Систем vs Личен избор

Личен избор или жртва на системот?

  • Сам избирам, ништо не влијае на мене

    Гласови: 6 37,5%
  • Правам како што налага системот

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто личен избор, нешто по системот

    Гласови: 10 62,5%

  • Вкупно гласачи
    16
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Дали ние сами избираме, или сепам сме само жртви на системот? Дали знаеме што сакаме или го сакаме тоа што ни е кажано да го сакаме? Еве пример јас, ако разумно размислам немам ништо против хомосексуалците, но сепак не ги сакам. Зошто? Најверојатно зошто од дома така ми збореле, зошто по весници, телевизии и други медиуми се претставени како изроди. Дури тоа е дојдено до тој степен што го има и во најситните рабори во животот. Еве пример, омилено чоколадо ми е Нестле, ама нон-стоп јадам Милка пошо цело време по реклами гледам Милка и Милка и Милка... и ми се пријадува Милка!!! Колку сами избираме, а колку околината и системот бира за нас?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Никој, ама никој, не е имун на системот. Она дека секоја одлука сами си ја носиме е повеќе како тинејџерска илузија, а не реалност.
Се раѓаме во систем, оформени сме од тој систем, носиме избори според тој систем. Поинаква верзија на приказната сеуште нема. Барем не во пракса, затоа што секој што се обидел да се оддели/оди против било кој систем, или бил приморан да го напушти општеството во кое владее тој систем, или направил некој компромис(во двата случаја индивидуата е скршена од системот).

Затоа, свесна сум дека многу мои избори, се повлијаени од системот и околината, иако привидно тоа го правам лично јас, без туѓо мешање.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кој и да речи дека системот нема влијание, лаже. Зошто? Едноставно толку гледање на реклами или еден добар муабет од некој другар ке те натера да го пробаш нештото не за друго, туку од љубопитност, колку да речиш да видам што е тоа толку фалено. Инаку некои одлуки можат да се засноваат на индивидуален избор, но системот има големо влијание сакале или не.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Да нема систем би почнала да се појавува анархија...а верувајте тоа не го сакате.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Интересна тема. Не би ги нарекла луѓето жртви на системот. Едноставно ете приметуваш дека луѓето помалку или повеќе очајно сакаат да бидат дел од мнозинството, колку и да е тоа мнозинство насочено во погрешна насока.
Тешко е да бидеш свој, можеби е и чудно да си свој во ова време. Освен тоа, потребна ти е храброст за да бидеш свој, не можеш туку-така да се убедиш дека `ова` е подобро од `она` ако повеќето се насочени кон `она`.
И затоа повеќето луѓе се насочени кон она што се смета за општо подржано.
А друго нешто е кога можностите на човекот не се усогласуваат со желбите на системот.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Можеби е во ред да се има до одредена мера отпор спрема она што влегува под категоријата систем ама доколку тој отпор е во некаква абнормална мера тоа веќе не претвора во асоцијални личности, а тоа не е баш и некоја посакувана насока. Така да, ок е да се биде понекогаш и бунтовен и да се оди против она што е наложено како нешто кое мора да го правиме без наша волја меѓутоа само во приликите кога таквите опшествено прифатените теркови се негативни. А, тоа поретко се случува. Или почесто? Не ,знам.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Најчесто сам избирам...не викам дека не влијае и системот врз мене но гледам по некои свои предрасуди и размислувања да одберам....
ќе го земам примерот со чоколадото...и јас нон-стоп гледам реклами за Милка но сепак си купувам шеќерна табла од Агроплод без разлика што околу мене се е на прмиер во знакот на Милка...зошто,едноставно така сум решил дека тоа е во моментот најдобро за мене
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Па искрено моќта не една реклама се согледува во тоа колку таа успеала да те убеди да го прифатиш тоа што се рекламира или во овој контекст да прифатиш тоа што го наметнува системот.

Ако сите некако слепо гледаме напред и се правиме силни и имуни на
притисоците што ни ги прави системот, тогаш тој т.н. “систем“ -ќе ескплодира.

Јас мислам дека и тој систем има сегментации, мене искрено помалку може да ми делува рекламата отколку средина или пак луѓето. Сепак сум човек кој многу верува на она што го “диктира“ системот и на оние општоприфатени работи, но далеку од тоа дека немам свој став при изборот, но во него голема улога игра и системот.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.318
Кој и да речи дека системот нема влијание, лаже. Зошто? Едноставно толку гледање на реклами или еден добар муабет од некој другар ке те натера да го пробаш нештото не за друго, туку од љубопитност, колку да речиш да видам што е тоа толку фалено. Инаку некои одлуки можат да се засноваат на индивидуален избор, но системот има големо влијание сакале или не.
Џиш, ќе го пробаш нештото од љубопитство и да го пробаш да осетиш какво е..А друго е, да пиеш саравита оти ја рекламираат, не заради тоа што ти сакаш да пиеш!
 

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Го преферирам личниот избор секогаш и не го обожавам она што ми го налага системот
 

Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Системот има влијание на сите нас тоа не е спорно но неизвесно е тоа дали под влијание на системот ке го изгубиш и своето јас.Убаво кажа Zemzela ако сите јадат Milka морам да јадам и јас?Не...ке одбрам тоа што сакам јас,па макар и да е со поминат рок и да сносам последици,но знам дека било мој личен избор а не наметната пропаганда.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
За да не си под влијание на системот, треба да си растен во планина, од волци - и повторно ќе бидеш под влијание, ама на волчешкиот систем. :)

Многу одлуки се донесуваат на несвесно ниво, и притоа нашата потсвест (или шо и да е) зема во превид многу фактори, многу повеќе него што мислиме и знаеме.

И покрај тоа, на анкетава ќе гласам за опцијата "сам избирам" пошто боље се осеќам кога мислам дека јас сум одговорна за изборите во мојот живот.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Се трудам да бирам по мое, ама нешто тешко оди.

Иако за некои работи сметам дека сам одлучувам, сепак кога ќе поразмислам поубаво, системот ме поттикнал на таа определба, иако сум твроглав човек, и секогаш одам против другите.

Секојдневно сме бомбардирани со реклами (економска пропаганда), па ништо чудно што не можеме да одлучуваме за себе.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Психички проблеми се кај мене во прашање, правам апсолутно се што не треба да правам, па чудо одлично ми е вака.
Осудата од општеството е интересна појава за разгледување, а луѓето се премногу „глупави“ се додека живеат за него.Целиот изграден наводен систем е само уште начин за контролирање, а јас ете, имам нагони за повраќање од конформисти и од луѓе кои што не се борат за тоа што го сакаат, што и да е тоа.

Изгледа не верувам многу многу во веродостојноста на системот.
 
M

MIL

Гостин
Nikoj ne bira za mene jas sekogas se sam si biram ne me zanimaat ni reklami ni nis ne gledam ЕПП , gledam so mi se dopaga i zemam
 

Kajgana Shop

На врв Bottom