The_Red1
значи фактички
- Член од
- 18 септември 2009
- Мислења
- 4.209
- Поени од реакции
- 4.756
Не го оправдувам ни случајно, нити спомнав негде. Ама штом ти ставаш потпис на парче хартија и се согласуваш за “нешто“, ондак напишаното на хартијата има полноправно дејство макар било напишано на хартија за бурек или тоалетна хартија, само да не е во спортивност со правото во Македонија. Тоа ми е муабетот.А како го оправдуваш фактот што адвокатов воопшто не ни поднел тужба во судот за тоа што му побарал клиентот? Ако го добиел случајот тогаш нормално дека ќе си ги добие и заработените пари, ама вака без работа сака пари да му платат. Тоа е чист рекет.
Не можам да дадам суд пошто немам во раце ни договор, ни тужба, ниту ништо. Ама како и да е, ако делот за 35% што е е точен, тогаш за мене Борче е една невидена глуперда.
Тука пишува “договорената награда за застапувањето“, непрофесионално јас го толкувам вака: “ради тоа што ти се деси ние ке побараме отштета од 40 000 евра, во случај да го добиеме предметот ти мене ке ми дадеш 35% или 12 000 евра, исто така, во случај на едностран раскин на договорот тој што го раскинува на другиот треба да му даде 12 000 евра, пушти си рака“. Посебно ако е некој со основно или евентуално без образование (не ги омаловажувам туку давам пример) ке се фокусира на првите 40 000 евра и очите на 16 ке ги отвори, се друго кажано или напишано после тоа ке го пречкрта со поглед.можно е да има игра, напишано е 35% од висината на побараната а не добиената одштета...
е сега неможе да го раскине договорот до истекот на застарувањето за тужба, а после доцна е..
а тешко да докаже дека адвокатот го саботирал намерно.
Во ред е барање за трошоци (ама реални) по адвокатски тарифник, а договорот може да се пријави во МВР како измама, сепак 12.000евра е голема пара, може да се испита и гони по службена должност..
Има право адвокатот ако странката добила вонсудска одштета од тужена страна, а било договорено про боно но и 35 % од одштетата, но и тогаш или трошоци или 35% од одштетата.
Се ова е нејасно, а и многу лоша антиреклама за адвокатската фела, треба комората да го преиспита се ова. Инаку многу попаметно е секој што работи во опасна професија да се осигури, компанијата си има и вешти лица и правници, па ако има вина на 3-т субјект таа од него(или негова компанија) ќе си наплати а осигуреникот нема што да се расправа со судови и адвокати...
Секако, не ја знаеме целата ситуација и може само да си претпоставуваме, ама не ја изоставам варијантата адвокатот да изиграва мајмун само да заебе некој друг за он да си го добие тоа што го сака.
Не знам дали грешам ама за вакви спорови адвокатот добива 20% од вкупната сума, бар така сум сретнал неколку спорови. Јес да си договараат самите ама 35% е премногу дефинитивно.