Сите убави мисли ТУКА!

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.742
Поени од реакции
13.536
He who wears a mask doesn`t know what lies in himself.
Samurai Jack
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Овие ги извадив од Времето на лалињата:

Ако лупиш кромид, ќе плачеш.
Не постои грда жема, само не си доволно пијан. - хаха
Зрелата круша паѓа сама.
Љубовта не може да се купи ни да се продаде. Цената и е само љубов.
Секој човек сам си ја гради среќата.
Ако мажот е главата, тогаш жената е вратот на кој се потпира.

Ај и некои други:
Не зборувај за тоа дека би требало да се биде добар човек, туку биди таков.
Кога има волја има и начин.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
лицето што го имате на дваесет години ви го подарила природата.лицето што го имате на триесет ви го обликувал животот.на педесет го добивате лицето што сте го заслужиле

вчера бев паметен.затоа сакав да го сменам светот.денес сум мудар.затоа се менувам себе си

живеј го животот како што сакаш,пробај ги сите нешта кои ке ти ги понуди,затоа што во разговор со старите се гледа дека тие не жалат за она што го направиле,туку тагуваат за она што не го направиле.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
"Посилен сум од се што може да ми се случи.
Сите тие работи, тагата, несреќата и страдањето се од надворешната страна на вратата.
Јас сум во куќата и го држам клучот."
Charles Fletcher Lummis

"Човекот сам себеси се создава или урива.
Со правилниот избор тој влегува.
Како суштество со сила, интелигенција и љубов, како и господар на сопствените мисли, тој го држи клучот на секој ситуација"
James Allen
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Љубовта не е само емоција, таа се раѓа и умира, љубовта е и суд и ветување.
Ерих Фром
 
Член од
17 јуни 2007
Мислења
196
Поени од реакции
5
-smile........thought u'r heart is breaking!

-dont worry about the ppl from ur past. there's a reason why they didnt make it to ur future.

-Drama...Boy say they hate it..BUT...They create it
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Во ова се пронајдов:
...Можеби е смешно, бев човек со ова од вчера, и сакам да бидам човек со ова од денес, поинакво, можеби спротивно, но тоа не ме буни, зашто човекот е променлив, а лошо е ако не ја послушаме совеста кога ќе се јави...
Од "Дервишот и смртта" од Меша Селимовиќ

Ова е интересно:
...Религијата никогаш нaполно не го уништила суеверието...Од Девствено сино од Трејси Шевалие
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Во ова се пронајдов:
...Можеби е смешно, бев човек со ова од вчера, и сакам да бидам човек со ова од денес, поинакво, можеби спротивно, но тоа не ме буни, зашто човекот е променлив, а лошо е ако не ја послушаме совеста кога ќе се јави...
Од "Дервишот и смртта" од Меша Селимовиќ
Ти кажав, цела книга е за во ,,Цитати‘‘. Неблагодарно е дури да се издвои нешто. :)
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Книгата железни порти отвара.
ќе постирам после уште неколку не можам да се сетам:smir:
 

Ред хот!

***candy girl***
Член од
6 март 2007
Мислења
593
Поени од реакции
12
*Длабоко верувај во она што го сакаш и запомни:изгубеното е она од кое сме се откажале...

*Битката ја добива оној кој цврсто одлучил да ја добие...
:pipi:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
" Љубовта исклучува страв.Таму каде има љубов, не постојат барања, очекувања, зависност.

Јас не барам да ме направите срекен. Мојата срека не зависи од Вас.

Ако морате да ме напуштите, нема да ми биде жал за себе ... "
------------------
Гете

Велат: љубовта постои. Но љубов - љубов - што е тоа?

Најнапред, таа е единственото чедо на човекот за кое тој самиот не знае ниту кога, ниту како, ниту од каде дошла?! Едноставно, таа во еден незнаен миг ќе ти тропне на тајната врата на срцето и - тука е.

Ни си ја повикувал, ни си ја посакувал, ни си се надевал на неа. Ама, таа се вселила во тебе.

Започнува да те обзема, да ги затега сите тетиви на телото, а најмногу и најсилно сивите клетки во твојата глава.

Потоа, со неа си легнуваш. Со неа се будиш.

Чувствуваш огнови што го палат твоето срце и го горат твоето тело.

Си мислиш: јас љубам! Морам да сакам или ќе умрам.

Гревови те разјадуваат додека покајнички и предавнички не заклучиш: ако е тоа грев, Господе, не проштавај ми го! Никогаш.

Се чувствуваш човек - жив!

Се колнеш: денес те сакам повеќе од вчера, а многу помалку отколку што ќе те сакам утре!

Но зборови не се потребни. Јазикот на љубовта веќе се преселил во очите.

А со нив откриваш. Го откриваш светот на љубовта. Ја гледаш нејзината интензивна боја.

И што ќе видиш?

Љубовта има закони на својот развиток. Свој живот. Како цвеќето, како животот на човекот.

Раскошна и блескава пролет.

Жешко лето.

Есен. За едни топла и плодоносна, за други - гнилеж, јаловост, магливост, мемла.

Зимата е за сите иста - покриени траги, цибрина, малку светлост, а премногу мрак. Студенила.

Останале само сенки. Можеби и некој спомен.

И искуство.

Си научил.

Кога прв пат воздивнав за љубовта, тоа беше последната воздишка за разумот и мудроста. Ако, не жалам!

Љубовта ми беше господар.

Тешко ми беше кога сакав некого кој повеќе не ме сакаше. Многу потешко кога ме сакаше некој кого повеќе не го сакав.

Најнакрај, почнуваш да споредуваш.

Наскоро потоа - престануваш да љубиш.

Сонцето пак свети...

Водата си го пронаоѓа најлесниот пат до морето.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
*Длабоко верувај во она што го сакаш и запомни:изгубеното е она од кое сме се откажале...

*Битката ја добива оној кој цврсто одлучил да ја добие...
:pipi:
Лелее овие се незнам, нај нај меѓу најдобрите

и овие исто

Радоста е како капка роса, додека се смее веќе умира...

Одам и го губам својот пат, го барам она што неможам да го постигнам, а го постигнувам она што не го барам.

Едноставно прекрасно
:pipi:
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
"Јас не одам кон целта толку многу заслепен за во меѓувреме да го пропуштам корисното кое бил можело да се појави на патот" - Сир Френцис Бекон "Нов Органон"

"Не е лесна работа да се објaсни и да се испорача она што го носам, бидејќи она што е ново се сфаќа преку аналогија со старото" - Сир Френцис Бекон "Нов Органон" „ Афоризми за толкување на природата и човековото кралство“

"Човековото расудување не може да се смири; тоа неможе да запре и да се одмори, туку постојано граба понатаму, иако залудно. Затоа неможеме да замислиме дека светот има граници или крај, туку секогаш како нужно се претпоставува дека има нешто и зад тоа." Сир Френцис Бекон "Нов Органон" „ Афоризми за толкување на природата и човековото кралство“

Ми се свиѓаат..:)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Разгневените тигри се помудри од дресираните коњи.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
За природата на нашиот ум

Нашата вистинска природа на умот може да се спореди со небото, а збунетоста на обичниот ум со облаците. Има денови кога небото е целосно покриено со облаци. Кога сме долу, на земјата, и гледаме нагоре, тешко е да се поверува дека постои нешто друго освен облаците. Но кога би летале со авион, горе би откриле бескрајно пространство на јасно сино небо. Одозгора облаците, за кои мислевме дека се насекаде, изгледаат толку мали и толку далеку под нас.
Тоа би требало да го запаметиме - облаците не се небото и не му припаѓаат на небото. Само висат горе и минуваат на својот смешен и независен начин.
Тоа е небовидната природа на нашиот ум. Целосно отворена, слободна и безгранична, базично едноставна и природна, така што никогаш не може да се расипе или извалка, толку е чиста што дури излегува надвор од поимот за чисто и нечисто...


(Согјал Ринпоче)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom