Скопјанки - спремајте бикини!

Плажа на Вардар?


  • Вкупно гласачи
    186
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Ооо па грешката е до тој што ја отворил темата..Требал у заграда да пише (Само од Скопјанишча дозволени се коментари ) 80% од буџетски пари што се инвестираат,се инвестират у Скопје и ја да немам право да коментирам..Не би рекол, и ја плаќам даноци исто како и ти. И си го ставил Вардар у потпис,вие Скопјани сте за ќутек бе, се лупате у груди Вардар ова Вардар она,гордост Македонска ви бил, а после кењате и мочате у него, и кој е крив , Цацко е крив..
Точно е дека 80% (ако не и повеќе) од буџетските пари одат за инвестиции во Скопје. Но дали ние гледаме некаков ќар од тѕие инвестиции??? Зашто со тие пари не отворат некои работни места, или да ги дадат онаму каде што стварно се потребни (пола од училиштата се распад систем, болниците се врв на нечистотијата, улиците имаат кратери од по еден метар). Епа на народот му е преку кур од сите проблеми на денешницава и воопшто не ни е до сончање. Ќе прават плажа на Вардар, а има смет колку ти душа сака. Прво нека го расчистат тоа, па после нека прават плажи.
Кажав и во темата за Скопје ќе кажам и овде. Преку куррррррр од овие споменици. Нити на кеј можеш да си поминеш, ниту имаме плоштад ниту Скопје личи на нешто. И тие пари место да се дадат на милионите фирми во МК кои пропаднаа, они идат за споменици. И ќе ги стават тие споменци, и за месец дена ќе бидат ишкртани со илјадници потписи, пошто таков народ сме ние, а никој нема да ги обезбедува....

Ако не се гради - зошто не се гради?
Ако се гради - Зошто се гради?
Нема погодија на овој народ
Се гради ама тоа што не ни треба. Го знаеш вицот со детето без раце. За роденден татко му му купил колачиња. И ова му рекло тато па јас немам раце, и овој епа сине нема рачиња нема ни колачиња. Така и кај нас, ми треба РАБОТА за да живеам, а не плажа за да уживам....

па до народот е!!!

и не мора да значи дека ако има плажа мора луѓето да се бањаат,типиче пример ти е Париз каде што има градска плажа,а сепак луѓето само се сончаат!!!
па не се сите Македонци "богати" да си дозволат потемнување по некои странски плажи и секој викенд во Охрид:toe:

но според нашиов МЕНТАЛИТЕТ не гледам дека некоја ДЕВОЈКА ќе се ОСМЕЛИ да дојде по бикини покрај кејот................одма ќе почне со свиркање,чксссссс мала,wowwwwwwww,овие мора да се курви што само они доаѓаат на плажата,одма клипови слики ќе фрчат,па нашите "браќа" одма како глутница од хиени ќе дремат деноноќно околу плажата..............
Токму така. Тоа ќе биде мека најпрво за циганите. Истите тие што се бањаат сред центар во фонтаните ќе се шлапаат деноноќно на плажата. Плус се знае колку провокации ќе има на меѓуетнички план. Често истото се дешава кај камени мост, а попалените ни браќа ( не дека и кај нас нема поарни), ќе свиркаат цело време по женските и после Маедончето ќе биде окрицвувано по телевизии како тепа невини дечиња кои случајно минувале крај плажата...
Едноставно во Скопје сеуште не сме зрели за вакви работи....


