Скандалозно: Србија ни украде туристички спот

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Јас не гледам тука никаков скандал.
Употребиле, употребиле - мило ми е што им помагаме на некои држави во своето самопромовирање.
Само да не се понашаат некој ден „еве ние направивме вака, вие после нас...“ слични други балкански глупости.

Единствена забелешка за српскиот спот ми е тоа што музиката е како од реклама за авиокомпанија.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Јас не гледам тука никаков скандал.
Употребиле, употребиле - мило ми е што им помагаме на некои држави во своето самопромовирање.
Само да не се понашаат некој ден „еве ние направивме вака, вие после нас...“ слични други балкански глупости.

Единствена забелешка за српскиот спот ми е тоа што музиката е како од реклама за авиокомпанија.
е, како бе не гледаш? тоа се вика крадење интелектуална сопственост. идејата е најскапа - барем во светот. ако немаш идеја - немаш ни реализација.
ти се однесуваш како агенцијата и владата да се добротворни организации. црвен крст, уницеф...
цепки!
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
тоа се вика крадење интелектуална сопственост. идејата е најскапа - барем во светот. ако немаш идеја - немаш ни реализација.
И мене ми украдоа идеја за реклама, дури скоро и сосема ја копираа. Ако ви текнува пред изборите имаше конкурс за реклама за излегување на избори, конкурирав со две видеа по моја идеја и лично изработени од мене (снимање, монтажа.. курци палци).

Конкурсот уште траеше, кога гледам на тв некој ми ја украл идејата само малку пред крајот ја сменил. Се бунев каде што конкурирав да не случајно они ја дале идејата, ми рекоа дека не смееле демек, прашав дали подлежи моето видео на заштита на права за интелектуална сопственост, ми рекоа дека подлежи и као ќе се распрашаат по нивниот адвокатски тим дали има правна основа за тужење. И остана на тоа... никогаш повеќе не ми вратија, иако им праќав и мејлови и им пишував на фб страната, џабе.

Заштита на правата на интелектуална сопственост во Македонија ти е ко Дедо Мраз, си чул дека постои, ама никогаш не си го видел ... во живо. ;)
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Заштита на правата на интелектуална сопственост во Македонија ти е ко Дедо Мраз, си чул дека постои, ама никогаш не си го видел ... во живо. ;)
тоа и зборам, пошто на момакот горе ништо не му е чудно ако „се позајмиле“ комшиите.
тоа шо земале пари на туѓ труд - нема везе. „ние“ им помагаме..!?

кои се тоа „ние“? тие што го реализираа спортот во мк? или тие што ги имаат правата?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
е, како бе не гледаш? тоа се вика крадење интелектуална сопственост. идејата е најскапа - барем во светот. ако немаш идеја - немаш ни реализација.
ти се однесуваш како агенцијата и владата да се добротворни организации. црвен крст, уницеф...
цепки!
Ме зафркаваш за ова со интелектуалната сопственост?
Па гледај ги сите вакви спотови сите се со слична тематика и такви ќе си останат до векот. Како ќе докажеш прекршок на правата за интелектуална сопственост? По принцип на географска близина ака комшија?

Јас не сум тука црвен крст да им помагам, само така стојат работите и така ќе си останат. Едноставно може само да гледаме позитивно од оваа ситуација и секогаш како Македонци да работиме по принцип на „First mover advantage“ ништо повеќе не може да се направи од тоа.

Ако мислиш пак дека спотот наштетува на Македонија и оданочените граѓани на Македонија со тоа што беа узурпирани авторските права на спотот, тогаш сигурно има ангенција/министерство/државна институција до која ќе можеш едноставно да напишеш едно писмо и да ти одговорат соодветно.

Среќно.
--- надополнето: 20 ноември 2011 во 03:02 ---
тоа и зборам, пошто на момакот горе ништо не му е чудно ако „се позајмиле“ комшиите.
тоа шо земале пари на туѓ труд - нема везе. „ние“ им помагаме..!?

кои се тоа „ние“? тие што го реализираа спортот во мк? или тие што ги имаат правата?
(Гледам дека очигледно не ти се јасни некои работи, па така да ти ги разјаснам дополнително)

Па да, ништо не ми е чудно. Мислиш дека со цел памет тоа го оправдувам? Тоа ти е на тебе свртено во глава?
Мислиш дека не знам дека некој е повреден (зборувам за Македонија) од ова?

Поентата не ми е во праведноста на потегот (нормално дека не е праведно), поентата е во способноста да се превземе нешто за спотот.

Доста МАКЕДОНЧЕТО само правда бара... никогаш нема да ја добие. <- Ова е целата поента на мојот коментар, ништо друго.
Со векови само правда бараме, никој не го боли (се извинувам за вулгарноста) за правдата на македонецот.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
дечко,
тоа со правдата на крај ти е супер! уште и деминутив со големи букви (како оксиморон), врв! не зборам ја за „крстоносна војна за правата на Македонецот“. Едноставно, кој го направил спотот у МК треба да оди „у комшилук“ и да си побара сатисфакција на суд. не треба да се дига на ниво на нација...

сопственоста, секаде низ развиениот свет, е неотуѓиво право.
прекршок на правата се докажува така што се гледаат двата спота, при што се увидува дека подоцнежниот, во овој случај српскиот, великодушно ја искористил идејата на предходниот, во овој случај македонскиот спот.

дали може да се добие сатисфакција е друга работа - зборот ми беше дека ставот „ако бе, да им помогнеме на комшиите“ е погрешен и надвор од здрава економска логика.
комишиите немале земјотрес, па да им испратиме ќебиња - украле спот и заработиле (агенцијата)

на нашиве балкански простори сеуште се живее во социјализмот - се е наше, „фабрике радницима“
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Значи идејата е украдена и нормално дека спотот нема да биде тотално ист, не се толку глупи,само концептот млади луѓе на маса ги конзумираат домашните специјалитети е ист,нашиот е награден во Хрватска и Црна Гора ,значи нашиот се базира на оргинален концепт, за copy paste никој не дава награди ,на нив тоа им било почетна идеја ,па го надоградиле со храна од различните српски региони вклучувајќи го и нивниот начин на добивање
Нашиот е далеку подобар бидејќи е конкретен,прецизно конципиран и трае толку колку што треба да трае ,го имам видено на реклами на Eurosport трае скратен 30 секунди и не губи од својот концепт и цел,за разлика од српскиот кој е ко документарец 4 минути и нешто ,премногу нафрлање ,па уште лаиците (читав коментари на српски сајтови ) се бунат зошто ова не е внесено ,зошто она не е внесено ,не знаејќи дека и ова како што е треба дебело да го кратат на 30 секунди ,сега ќе им треба право умеење од спот 4 минути да направат 30 секунди спот без да го изгубат концептот,бидејќи спотот им е базиран на јадења од различни региони ,може да се случи кога ќе го скратат да биде потполн copy paste на нашиот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom