Скопјанец тврди дека видел неидентификувани светлечки објекти

S

Sagan

Гостин
Сметам дека воопшто не станува збор за вонземјани, туку за напредна форма на живот од друга димензија на Земјата. Развиената технологија им овозможува успорување на вибрацијата на материјата, поради што летечките објекти им стануваат видливи за човечко око. Може се работи за аномалија во нивната технологија, можеби тоа го прават намерно.

Како и да е, тие се тука, но се невидливи за нас.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Вакво срање видов и јас пред 4 минути.Беа две,едно поголемо и едно помало,одеа едно позади друго,помалото зад поголемото,и помалото трепереше со светлината.Не беа брзи,напротив многу споро се движеа.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Немам видено НЛО ама пред 3-4 години видов комети. Едно од најубавите нешто што ми се имаат случено во животот:)

А вакво нешто дури не видам не верувам !
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Па во ваква ли вукојебина ќе дојдат вонземјанците, па тука и да дојдат и да се поздрават, никому ништо, никој нема да извести за тоа. Се знае дека ако има вонземјанци, тоа може само во Сад, таа јадна мора да ги трпи сите напади инаку како би ние знаеле што се тоа вонземјанци.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Сметам дека воопшто не станува збор за вонземјани, туку за напредна форма на живот од друга димензија на Земјата. Развиената технологија им овозможува успорување на вибрацијата на материјата, поради што летечките објекти им стануваат видливи за човечко око. Може се работи за аномалија во нивната технологија, можеби тоа го прават намерно.

Како и да е, тие се тука, но се невидливи за нас.
За неупатените, се работи за едноставно користење на wormholes, попознати како портали околу земјата спомнати и во темата за религија и НАСА има потврдено. Се разбира се е во фатот, т.е. флуксот, па ако навигаторот зел лош зачин може да ја зезне видливата пермеабилност на мултиверзворп меурот и да биде воочен од скопјаните.
Оваа технологија е опишана во многу научни трудови, но консензус е дека не сме сеуште толку развиени за да ја искористиме.

Се думам и некако ептен ми е коинциденција со откривањето на хигсовиот бозон, мислам пред некој ден го откривме и сега ова, можда некој не сака што ние туку така ја откривме божјата честичка. Дали мислите дека ќе имаме последици од тоа што си играме со такви работи? Бидејќи македонците се најдревниот и најбожји народ, не е воопшто чудно што токму тука пристигнува предупредувањето. Луѓе пазете се не е на арно работава.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Време беше и нас да не посетат, цело време ги посетуваат само Америте и Мексиканците .......... редно беше и нас да не видат ............ и покрај тоа што на интернетов се вртат безброј фотографии/видеа од неидентификувани летечки објекти(НЛО) кои се видени и снимени на различни краишта од планетава(на сите континенти) сепак до сега нема некоја јасна потврда од НАСА и другите светски агенции и институции за вселенско истражување дека навистина постои жив свет надвор од нашава планета ............ како и секогаш научниците и ваквите агенции си молчат, а секој ден пристигнуваат нови видео-клипови од очевидци кои виделе и снимиле НЛО/а ............ дури имаше и клип на ЈуТјуб како во Сибир е пронајден вонземјанин(поточно дете вонземјанче) кое го сецираа ........ ама потоа демек тоа било кукла т.е. фејк видео !
Пред некој месец имаше чудни необјасниви звуци насекаде ширум планетава ........... и пак одговорот не беше кажан од никого, од каде и од што беа тие звуци !
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Да ви се придружам кон општата хистерија.... Вчеравечер дури си седевме со другарите еден рече дека видел нешто што како авионска светина, но брзо движејќи се нагоре (обратно од начинот на паѓање метеорити) изгледало како да ја напушта земјината атмосфера.
На шега констатиравме дека мора да биле вонземјани, а тој баш и не беше расположен да се докажува.
 
?

..........

Гостин
Сметам дека воопшто не станува збор за вонземјани, туку за напредна форма на живот од друга димензија на Земјата. Развиената технологија им овозможува успорување на вибрацијата на материјата, поради што летечките објекти им стануваат видливи за човечко око. Може се работи за аномалија во нивната технологија, можеби тоа го прават намерно.

Како и да е, тие се тука, но се невидливи за нас.
Може да биде се и сешто, но најинтересно е што тоа нешто што и да е е нејасно несватливо за луѓето, исто како што молњата била нерешлива енигма за предците, можеби овие појави се нормални природни појави за кој сеуште нема научно објаснување...
Можеби е господ..:свиркам:
 
K

kalimer0

Гостин
Немам видено НЛО ама пред 3-4 години видов комети. Едно од најубавите нешто што ми се имаат случено во животот:)

А вакво нешто дури не видам не верувам !
Појди на место каде што нема многу светлина (некое село на пример) и набљудувај го небото преку ноќ. Во најмала рака ќе видиш многу комети особено сега летово :)
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
И јас видов еднаш пред околу 6-7 години на небото слична појава, се случи над мојата зграда, беше доцна навечер, прво изгледаше како ѕвезда ама беше многу голема, а до сега никогаш ја немав приметено и трепкаше, се движеше во круг и се повеќе го зголемуваше кругот, концентрично и одеднаш почна бои да менува, прво беше бела, па сина, па црвена и зелена и така наизменично. Се траеше околу еден саат, меѓувремено си гледав филм и си ѕиркав на небото, се до моментот кога светлината стануваше се помала и на крај исчезна. Од тогаш почнав да верувам во НЛО и плус подоцна што читав една книга во која пишуваше за очевидците што виделе слична таква појава на небото што ја менува бојата во сино, црвена, зелена и искрено ме фатија морници, ама барем сфатив дека не сум единствена што видела НЛО.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Појди на место каде што нема многу светлина (некое село на пример) и набљудувај го небото преку ноќ. Во најмала рака ќе видиш многу комети особено сега летово :)
Тоа не се комети .............. тоа се метеорити или пак ѕвезди кои паѓаат/согоруваат, кометите се нешто поголеми, имаат јасно видлива опашка и поголеми се(сигурно се сеќаваш т.е. си ја набљудувал кометата Халеј-Боб во ’97 или во ’98 год. мислам дека беше април/мај месец така нешто, јасно се гледаше од кај нас) ............... и јас сум престојувал летен период во планински села и сум го приметил тоа што ти го кажуваш, но тоа не се комети друже, туку метеорити(дожд од метеорити) или пак ѕвезди кои паѓаат т.е. согоруваат во атмосферата !
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Сигурно се сеќава како тогаш ги бербател пелените, али Хејл-Боп тешко дека го памти.
Па незнам колку год. има членот, можеби е помал(пеленарче:icon_mrgr:), јас тогаш имав некаде 11 год. така да добро се сеќавам, кометата Халеј-Боб јасно се гледаше од мојот двор ........ голема светла топка, со јасно изразена/видлива опашка ......... беше мислам ’97 год.(април/мај месец) и потоа во јуни месец веќе постепено изчезна од видикот !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom