Скопјанец на мака: Адвокатот не ни поднел тужба, а му бара 12.000 евра награда

Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
За малку буквално ќе останев без главата на работното место, а сега адвокатот што го ангажирав за да добијам отштета за несреќата сака да ме дотепа, па ми бара 12.000 евра награда за случај што, не само што не го добил на суд, туку не ни поднел тужба.

Со вакво обвинување и со фактура за побарување од 753.336 денари во редакцијата на „Дневник“ дојде Борче Јакимовски од Скопје, кој смета дека адвокатот Бранко Kузмановски сака со рекет да му изнуди пари зашто го раскинал договорот со него без согласност од двете страни. Адвокатот, пак, тврди дека нема ништо спорно во случајот и оти законот е на негова страна, па подготвува и тужба за клевета ако не добие јавно извинување од Јакимовски.

Во фактурата што ја добил од канцеларијата на Kузмановски стои дека 53.336 денари се за надомест за трошоците направени до раскинување на договорот и надомест за штета од 700.000 денари или сума што адвокатот требало, според договорот, да ја добие ако го добијат случајот.

Според Даниела Јакимовска, ќерка на Борче, несфатливо е зошто по 18 месеци с` уште не поднел тужба до судот. Тој во договорот навел на име на награда да му бидат исплатени 35 отсто од досудените износи на надоместоци на штета. Тоа е нереално побарување, бидејќи, како што се распрашавме во Судот, за случај како на татко ми, ако се досуди, се одредува сума од максимални 5.000 евра. А во тој случај 35 отсто секако не се 12.000 евра или побарување од 700.000 денари – вели Даниела.

- Ова е срам за адвокатурата. Тоа е човек што не го почитува законот. Поради такви како него би ја искинала дипломата за завршен правен факултет – вели Даниела.

- Ова е намерен акт против мене за да ми се наруши угледот. Фактурата со трошоци им ја доставив откако побараа да го раскинат договорот без моја согласност. Ние како адвокатска канцеларија и една од моите адвокатки, која ги застапуваше, сметаме дека не ни беше оставено успешно да си ја извршиме работата. С` што е направено од наша страна е фактурирано и за тоа Јакимовски мора да ги плати трошоците – вели адвокатот Kузмановски. Тој објаснува дека двете страни се договориле ако една од страните еднострано го раскине договорот, штетата да биде во висина на договорената награда за застапувањето.

Тој како возач на камион во фирмата ДГ „Новоградба“ Владимир и други ДОО Скопје требало да пренесе една палета од 20 вреќи цемент за потребите на фирмата. Но при товарењето во стовариштето на фирмата „Малмекс“ бил тешко повреден. Виљушкарот на стовариштето ја поткренал страницата на камионот, која го удрила Јакимовски во главата. Од ударот камионџијата добил неколку фрактури на носот, забите и на челото, па сакал да ја тужи „Малмекс“ за несреќата.

Сте билие ли Жртва на Адвокатска Измама ??
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Тој објаснува дека двете страни се договориле ако една од страните еднострано го раскине договорот, штетата да биде во висина на договорената награда за застапувањето.
Скраја да е дека го бранам адвокатов ама ако Борче ставил потпис на договореното и те како се согласил да плати 35% после раскинот.
Мене ми е чудно само каде му бил паметот кога го потпишувал тоа. Ваљда не очекувал ако побара раскин на договорот овој одма да се согласи и пу пу не важи да биде.
И зошто побогу чекал 18 месеци?!


И не, не сум бил жртва на адвокатска измама а и не планирам во иднина да направам вакво нешто како адвокатов.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Штета што луѓето не ги читаат договорите од било кој вид туку одма го бараат местото каде треба да се потпишат. Не само за вакви договори туку и најобични за мобилни а па за кредит во банка ич да не спомнуваме :(
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
Скопската полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство поднела кривични пријави против 54-годишен адвокат од Скопје и 23-годишен жител на тетовското село Доброште, поради измама со осигурување од сообраќајна несреќа.

Имено, лицето од Доброште како оштететено во сообраќајна незгода и неговиот застапник, во текот на 2010 година во Скопје со намера да стекнат противправна имотна корист на име надомест на нематеријална штета од автоодговорност, со двојно пријавување на оштетено побарување од ист инцидент, како и со лажно прикажување и прикривање факти ги довеле во заблуда вработените во „Евроинс-осигурување" АД Скопје да им исплатат средства во висина од 1.330.824 денари, а на штета на Националното биро за осигурување.

