Иди ова објасни им го на тие што зборат дека Албанија е економски тигар, и дека Македонија заостанува позади Албанија, и колку им е лошо на рамковниве овде а колку им е убаво на рамковните во Албанија.
Кога бев прв пат во Албанија и јас ја забележував бедата и тоа колку биле заостанати.
Во Драч само главните улици имаа асфалт , другите беа земјени улици.
Но денеска тоа е далеку поинаку.
Од 2001-2011 во Албанија се изградени 300.000 станови.
Во 2001ва имале 780.000 станови , а во 2011та веќе станале 1.070.000
За тоа се потребни пари.
Спореди само каков градежен бум имало во Тирана последните 10 години.
Во 2001ва имало 158.000 станови , а во 2011та тоа се 281.000 станови.
Речиси е дуплиран градот за 10 години.
Истото важи и за другите поголеми градови.
Лошото во Албанија е што сите се пуштаат по градовите , особено по тие најголемите.
Од 2005та до 2011та извозот на Албанија е зголемен за 3 пати.
Знаеш пред неколку години Албанија секогаш беше последна по добри ствари , прва по лоши.
Сега не е баш така.
Дека Македонија заостанува позади Албанија тоа може да се потврди како сакаш:
- По годишниот раст на БДП
- Странски инвестиции
- Капитални инвестиции , инфраструктура (во 2013та веќе нема сомнеж дека ќе бидат доста понапред од Македонија , веќе имаат изградено илјадници килеметри патишта)
- Број на туристи
- Број на вработени и стапка на невработеност
- ИТН
Ако во Македонија имаме 35-40.000 невработени со високо образование , во Албанија такви се само 5.000
За разлика од Македонија , во Албанија бројот на приматели на државна плата не знае да расте по неколку илјади годишни.
Од 2007ма до 2011 бројот на вработени во државните институции на Албанија е пораснат за само 3.000
А во Македонија кажи ми ти , јас колку што знам во истиот период се вработени 40.000 лица.
И да се разбереме , никој не рекол дека Албанија е економски тигар , само велиме дека одат напред.
--- надополнето: 22 август 2012 во 01:51 ---
Летово поминав низ Албанија и низ центарот на Тирана. Мизерија! Само толку можам да кажам.
Искрено се надевав на многу повеќе, барем на главниот град.
Уште сто години не можат да излезат од времето на енвер тие...
Кога се вратив дома, ја бакнував земјата.
Еј толку ли беше разочаран , велиш уште 100 години не ќе се оправеле а.
Може да знам конкретно за што им се потребни 100 години.
Камо да можев да најдам слики и видео материјали за Тирана и Албанија во 2000та , и да видеше колку се смениле работите за 10 години , а камо ли за 100.