Александар не успеа да триумфира, но ќе пее на домашниот Евросонг?!
Без оглед што во текот на целиот серијал Операција Тријумф беше фаворит на публиката, македонскиот претставник Александар Белов на големото финале го освои третото место! Сепак, за Александар кој веќе стана мошне популарен, како во Македонија, така и во регионот, веќе пројавија интерес за соработка многубројни менаџери и дискографски куќи, како и композитори, а постои голема веројатност да настапи и на националниот Избор за песна на Евровизија - дознава МММ.
Во големото регионално шоу, кое ветува дека од победникот ќе направи светска ѕвезда, триумфираше 21-годишниот Аднан Бабајиќ од Босна и Херцеговина, додека на втората позиција се најде Вукашин Брајиќ од Република Српска.
Победникот на ОТ Аднан Бабајиќ од организаторот добива снимање албум, кој излегува во септември, потоа издавање на албум за дискографскиот пазар на Западна Европа, промоција во Србија и во регионот, снимање видео-спотови и регионална турнеја.
Во големото финале на Операција Тријумф учествуваа пет студенти на Академијата, од вкупно 18 кои беа избрани на крајот на септември, кога почна шоуто.
Своето мислење околу оваа тема можете да го оставите подолу, во секцијата КоМММентари...
Извор:
http://www.mmm.com.mk/