Се за македонските легенди "Леб и Сол"

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Знам дека мора да ги имате слушано,мене ме воодушевија а вас?
Еве нешто поопширно за нив.

Најважната македонска група на сите времиња - Леб и сол се роди на 1 јануари 1976 година, а како нејзини основачи се сметаат гитаристот Влатко Стефановски и басистот Бодан Арсовски (дотогашни членови на составот Брег на Мики Петковски), кои заедно со клавијатуристот Никола Димушевски и тапанарот Димитрие Чучуровски го оформија бендот.
Првите снимки: Етида бр. 3, Деветка и Песна за нас ги работат во студиото на Радио Скопје и успеваат да ги реализираат за два саата. Првиот настап надвор од Македонија им се случува во април 1977. во Нови Сад, каде настапуваат како предгрупа на Драго Млинарец, по што добиваат покана за учеството на Младинскиот фестивал во Суботица, а по освоената Прва награда добиваат можност за реализација на деби-албум, според договорот со продуцентската куќа ПГП РТБ. Со нив тогаш настапува и Гарабет Тавитјан (кој неколку месеци претходно и се приклучи на групата), кој својата огнена крштевка ја има кон крајот на август истата година кога Леб и сол настапи како предгрупа на Бијело Дугме на концерт кај Хајдучка чешма.

Под продуцентската палка на некогашниот гитарист на Корни група - Јосип Бочек во студиото на РТВ Нови Сад во септември 1977 година Леб и сол го снима своето деби-издание под име Леб и сол. Во џез-рок стил на плочата се најдоа девет теми (дури шест инструментали) во чија реализација учествуваа сите членови на четворката, но, Влатко беше најплоден како автор. Кон крајот на таа година учествуваат на седмиот Boom фестивал во Нови Сад, а живите верзии на песните: У сенци и Под водом се најдоа на фестивалската плоча Boom 77 во издание на загребската Сузи. Во пролет 1978 година на фестивалот во Опатија во рамките на вечерта на обработки на етно-теми изведувајќи ја Абер Дојде, Донке (песна од западна Македонија) добиваат награда за најдобар уметнички впечаток и најуспешната примена на фолклорниот израз.

Понесени од големиот успех, од матичната куќа ПГП РТБ за снимање на втората плоча добиваат многу подобри услови, а за реализација на истата се наградени со тогаш ценетата награда Седум секретари на СКОЈ. Читателите на списанието Џубокс за 1978 година им даваат најмногу гласови по што Леб и сол беше избран за најдобра група за таа година. Од тој период се издвојува и нивната работа на музиката за театарската претстава Ослободување на Скопје во режија на Љубиша Ристиќ. На третиот албум Ручни рад (објавен во 1979. година) се доближуваат до џез влијанијата (од таа плоча се издвојуваат: Кумова слама, Верни пас, Ручни рад...), снимаат во тогаш најдоброто студио 5 во Белград, а во две теми им гостува саксофонистот Миќа Марковиќ.
По објавувањето на овој проект Коко заминува од групата (бидејќи се вработува во Ревискиот оркестар на РТВ Скопје), го заменуваат Мики Петковски и Драгиша Солдатовиќ - Лабиш, но набрзо останатите членови одлучуваат да продолжат како трио. Во таа формација ја подготвуваат музиката наменета за театарските претстави - Диво месо, Убава Вида и Среќна Нова 1949 и интензивно размислуваат за својата нова плоча Бесконачно. Истата се најде во продажба во 1981. година и денесува обработка на народната Зајди, а тука се и Жива рана на Влатко, Скакавац на Бодан, Касно поподне на Гаро, кој летото, истата година го напушта Леб и сол. Него го заменува Драгољуб Ѓуричиќ, дотогашниот тапанар на ЈУ група со кого Леб и сол веднаш ги започнува подготовките врзани за песните на мјузиклот на Коле Неделковски Џон Пиплфокс и темите за театарската претстава Лет во место.