П.С: можда се занесов малку за темава и заборавив дека е у ЧДА. Извинете ме многу :icon_mrgr
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Saber Rider раскажуваш лектири и мало дете знае кои проблеми ги имаме,биди задоволен и со толку што имате у Скопје,дојди у Куманово да видиш како се живее..па ќе сакаш што побрзо да си се вратиш у твоето "убаво " Скопје.. Ѓубрето ја да не ви го фрлам,сами си го фрлате, па прљаво ви е, епа ако ви е..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас само да ве известам дека проектот толку многу ме фасцинира што почнав да пишувам сценарио за филм кој ќе го снимиме на плажата...
Филмот ќе се вика "Пиратите од Аеродром". Дополнително ќе ве известам за тоа кога и каде ќе биде кастингот за улогите па кој е заинтересиран нека дојде на аудиција.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Saber Rider раскажуваш лектири и мало дете знае кои проблеми ги имаме,биди задоволен и со толку што имате у Скопје,дојди у Куманово да видиш како се живее..па ќе сакаш што побрзо да си се вратиш у твоето "убаво " Скопје.. Ѓубрето ја да не ви го фрлам,сами си го фрлате, па прљаво ви е, епа ако ви е..
АМА ШТО МИ ПОМАГА МЕНЕ ОВА ШТО ГО ИМАМЕ????? Еднаш не ми одговори... Биди задоволен, биди задоволен....ОД ШТО ДА БИДАМ ЗАДОВОЛЕН???? Од тоа што неможам како човек да си прошетам по кеј, од тоа што неможам да поминам од машинерии по плоштад???? ЗАШТО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИ НА ПРОЕКТИ КОИ ВООПШТО НЕ СЕ ПОТРЕБНИ???
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
глупости бе брааат
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што се замарате бе,одам да ги спремам купаќите,ја земам Македонка 1986 под рака и одиме да уживаме во прекрасната ареа на плажата на Вардар.Ќе шмекаме мртви риби и по некоја портокалова овца која дошла да ужива во сонцето.Викторе доаѓаш со нас? :icon_lol:
Ќе ја земам и Џени за да не научи да пливаме покрај делови од шпорет,фиќо или мрежи за риби :)
Ќе биде:Исправи се Делфина :)))
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Епа кога државата ни е до врат со најразлични срања кои неможи да ги реши ќе измислуваат споредни проблеми идеи, и привидно ќе се насочуваат кон нивно решавање и реализирање за да го залажат народот да не мисли на вистинските проблеми од кои доколку се решат ќе имаат корист. Нели се дрвеше дека тоа одвнатре е поважно од тоа однадвор? Епа тие зборови не вредат ништо кога системот е срање ама важно центарот на Скопје ни е убав, затоа што и онака важните куриња од Европа само таму и ќе шетаат.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ќе ја земам и Џени за да не научи да пливаме покрај делови од шпорет,фиќо или мрежи за риби :)
Ќе биде:Исправи се Делфина :)))
Да ти не улети нека... бомба... Бомба? Јес, бомба... Бомбаааааа!
Запознајте ја татковината, како другите што ја знаат!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да ти не улети нека... бомба... Бомба? Јес, бомба... Бомбаааааа!
Запознајте ја татковината, како другите што ја знаат!
ЗА ТАТКОВИНАТА СЕ РАБОТИ!
Да се врати проектот на Коце за стариот часовник на еден саат да се пушта народна песна! Пејте,сликајте се и сончајте се Македонци,само уште тоа ни остана :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ма нека прават што сакаат, та преку таквото веќе. И така тие пари немаше да се вложат во нешто паметно туку повеќе ќе си земеа за себе. Вака исто како да си зимаат од нивни џеб:)
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Е ај бе, нека се гради. Што било, битно нека се гради нешто.

До народот е мислиш, или до тебе?
Па подобро да се гради било што отколку тие пари да завршат во нечиј џеб, за некој мерцедес или некоја вила плус.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Па подобро да се гради било што отколку тие пари да завршат во нечиј џеб, за некој мерцедес или некоја вила плус.

Ко вака да нема да завршат од тендер, фирма на брат, сестра, внук, баџанак :pos2:
 

Sp1r0

Заљубен
Член од
8 мај 2010
Мислења
157
Поени од реакции
19
Ко вака да нема да завршат од тендер, фирма на брат, сестра, внук, баџанак :pos2:
Ќе си пее некој од нив после:Куќа имам на Пелистер аџанак баџанак,кој му стиска нека дојде аџанак баџанак!:pos2:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Па подобро да се гради било што отколку тие пари да завршат во нечиј џеб, за некој мерцедес или некоја вила плус.

Tи ова сериозно ???

Сигурно нема у нечиј џеб да завршат ...сигурноо :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom