Атеист
Дежурен Шаман
- Член од
- 2 февруари 2010
- Мислења
- 7.682
- Поени од реакции
- 4.921
МожеАаа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
http://en.wikipedia.org/wiki/Agnostic_atheism
МожеАаа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
Абе вие имате голем проблем. Постојат 3 - атеизам, агностицизам (овој е измеѓу) и теизам. Остај таа википедија, таму има и атеистички теизам (!). Што е следно агностички, теистички атеизам? Деистички, атеистички, пантеистички муслиман?
Абе ти имаш проблем и тоа голем. Агностицизам не е никаде помеѓу ништоАбе вие имате голем проблем. Постојат 3 - атеизам, агностицизам (овој е измеѓу) и теизам. Остај таа википедија, таму има и атеистички теизам (!). Што е следно агностички, теистички атеизам? Деистички, атеистички, пантеистички муслиман?
1. Покажи каде не сум во право. Извади исказ од Ајнштајн кој се коси со моето тврдење. Ентони Флу, од друга страна е филозоф. На филозофот му е работа да филозофира. Поготово пред крајот на својот живот, соочен со потполната немоќ конечно да изфилозофира како настанал животот. Ајде сега покажи како му е оваа изјава конзистентна со остатокот од неговите изјави.1. Значи тука Ајнштајновата изјава на стари години е меродавна, а онаа на тој Антони Флу (или како е точно) е резултат на дементија? И не лажи, оваа изјава не му е конзистентна со изјавите низ неговиот живот.
2. Сакаш да кажеш дека агностик и атеист е исто?
3. Метафора е де (зарем спорно беше), но изгледа ти имаш проблем со читање/толкување/разбирање та да мора да додаваш твои зборови на дадени реченици за да можеш да си ги сфатиш на твој начин.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 13:51 ---
Патем, гледаш ли некоја поента во овој наш муабет? Оти јас лично не гледам.
И ти ли бе, колега неразумен, ќе се позиционираш како бигот?Ааа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
Арно му кажа, верувањето и знаењето се една и иста работа!
Абе ти имаш проблем и тоа голем. Агностицизам не е никаде помеѓу ништо
Постои гностицизам и агностицизам како негов опозит. Гносос (грчки знаење).
Теизам и атеизам како негов опозит. (верување и неверување)
Комбинации се можни.
И ти ли бе, колега неразумен, ќе се позиционираш како бигот?
Види ја сликата. Прочитај ги дефинициите. Не си играј дебил со работи кои се јасни и концизни.
За да не искочам ја помал дебил, еве уште еднаш, на македонски:
Атеист-агностик е човек кој не верува дека постојат божества, но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.
Атеист-гностик е човек кој не верува дека постојат божества, но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина не постојат.
Теист-агностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.
Теист-гностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина постои/постојат.
Кој дел не ти е јасен сега?
Oj si legni, bigot, ili zemi potkrepi go svoeto drvenje za 3 so konkretna definicija. Dosta ni e eden Miki1na foumov. Jas ti pishav tolkuvanja na gnosticizam, agnosticizam, teizam I ateizam. Probaj RAZUMNO da go iznegirash postoenjeto na gnosticizmot, pa da se nasmeeme ushte malku.3 против 1 а? Вака сега. Гностицизам не постои. Ако некој знаеше со сигурност и со докази дали Бог постои или не, досега ќе излезеше и ќа ни кажеше од каде и како знае и тоа ќе беше тоа. Е сега, агностицизмот пак, таков каков што го дефинирате, е сосема излишен и непотрбен, затоа што никој на овој свет не знае со сигурност дали Бог постои или не, така да по вашата дефиниција сите ние сме агностици. И вие атеистите сте агностици, и ние верниците.
Но, за да не биде така, дефиницијата за агностик е човек кој незнае дали постои Бог и ништо повеќе од тоа. Едноставно верувањето дали постои Бог е надвор од неговото интересирање - на прашање веруваш ли во постоењето на Бог, агностикот нема одговор. Атеизмот и теизмот не го интересираат. Агностикот не се занимава со верување, единствено со знаење (незнаење во случајов). Зато агностицизмот е несврзлив нити со теизмот, нити со атеизмот. Тоа е нешто трето.
Да да по твоја желба ќе ги скроиме дефиницииве. Ти како ќе кажеш така ќе бидат. Арно ама контрадикторен си.Но, за да не биде така, дефиницијата за агностик е човек кој незнае дали постои Бог и ништо повеќе од тоа. Едноставно верувањето дали постои Бог е надвор од неговото интересирање - на прашање веруваш ли во постоењето на Бог, агностикот нема одговор. Атеизмот и теизмот не го интересираат. Агностикот не се занимава со верување, единствено со знаење (незнаење во случајов). Зато агностицизмот е несврзлив нити со теизмот, нити со атеизмот. Тоа е нешто трето.
Сиктер назад во трета година гимназија да си повториш филозофија3 против 1 а? Вака сега. Гностицизам не постои.
епа тоа е поентата, не е единствена дефиниција за Бог замислено пријателчеAјнштајн бил агностик, иако повеке накај атеист, а замисленото пријателче господ абсолутно секогаш се коси со секоја здрава логика.
па од линкот што го постави ги извадив тие толкувања, не се нервирај И твоите се толкувања од трето лице, не гледам зашто ти си порелевантен од нив.Почнувам по малку да се нервирам. Иако побарав да ми укажеш кој тоа цитат на Ајнштајн... ти упорно пишуваш за толкувања на неговите изјави од трети лица.
дај одлучи се од која година мислењата на Ајнштајн се релевантни, од која не се, или релевантни се само тие што ти одговараатПонатаму, повторно го игнорираш хронолошкиот исказ на Ајнштајн по прашањето на Бог и религија. Наместо да се осврнеш на развојот на неговата артикулација на „Бог“, ти вадиш парафрази. Не е фер. Те молам, уште еднаш, повлечи цитат и објасни ми што е тоа недвосмислено пантеистичко во неговиот светоглед.
Очигледно тебе воопшто не ти е јасно што е идеализам и материјализам, кога за противник на материјализам ми даде пример за некој кој сакал да им помага на луѓетоЗа идеализам vs материјализам нема што да се објаснува, поради тоа што е наочиглед јасно:
Идеализам: In philosophy, idealism is the group of philosophies which assert that reality, or reality as we can know it, is fundamentally mental, mentally constructed, or otherwise immaterial.
Материјализам:
In philosophy, the theory of materialism holds that the only thing that exists is matter or energy;
Не гледам каде тука има простор за релативизирање. Постојат атеисти материјалисти, исто како што постојат атеисти идеалисти. Јас сум од првите, брат ми, на пример, е од вторите. Шо ќе праиш.
верувал во богот на Спиноза што де факто е пантеистичко гледиште:И уште за моето „релативизирање“: Теизмот претпоставува ЕНТИТЕТ кој може да се нарече Бог. Ајнштајн никогаш не тврдел дека постои ентитет кој тој би го нарекол Бог. Прочитај ги внимателно неговите изјави.
Што се однесува до онаа „Јас не се нарекувам атеист...“ земи го предвид контекстот (Европа, 1929 година) и геополитичката ситуација во Европа. Атеизмот, во тоа време, бил многу повеќе политичка и општествена категорија отколку едноставно неверување во божествени ентитети.
За крај, те молам, следи ја линијата на прашања која води до Пантеизам
прво, замерка за сликичето твое што универзумот го нарекува World, второ што не дава дефиниција за Бог со што покренува такви двосмислени прашања.За да човек се нарече пантеист, неопходно е позитивно да одговори на прашањето Дали Бог го контролира светот/универзумот. Ај, друже, најди ми изјава од Ајнштајн која може било како да се протолкува за да значи дека Ајнштајм сметал дека некој (или нешто) го контролира светот. Плиз!
Така, значи сите сме агностици, или друг термин за агностик е човек. Која е поентата на терминот агностик тогаш, ако тој термин го опишува секој човек на земјава.Oj si legni, bigot, ili zemi potkrepi go svoeto drvenje za 3 so konkretna definicija. Dosta ni e eden Miki1na foumov. Jas ti pishav tolkuvanja na gnosticizam, agnosticizam, teizam I ateizam. Probaj RAZUMNO da go iznegirash postoenjeto na gnosticizmot, pa da se nasmeeme ushte malku.
Јас верувам во Бог. Не тврдам дека постои. Верувам дека постои. Ако тврдев, ако знаев, ќе бев гностик, а не теист.Да да по твоја желба ќе ги скроиме дефиницииве. Ти како ќе кажеш така ќе бидат. Арно ама контрадикторен си.
Гностици има. Еден од нив си и ти. Ти тврдиш дека бог постои. Не дека знаеш туку тоа пустото нјавивачко во тебе е, не ќе да е до знаење. Значи уште еднаш по нашки. Гностици има кои си уобразиле дека знаат. Толку.
Агностик сам по себе дури и од твојата дефиниција значи не-знаење. По прашање на верување може да има ваков или таков став (верува или не верува).Од таму Агностик може да биде теист или атеист. Не постои такво како трето на ништо.
Прекрасен пост. Навистина просветлувачки.Сиктер назад во трета година гимназија да си повториш филозофија
Ете, со ова се согласувам.Агностик ни знае ни не знае, ни самиот знае дали верува и ни самиот знае дали не верува...
Апсолутно не значи дека сите сме Агностици. И уште еднаш, Гноситик е човек кој тврди дека знае, но во суштина се обманува себе си и другите. Такви луѓе имам сретнато, за жал и теисти и атеисти.Така, значи сите сме агностици, или друг термин за агностик е човек. Која е поентата на терминот агностик тогаш, ако тој термин го опишува секој човек на земјава.
Поштовање ако си агностик, ме радува ако навистина си, но искрено не ти верувам. Она што треба да го разграничиш е дека и покрај тоа што не знае, некој може да тврди дека знае. Ете тоа е Гностик.Јас верувам во Бог. Не тврдам дека постои. Верувам дека постои. Ако тврдев, ако знаев, ќе бев гностик, а не теист.
Оти не можеш да сватиш дека Агностик е сосем друго од твоите сваќања и нема таква состојба ни верувам ни не верувам.Абе оти не можеш да увидиш деак ако агностик може да верува или не - тогаш сите сме агностици и атеистите и теистите. Зарем не гледаш дека темрин кој што ќе ги опишува сите луѓе на светот е непотребен?