На 4-ти јули 2007 година, околу 23 часот во село Доброште, според полициските записници, автомобил „форд сиера"потфатил со тркалото бекатон плочка која отскокнала и го удрила во глава второпријавениот кого полицијата го идентификува со иницијали Ј.А. Потоа на 20-ти август истата 2007 година , оштетениот му дал полномошно на скопскиот адвокатот идентификуван од полицијата со иницијали Б.К, за наплата на штета причинета во сообраќајна незгода што се случила во селото Доброште.

Адвокатот повикувајќи се на гореспоменатото полномошно на 16-ти октомври друштвото за осигурување „Макошпед" АД Скопје, чиј правен наследник е „Евроинс-осигурување" АД Скопје, поднел барање за исплата за надомест за претрпена штета по основ на задолжително осигурување на трети лица од автоодговорност во вкупен износ од 1.530.000 денари.

Откако барањето било разгледано во осигурителното друштво „Макошпед" АД Скопје било констатирано дека не постои правна основа за негово позитивно решавање. На 15-ти јануари 2008 година, оштетениот повторно поднел барање за надомест на штета од истиот инцидент, но овојпат во осигурителната компанија АД „Вардар осигурување - Скопје", каде било констатирано дека се исполнети условите за исплата на штета, и на 28-ми февруари 2008 година му биле исплатени 705.000 денари на трансакциската сметка на второпријавениот во случајот, жителот на тетовско Доброште.

Меѓутоа, и покрај тоа што ги наплатил средствата за отштета, доброштанецот преку својот правен застапник, на 4-ти јуни 2008 година поднел тужба до Основен суд Скопје 2 Скопје против друштвото за осигурување „Макошпед" АД Скопје за истиот инцидент, при што во тужбата скопскиот адвокат, како што нагласува полицијата, нотирал лажни факти дека второпријавениот Ј.А. е од Прилеп, село Доброште.

Така, на 30-ти декември 2009 година, во Основниот суд Скопје 2 Скопје била донесена пресуда со која туженото осигурително друштво „Макошпед" АД Скопје е задолжено да му исплати на оштетениот вкупно 1.330.824. денари. Врз основа на оваа пресуда подоцна „Евроинс-осигурување" АД Скопје ја исплатило назначената од скопскиот суд сума во висина од 1.330.824 денари, а на штета на Националното биро за осигурување.

Инаку, како што забележуваат од Министерството за внатрешни работи, на пријавениот скопски адвокат досега му биле поднесени уште 11 други кривични пријави за кривичното дела осигурителни измами.[DOUBLEPOST=1393339124][/DOUBLEPOST]ако се оди подлабоко и други случаеви ќе се откријат сепак
едно е сигурно дека , секогаш треба со внимание да им пристапеш на адвокатите и секогаш да ја пратеш нивната работа !!!
оти они се подготвени на се
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.288
Навистина чудна приказна која може да има неколку варијанти. Можно е или поднесувачот на тужбата да има раскинато предвреме договор со адвокатот или пак адвокатот од него добро познати причини намерно да не ја поднесе тужбата и да се праи на Тошо ако другата стана даде повеќе пари. Хммм :cautious:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Скраја да е дека го бранам адвокатов ама ако Борче ставил потпис на договореното и те како се согласил да плати 35% после раскинот.
Мене ми е чудно само каде му бил паметот кога го потпишувал тоа. Ваљда не очекувал ако побара раскин на договорот овој одма да се согласи и пу пу не важи да биде.
И зошто побогу чекал 18 месеци?!


И не, не сум бил жртва на адвокатска измама а и не планирам во иднина да направам вакво нешто како адвокатов.
А како го оправдуваш фактот што адвокатов воопшто не ни поднел тужба во судот за тоа што му побарал клиентот? Ако го добиел случајот тогаш нормално дека ќе си ги добие и заработените пари, ама вака без работа сака пари да му платат. Тоа е чист рекет.
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
Навистина чудна приказна која може да има неколку варијанти. Можно е или поднесувачот на тужбата да има раскинато предвреме договор со адвокатот или пак адвокатот од него добро познати причини намерно да не ја поднесе тужбата и да се праи на Тошо ако другата стана даде повеќе пари. Хммм :cautious:



sto i da znaes e najcesta varijanta tokmu toa mi se ima sluceno mene , vo predmet za nedviznost !!!
rasipana igra od advokatot[DOUBLEPOST=1393346840][/DOUBLEPOST]
А како го оправдуваш фактот што адвокатов воопшто не ни поднел тужба во судот за тоа што му побарал клиентот? Ако го добиел случајот тогаш нормално дека ќе си ги добие и заработените пари, ама вака без работа сака пари да му платат. Тоа е чист рекет.
za takvo delo prvo odgovara za zloupotreba na sluzbena dolznost , vtoro odgovara pred advokatska komora i 3 ja gubi licencata za advokat !!!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
Скраја да е дека го бранам адвокатов ама ако Борче ставил потпис на договореното и те како се согласил да плати 35% после раскинот.
Мене ми е чудно само каде му бил паметот кога го потпишувал тоа. Ваљда не очекувал ако побара раскин на договорот овој одма да се согласи и пу пу не важи да биде.
И зошто побогу чекал 18 месеци?!


И не, не сум бил жртва на адвокатска измама а и не планирам во иднина да направам вакво нешто како адвокатов.
можно е да има игра, напишано е 35% од висината на побараната а не добиената одштета...
е сега неможе да го раскине договорот до истекот на застарувањето за тужба, а после доцна е..
а тешко да докаже дека адвокатот го саботирал намерно.
Во ред е барање за трошоци (ама реални) по адвокатски тарифник, а договорот може да се пријави во МВР како измама, сепак 12.000евра е голема пара, може да се испита и гони по службена должност..
Има право адвокатот ако странката добила вонсудска одштета од тужена страна, а било договорено про боно но и 35 % од одштетата, но и тогаш или трошоци или 35% од одштетата.
Се ова е нејасно, а и многу лоша антиреклама за адвокатската фела, треба комората да го преиспита се ова. Инаку многу попаметно е секој што работи во опасна професија да се осигури, компанијата си има и вешти лица и правници, па ако има вина на 3-т субјект таа од него(или негова компанија) ќе си наплати а осигуреникот нема што да се расправа со судови и адвокати...
 
A

Advokatisce

Гостин
многу брзате. Ја слушате само едната страна, ниту ги знаете околностите и одма заклучивте дека адвокатот е преварант. Полека малце ниту сте го виделе договорот да знаете што напишано а уште помалце што они се договориле меѓу себе. Покрај тоа никој не го натерал да го потпише договорот. За адвокатската тарифа исто така е предвидено да покрај адвокатските трошоци адвокатот има право на надомест на име награда за адвокат
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
многу брзате. Ја слушате само едната страна, ниту ги знаете околностите и одма заклучивте дека адвокатот е преварант. Полека малце ниту сте го виделе договорот да знаете што напишано а уште помалце што они се договориле меѓу себе. Покрај тоа никој не го натерал да го потпише договорот. За адвокатската тарифа исто така е предвидено да покрај адвокатските трошоци адвокатот има право на надомест на име награда за адвокат
ne ti treba dokaz
sekojdnevn imas slucai kaj advokati napravile nekoja prevara
pred nekolku meseci imase bas slucaj za pronevera na osiguritelna kompanija
ednostavno covek vejke nema dpoverba vo niv !!!
 
A

Advokatisce

Гостин
ne ti treba dokaz - фантастичен ти е аргументов
sekojdnevn imas slucai kaj advokati napravile nekoja prevara
pred nekolku meseci imase bas slucaj za pronevera na osiguritelna kompanija
ednostavno covek vejke nema dpoverba vo niv !!!
Можеби секојдневно слушаш за одредени случаи али незначи дека тоа е така , секогаш ќе се најде причина друг да биде крив.
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
Можеби секојдневно слушаш за одредени случаи али незначи дека тоа е така , секогаш ќе се најде причина друг да биде крив.
DOKAZOT e toj sot presuduva
zato i bile apseni i im se sudelo ili e vo tek sudenjeto
ima i cesni isklucoci samo tie se retki
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Јас имам лошо искуство и тоа од еден адвокат два пати, еднаш ме застапуваше мене и “заборавил“ на време да достави предлог за извршување и речиси ме запусти, после со друг адвокат морав да си ја спасувм ситуацијата и успеав, по 6-7 години од тој настан работев во фирма во која насетив дека и се ближи крај па дадов отказ и по некое време најдов друга работа, колегите кои останаа на работа, ојдоа во ликвидација имаше неисплатени плати доприноси прекувремени... и почнаа судење, по неколку месеци се сретнав со еден од нив, прашувам до каде е работата, вели ништо, адвокатѕот “заборавил“ да поднесе на време нешто - не се сеќавам што и им пропадна тужбата, кој беше адвокатот ? истиот кој и кај мене “заборавил“. Во двата случаи беше работник против силни и моќни газди, мојот беше од странство сопственик на банка и некоја увозна компанија, вториот поознат и моќен МК бизнисмен... за 500 евра се продаваат и оставаат клиентите на цедило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom