе се потрудат да најдат работа, која според тврдењата ја работат за минимална плата само за да можат да плаќаат стан и сл.
Кај би студирал на друго место? Истанбул, Софија? Не сме ние провинцијалците криви што се е сконцентрирано Скопје!

Еве јас барам работа Струга-Охрид пошто од таму потекнувам и живеам, ама НЕМА. Постојат 2-3 фирми што се бават со мојата област и имаат по 4-5 вработени само. Толку е пазарот тука.

Да не зборам за тие од истокот, освен земјодлество друг избор немаат.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Па не чувствувам закана од никого, бидејќи ако сум квалитетен и трудољубив никој не може да ми земе работа незаслужено (секако да не мешаме врски во муабетот).
Сепак мислам дека е претерано што сите доаѓаат тука, бидејќи градов почнува да се гуши во бетон, автомобили и згради. Знам дека тука се поголеми можностите, но би било подобро за сите доколку се порамномерно распределени луѓето.
 
П

Паган-др

Гостин
Нека се доселуваат кој им пречи. Само нека имаат основна култура, нека живеат цивилизирано. Што има некои скопјево вакво скопјево такво. Ако ти смета оди си. Никој не те тера да доаѓаш овде.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
се сложувам со тебе! и стварно ми е доста од тие ефтини провинцијалки кој се ке напраат да се пикнат кај некој у гаки. ја иначе живеам кај еден студенкси дом у скопје- на иста улица и преку к** ми се. како деца неизживеани. верувајте зборам барем за девојките нити една не е дојдена да учи овде. сите за да се омажат!!! жално... :jaj:
Ич не се согласувам со тебе. Имам во зграда 2 девојчиња од села не знам каде.... ни дечковци бркаат, ни дома ги носат. (врата до врата сме)

Ороспии има секаде! А за у скопје не сакам муабет да праам. Демек овие биле ефтини, па ќе ги бркаме.... се за такозваните скапи растур да се праат за пијачка...
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Значи вака... нецивилизацијата и недоличното однесување во нашата држава не потекнува од местото каде сме родени или каде што сме живееле до завршувањето на средното школо.
Смешно е да се каже дека луѓето кои се селат од другите градови во Скопје се криви за нередот, ѓубрето и некултурата во истиот град.
И не, не ми преставуваат закана во ниеден поглед, не ги ни гледам како различни од моите сограѓани.
Како што кажа некој член погоре, и на сите нив не им е до живот во ваков град можеби, но факт е дека не во секој град има факултети или работни места како тука. Сигурно никој не би го напуштил својот роден град доколку има можности да се развива на професионален план во својот град.
 
Д

Демијан

Гостин
А Скопјанец кога ќе отиде во Велес провинцијалец е?Иначе дека во Скопје има провинцијалци не ми смета на мене како стар Скопјанец по корени.Единствено ми смета што има еве пример штипјани што студираат на економски во Скопје а место да си студираат дома.И сега со тоа тие ги зафаќаат местата на студенти од Скопје и некои другарки мораа да одат во Штип да студираат,поради тоа што местата за тука им ги фатиле Штипјанки.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Temava nakaj kanta mi se pridvizuva.

ja potsurediv, gledajte da ne ja ukakate povtorno.

Iako e glupava, ajde, neka bide.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
се сложувам со тебе! и стварно ми е доста од тие ефтини провинцијалки кој се ке напраат да се пикнат кај некој у гаки. ја иначе живеам кај еден студенкси дом у скопје- на иста улица и преку к** ми се. како деца неизживеани. верувајте зборам барем за девојките нити една не е дојдена да учи овде. сите за да се омажат!!! жално... :jaj:
Значи темата е дали се осеќате загрозено од нив, ок се снашле они ако се дојдени за мажачка , по коментарите можам да видам дека и им успева, а вие како сте загрозени ако може да знам, оти ви ги земат мажите или ?
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Вчерашната тема беше комлетна зафрканција.

Јас лично немам ништо против тоа што луѓето од другите градови доаѓаат да студираат или работат во Скопје.
Зборот провинцијалци најчесто сите го поистоветуваат со сељаци кои дошле од друг град и сеа се филмаат во Скопје.

Кај нас поголемиот дел од другиве градови во Македонија се без никакви услови за младите луѓе. Факултети има само во неколку градови, а за добри работни места да не зборам. Зар оние талентирани и паметни средношколци да останат во својот град да бидат земјоделци или да работат на некои лоши работни места?
Нормално е да дојдат во Скопје и да се трудат да успеат, за она што тие го сакаат и за што се талентирани.
Повеќето факултети се во Скопје, повеќето добри фирми имаат седишта во Скопје.
Кога би се отварале факултети во други градови и кога фирми и фабрики би се отварале во другите градови, оваа преселба во Скопје нема да е во толкав голем број.

Точно дека има провинцијалци кои доаѓаат тука и бараат скопјани за да останат тука да живеат. Одат од помал град во поголем и бараат начин за успех. Не сите, него ова се исклучоци.
Истото има и скопјани кои одат во друг град во странство и ги користат истите свои способности за успех и опстанок.
Тоа е до личноста, не е до тоа дали е провинцијалец или скопјанин.

Плус 95% од скопјаните имаат потекло од други градови.
Дошле за подобар живот во Скопје.
Оној којшто е задоволен од себе и своите способности ќе нема предрасуди и нема потреба да се плаши од луѓето од другите градови.
Не треба да ги осудуваме луѓето што сакаат успех и подобар живот.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Temava nakaj kanta mi se pridvizuva.

ja potsurediv, gledajte da ne ja ukakate povtorno.

Iako e glupava, ajde, neka bide.
зошто ми е избришан постот? Не беше нешто посебно вулгарен... башка ме интересира од кај толкав негативизам (примитивизам, шовинизам) кон провинцијалците...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јас искрено би се преселил во друг помал град отколку тука да останам. Скопје не е веќе град, туку една голема смеса на бетон, чад и ѓубре. Поубаво би живеел во Охрид или Струмица на пример зашто малце не го сваќам тоа дека само во Скопје има работа зашто тотално не е во право, секаде има работа ако ја бараш. А иначе ич не ми сметаат од другите градови што доаѓаат тука туку баш ми е симпатично онака Македонија на мало но имам мала замерка на луѓето кои идат на факултет во Скопје а имаат ист таков во својот град.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Кај би студирал на друго место? Истанбул, Софија? Не сме ние провинцијалците криви што се е сконцентрирано Скопје!

Еве јас барам работа Струга-Охрид пошто од таму потекнувам и живеам, ама НЕМА. Постојат 2-3 фирми што се бават со мојата област и имаат по 4-5 вработени само. Толку е пазарот тука.

Да не зборам за тие од истокот, освен земјодлество друг избор немаат.
Да ама знаеш како бараат работни места , незборам конкретно за тебе , Скопјанец му бара на работодавецот на пример 20к во својата струка еве информатика да речеме , и сеа доаѓа некој од надвор и вика што 20к , јас ке ти работам за 10к .. и ајдеее ред се редат .. и се намалува стандардот на народот , тој што е богат стануе побогат и арееееее у пропаст отидофме од провинцијалците ...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom