Acohipmk
Манипулативна кокошка.
- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 2.016
Не се секирај, јас ќе ти дадам да погледнеш од тоа што снимавме по пат.Еј толку ли беше разочаран , велиш уште 100 години не ќе се оправеле а.
Може да знам конкретно за што им се потребни 100 години.
Камо да можев да најдам слики и видео материјали за Тирана и Албанија во 2000та , и да видеше колку се смениле работите за 10 години , а камо ли за 100.
Асфалт ниту една споредна улица немаше, само главните.
Градбите... нема потреба да ги коментирам. Една нова зграда не видов.
Да се разбереме, немам ништо ниту за, ниту против Албанија. Очекував многу повеќе од тоа што ми трубат некои луѓе последниве 2 години дека Албанија невидено се разивавала, а јас не видов ниту еден автопат.(тоа покрај Драч па надоле, не го сметам за автопат, тоа после Тирана до Скадар не го сметам за автопат).
Далеку се зад нас. Можеби тие напреднале во последниве 10-тина години доста, не се сомневам во тоа, па одтаму и впечатоците дека Албанија се развива дури и побрзо од нас.