- Член од
- 2 август 2008
- Мислења
- 743
- Поени од реакции
- 460
Денес е ден глупав, датум небитен. Ви се молам запишете го, запомнете го... затоа што е глупав, и онака глупавите работи се запомнуваат најмногу
Се силам да напишам нешто само затоа што ме мачат светците , го барам невозможното. Се осеќам како да си чепкам по ракавите и да барам асови, а немам ниту еден. Ми се потрошија уште вчера или некни или заднекни или минатиот месец .. или лани.. не се сеќавам баш! Додека ги имав не ги ценев,ги играв со глупави карти мислејќи си дека битно е само да одиграш добро, ама не било то финтата. Сега немам асови повеќе. Само глупави карти, глупава игра, глупави соиграчи!
Станувам од креветот, облекувам едни стари фармерки и една тренерка. Излегувам од куќата и ја заклучувам вратата. Чкрааап!
Дома е последното место на кое би останала, затоа што е толку мирно и повлечено место.
Ја ставам капата од тренерката и одам по улицата.
ВРНИ! Мириса асфалтот! Вадам една цигара од џебот и ја палам. Немам идеа каде би можела да одам или што би можела да правам, не можам да знаам што да правам на места каде што не припаѓам, на места што се мртви за мене. Еден дел од светот се обиде да ни пренесе некои пораки но ние не ги разбравме, очигледно го правиме спротивното. Мнозинството победува за жал, тоа отсекогаш било така. Ако продолжам да размислувам за пораките што сакал да ни ги пренесе светот и за мнозинството ќе станам премногу конфузна.
Одам по веќе изодените улици, мртва тишина, затворени прозорци, високи згради, распукан асфалт, црно небо.. застанувам покрај старото училиште и седнувам на тротоарот. Се трујам со цигарата, црн катран ми стои на грлото, АМА ДЕ НЕ! Јас упорно се трујам, така сакам, за инает! Бронхитот ме изеде, ама ако. Тргам од цигарата и искашлувам чад, ама ако!
Седам на тротоарот и пред очи ми излегуваат стари слики, девојче во шарена сукња што растрчува ваму – таму. Тоа е нешто што веќе се случило пред неколку години... нешто што никогаш нема да се врати... и не ми е жал. Само се сеќавам, после се .. барем имам право да се сеќавам, некако да ги допрам спомените кои се прекрасни!
Потоа се движам покрај една сива зграда, зграда која во себе има запишано толку многу работи, толку многу радости и толку многу таги, а јас само се сеќавам, затоа што имам право да се сеќавам после се... се движи накај мене еден познаник, барем мислам дека ми е познаник, ме потсетува на некого со карактеристичното движење што секогаш го одделувало од другите.. се разминуваме, само краток поглед и насмевка, тоа е се!
Можеби повеќе немам асови во ракавот, но сеуште можам да блефирам!