Сите (а)теизми на едно место. Каде си ти?

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Абе вие имате голем проблем. Постојат 3 - атеизам, агностицизам (овој е измеѓу) и теизам. Остај таа википедија, таму има и атеистички теизам (!). Што е следно агностички, теистички атеизам? Деистички, атеистички, пантеистички муслиман?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Абе ти имаш проблем и тоа голем. Агностицизам не е никаде помеѓу ништо
Постои гностицизам и агностицизам како негов опозит. Гносос (грчки знаење).
Теизам и атеизам како негов опозит. (верување и неверување)
Комбинации се можни.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Значи тука Ајнштајновата изјава на стари години е меродавна, а онаа на тој Антони Флу (или како е точно) е резултат на дементија? И не лажи, оваа изјава не му е конзистентна со изјавите низ неговиот живот.

2. Сакаш да кажеш дека агностик и атеист е исто?

3. Метафора е де (зарем спорно беше), но изгледа ти имаш проблем со читање/толкување/разбирање та да мора да додаваш твои зборови на дадени реченици за да можеш да си ги сфатиш на твој начин.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 13:51 ---
Патем, гледаш ли некоја поента во овој наш муабет? Оти јас лично не гледам.
1. Покажи каде не сум во право. Извади исказ од Ајнштајн кој се коси со моето тврдење. Ентони Флу, од друга страна е филозоф. На филозофот му е работа да филозофира. Поготово пред крајот на својот живот, соочен со потполната немоќ конечно да изфилозофира како настанал животот. Ајде сега покажи како му е оваа изјава конзистентна со остатокот од неговите изјави.

2. Сакам да кажам дека покрај метафори, слаб си и со графички прикази. На сликата јасно ти е нацртано што е агностик, а што атеист и како тие две се комбинираат. Со инка да ти турам разбирање едноставно не можам. Ако не си во состојба да разбереш (1) метафора, (2) слика и (3) вербален аргумент, се прашувам што воопшто бараш да дискутираш.

3. Зборови и реченици додавам за да ти ја објаснам метафората, која воопшто и не е компликувана. Него, пошто јас еве пенавам, а ти као не рабираш што ти вика, де, ти пробај мене да ми ја објасниш метафората на Ајнштајн. Бива? Или пак ќе се втурнеш во релативизации?
--- надополнето: 19 септември 2012 во 15:15 ---
Ааа не е така. Некој може да биде и автомеханичар и вегетаријанец, ама да бидеш агностик и атеист не може.
И ти ли бе, колега неразумен, ќе се позиционираш како бигот?

Види ја сликата. Прочитај ги дефинициите. Не си играј дебил со работи кои се јасни и концизни.

За да не искочам ја помал дебил, еве уште еднаш, на македонски:

Атеист-агностик е човек кој не верува дека постојат божества, но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.

Атеист-гностик е човек кој не верува дека постојат божества, но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина не постојат.

Теист-агностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.

Теист-гностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина постои/постојат.

Кој дел не ти е јасен сега?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Арно му кажа, верувањето и знаењето се една и иста работа!(y)
Абе ти имаш проблем и тоа голем. Агностицизам не е никаде помеѓу ништо
Постои гностицизам и агностицизам како негов опозит. Гносос (грчки знаење).
Теизам и атеизам како негов опозит. (верување и неверување)
Комбинации се можни.
И ти ли бе, колега неразумен, ќе се позиционираш како бигот?

Види ја сликата. Прочитај ги дефинициите. Не си играј дебил со работи кои се јасни и концизни.

За да не искочам ја помал дебил, еве уште еднаш, на македонски:

Атеист-агностик е човек кој не верува дека постојат божества, но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.

Атеист-гностик е човек кој не верува дека постојат божества, но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина не постојат.

Теист-агностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но не тврди дека знае со сигурност дали е во право.

Теист-гностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина постои/постојат.

Кој дел не ти е јасен сега?

3 против 1 а? Вака сега. Гностицизам не постои. Ако некој знаеше со сигурност и со докази дали Бог постои или не, досега ќе излезеше и ќа ни кажеше од каде и како знае и тоа ќе беше тоа. Е сега, агностицизмот пак, таков каков што го дефинирате, е сосема излишен и непотрбен, затоа што никој на овој свет не знае со сигурност дали Бог постои или не, така да по вашата дефиниција сите ние сме агностици. И вие атеистите сте агностици, и ние верниците.

Но, за да не биде така, дефиницијата за агностик е човек кој незнае дали постои Бог и ништо повеќе од тоа. Едноставно верувањето дали постои Бог е надвор од неговото интересирање - на прашање веруваш ли во постоењето на Бог, агностикот нема одговор. Атеизмот и теизмот не го интересираат. Агностикот не се занимава со верување, единствено со знаење (незнаење во случајов). Зато агностицизмот е несврзлив нити со теизмот, нити со атеизмот. Тоа е нешто трето.
 
Oj si legni, bigot, ili zemi potkrepi go svoeto drvenje za 3 so konkretna definicija. Dosta ni e eden Miki1na foumov. Jas ti pishav tolkuvanja na gnosticizam, agnosticizam, teizam I ateizam. Probaj RAZUMNO da go iznegirash postoenjeto na gnosticizmot, pa da se nasmeeme ushte malku.
 
Да да по твоја желба ќе ги скроиме дефиницииве. Ти како ќе кажеш така ќе бидат. Арно ама контрадикторен си.
Гностици има. Еден од нив си и ти. Ти тврдиш дека бог постои. Не дека знаеш туку тоа пустото нјавивачко во тебе е, не ќе да е до знаење. Значи уште еднаш по нашки. Гностици има кои си уобразиле дека знаат. Толку.

Агностик сам по себе дури и од твојата дефиниција значи не-знаење. По прашање на верување може да има ваков или таков став (верува или не верува).Од таму Агностик може да биде теист или атеист. Не постои такво како трето на ништо.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Aјнштајн бил агностик, иако повеке накај атеист, а замисленото пријателче господ абсолутно секогаш се коси со секоја здрава логика.
епа тоа е поентата, не е единствена дефиниција за Бог замислено пријателче ;)
--- надополнето: 19 септември 2012 во 17:13 ---
Почнувам по малку да се нервирам. Иако побарав да ми укажеш кој тоа цитат на Ајнштајн... ти упорно пишуваш за толкувања на неговите изјави од трети лица.
па од линкот што го постави ги извадив тие толкувања, не се нервирај ;) И твоите се толкувања од трето лице, не гледам зашто ти си порелевантен од нив.
Еве еден цитат за будизмот:
The religion of the future will be a cosmic religion. It should transcend personal God and avoid dogma and theology. Covering both the natural and the spiritual, it should be based on a religious sense arising from the experience of all things natural and spiritual as a meaningful unity. Buddhism answers this description. If there is any religion that could cope with modern scientific needs it would be Buddhism.
Понатаму, повторно го игнорираш хронолошкиот исказ на Ајнштајн по прашањето на Бог и религија. Наместо да се осврнеш на развојот на неговата артикулација на „Бог“, ти вадиш парафрази. Не е фер. Те молам, уште еднаш, повлечи цитат и објасни ми што е тоа недвосмислено пантеистичко во неговиот светоглед.
дај одлучи се од која година мислењата на Ајнштајн се релевантни, од која не се, или релевантни се само тие што ти одговараат
За идеализам vs материјализам нема што да се објаснува, поради тоа што е наочиглед јасно:
Идеализам: In philosophy, idealism is the group of philosophies which assert that reality, or reality as we can know it, is fundamentally mental, mentally constructed, or otherwise immaterial.

Материјализам:
In philosophy, the theory of materialism holds that the only thing that exists is matter or energy;

Не гледам каде тука има простор за релативизирање. Постојат атеисти материјалисти, исто како што постојат атеисти идеалисти. Јас сум од првите, брат ми, на пример, е од вторите. Шо ќе праиш.
Очигледно тебе воопшто не ти е јасно што е идеализам и материјализам, кога за противник на материјализам ми даде пример за некој кој сакал да им помага на луѓето :facepalm:

И уште за моето „релативизирање“: Теизмот претпоставува ЕНТИТЕТ кој може да се нарече Бог. Ајнштајн никогаш не тврдел дека постои ентитет кој тој би го нарекол Бог. Прочитај ги внимателно неговите изјави.

Што се однесува до онаа „Јас не се нарекувам атеист...“ земи го предвид контекстот (Европа, 1929 година) и геополитичката ситуација во Европа. Атеизмот, во тоа време, бил многу повеќе политичка и општествена категорија отколку едноставно неверување во божествени ентитети.

За крај, те молам, следи ја линијата на прашања која води до Пантеизам
верувал во богот на Спиноза што де факто е пантеистичко гледиште:
“I believe in Spinoza's God who reveals himself in the orderly harmony of what exists, not in a God who concerns himself with fates and actions of human beings”
За да човек се нарече пантеист, неопходно е позитивно да одговори на прашањето Дали Бог го контролира светот/универзумот. Ај, друже, најди ми изјава од Ајнштајн која може било како да се протолкува за да значи дека Ајнштајм сметал дека некој (или нешто) го контролира светот. Плиз!
прво, замерка за сликичето твое што универзумот го нарекува World, второ што не дава дефиниција за Бог со што покренува такви двосмислени прашања.
трето :facepalm: ај прочитај што значи пантеизам убаво пред вакви испади да праеш http://en.wikipedia.org/wiki/Pantheism; не веруваат во личен Бог, меѓутоа ако универзумот и Бог се идентични, тогаш ебана логика е дека самиот е во контрола на себе. Не гледам некоја изјава на Ајнштајн која се спротиставува со ова.

Има такви претенциозни атеисти ко тебе кои сфатиле дека нема невидливо човече што го контролира светот/исполнува желби и автоматски мислат дека со тоа ги побиле сите религиозни/метафизички сфаќања и сите мистерии во светов/универзумов.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Oj si legni, bigot, ili zemi potkrepi go svoeto drvenje za 3 so konkretna definicija. Dosta ni e eden Miki1na foumov. Jas ti pishav tolkuvanja na gnosticizam, agnosticizam, teizam I ateizam. Probaj RAZUMNO da go iznegirash postoenjeto na gnosticizmot, pa da se nasmeeme ushte malku.
Така, значи сите сме агностици, или друг термин за агностик е човек. Која е поентата на терминот агностик тогаш, ако тој термин го опишува секој човек на земјава.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 17:17 ---
Да да по твоја желба ќе ги скроиме дефиницииве. Ти како ќе кажеш така ќе бидат. Арно ама контрадикторен си.
Гностици има. Еден од нив си и ти. Ти тврдиш дека бог постои. Не дека знаеш туку тоа пустото нјавивачко во тебе е, не ќе да е до знаење. Значи уште еднаш по нашки. Гностици има кои си уобразиле дека знаат. Толку.

Агностик сам по себе дури и од твојата дефиниција значи не-знаење. По прашање на верување може да има ваков или таков став (верува или не верува).Од таму Агностик може да биде теист или атеист. Не постои такво како трето на ништо.
Јас верувам во Бог. Не тврдам дека постои. Верувам дека постои. Ако тврдев, ако знаев, ќе бев гностик, а не теист.

Абе оти не можеш да увидиш деак ако агностик може да верува или не - тогаш сите сме агностици и атеистите и теистите. Зарем не гледаш дека темрин кој што ќе ги опишува сите луѓе на светот е непотребен?
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Агностик ни знае ни не знае, ни самиот знае дали верува и ни самиот знае дали не верува...
Атеист не верува во господ. Атеист ги отфрла нелогичните приказни за господ. Крај приче.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Сиктер назад во трета година гимназија да си повториш филозофија
Прекрасен пост. Навистина просветлувачки.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 17:30 ---
Агностик ни знае ни не знае, ни самиот знае дали верува и ни самиот знае дали не верува...
Ете, со ова се согласувам.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Така, значи сите сме агностици, или друг термин за агностик е човек. Која е поентата на терминот агностик тогаш, ако тој термин го опишува секој човек на земјава.
Апсолутно не значи дека сите сме Агностици. И уште еднаш, Гноситик е човек кој тврди дека знае, но во суштина се обманува себе си и другите. Такви луѓе имам сретнато, за жал и теисти и атеисти.
Јас верувам во Бог. Не тврдам дека постои. Верувам дека постои. Ако тврдев, ако знаев, ќе бев гностик, а не теист.
Поштовање ако си агностик, ме радува ако навистина си, но искрено не ти верувам. Она што треба да го разграничиш е дека и покрај тоа што не знае, некој може да тврди дека знае. Ете тоа е Гностик.
Абе оти не можеш да увидиш деак ако агностик може да верува или не - тогаш сите сме агностици и атеистите и теистите. Зарем не гледаш дека темрин кој што ќе ги опишува сите луѓе на светот е непотребен?
Оти не можеш да сватиш дека Агностик е сосем друго од твоите сваќања и нема таква состојба ни верувам ни не верувам.

П.С. Јас се дефинирам себе си како Атеист Агностик. Не постојам ли?
 
M

Muranyi

Гостин
Јас само би надополнил дека мојот став за гностицизмот е дека тој е бесмислица.Гностикот не може да знае дека постои Бог,туку тој може само да мисли,да се лаже дека знае дека Бог постои.
Инаку по дефиниција го разбирам што значи,еден член од форумов ми го објаснуваше пред две недели но сепак тоа е само субјективно спознание и затоа не може да се каже дека гностикот знае во буквална смисла дека Бог постои.
Ова е само моја размисла.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Еве ви агностик

Kajgana Shop

На врв Bottom