Јас не сум доктор, но исто така имам одговорна работа, која побарува од мене максимално почитување на правилата, оносите, како на работното место, така и меѓучовечките (особено меѓучовечките). Колку идиотизми сум видел, а не сум реагирал, ниту се потсмевал (јавно) не знам, неброено!
Професионалец не смее да си дозволи луксуз од ваков вид колку и да му го побарува тоа малиот мозок или безрбетниот, бидејќи лица со развиен голем мозок ова не го прават доколку самите сбее си се ценат.
Има нешто кое се нарекува компартментализација на нешатата!
Едно е работата, друго е кафаната! А докторкиве се однесувале како да се на селско џаде, пред гранапче или пред кооперација, со пиво в ркаа, на гајба седнати, со посебна салама, насецкана на квадрати и парчиња бело сирење за мезе, ане на клиника.
П.С. Болноумниот кој изјави дека би осудил свое дете за препивање нека оди на чкопење, не е за родител.
Јас сум се препивал, нормално, не е пријатно чувството потоа кога ќе се освестиш, но не е грев ако си се опуштил еднаш (а не сум заглавил на клиники, моја среќа), жално е ако тоа се случува постојано (но тоа е грешка на родителите што испуштиле да реагираат за своето дете, ако постојано се опива).
Ова ми личи на новогодишна препивка, која е искористена од две и повеќе медицински лица за сеир место да помогнат и да ја извршат својата работа професионално.
Болно, тажно, гнасно, грдо...слика на нашиот професионализам!
П.П.С. Вистина има пауза на клиники (а и Брза помош не работи) за времетраење на Шехерезад??