Следнато ЛП Следовање го снимаат во студиото на Радио Скопје и самите го продуцираат. На плочата се најде хитот Носим твој жиг, како и обработка на традиционалната Миле Поп Јорданов. Летото 1982 година со театарската група КПГТ одат на турнеја по Америка каде настапуваат по клубови и свират со групата Big Country. По враќањето, живиот материјал од загребскиот клуб Кулушиќ го ставаат на двојната ЛП плоча Акустична траума и со тоа се збогуваат со белградската куќа ПГП РТБ. Под налепница на загрепскиот Југотон ги објавуваат проектите: Калабалак (1983.), Тангента (1984.), а десетгодишнината на составот (1986) ја одбележуваат со изданието Звучни зид, каде се најде применетата музика за филм, театар и телевизија. Тука се темите: Бушава азбука, Ослободување на Скопје, Тумба, тумба дивина, како и филмските сонгови Коштана и Шмекер. Во снимањето на албумот, покрај Влатко и Бодан учествуваа и Коко, актерката Ана Костовска и Гаро, кој во меѓувреме се врати во групата.
Во 1987 година го работат проектот Као какао, според многумина е најамбициозниот во нивната дотогашна кариера. Во групата се и клавијатуристот Кирил Џајковски, саксофонистот Гоце Мицанов, а како гости се јавуваат пејачките Ана Костовска и Беби Дол, додека Рони Ватен свиреше ирски гајди. На плочата, која 12 години подоцна (1999) во Хрватска беше прогласено како најуспешно цеде реиздание се најдоа девет вокални теми, од кои голем број станаа хитови: Скопје, Као какао, Чувам ноћ од будних... На овој проект се најде и извонредната Femme Fatale на хрватскиот кантавтор Арсен Дедиќ.
Кон крајот на 1987 година на престижната југословенска манифестација Месам - Као какао на Леб и сол се окити со три златни грамофони. Последниот студиски проект на Леб и сол - Путујемо виделината на музичките продавници го здогледа во 1989 година. Леб и сол повторно беше во оригинална постава: Влатко, Бодан, Гаро и Коко, кој се врати на место на Кирил Џајковски (кој замина за Австралија). Плочата Путујемо во себе ги носеше хитовите: Исток-запад (телепатски), Чукни во дрво, Трач... Во снимањето на овој проект учествуваа: Калиопи (придружни вокали), Кире Костов (фигел хорн) и Зоран Јовановиќ - Лима (саксофон и кларинет), а на неколку концерти со Леб и сол настапуваше и Валентино Скендеровски.
Година дена потоа (1990), Влатко и Бодан ја оснуваат издавачката куќа Third Ear Music а како прво нејзино издание се јавува компакт-дискот Зодијак, од истоимениот рок-балет работен на сцената на МНТ. Ова е воедно и првото цеде во историја на македонската музика. Во формација: Влатко, Бодан, Коко и (повторно) Драгољуб Ѓуричиќ во мај 1991 година Леб и сол заминува на турнеја по Америка и Канада. Во Њујорк настапуваат во култниот клуб C.B.G.B.,а снимениот материјал во есен истата година го објавуваат под насловот Live in New York. На цедето, покрај концертните верзии на темите: Бистра вода, Јовано, Јованке, Абер дојде, Донке... се најде и студиската варијанта на традиционалната: Учи ме мајко, карај ме.
Концертната промоција на американскиот проект, Леб и сол ја имаат на 14 февруари 1992 година на скопско Сајмиште, пред десет илјади одушевени Македонци. Во текот на својата долгогодишна кариера групата често настапувала во странство: Кипар (1982), Русија (1983 и 1988), Италија и Шпанија (1987), Австрија (1988), Ирска, Шведска и Данска (1990), САД (1982 и 1991)... Во пролет 1992 година настапуваат во белградскиот Сава Центар, на четири распродадени концерти, што претходно им тргна од рака само на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ и на светската атракција Џипси Кингс.
Во декември 1995 година Леб и сол, со Гаро зад тапаните, настапува во хрватските градови: Загреб, Ријека и Пула. Прошталниот концерт го имаат на 13 декември 1995 година во клубот Милос во Солун, по што групата престанува со заедничко творење и настапување. Сите членови на Леб и сол денес се успешни во музиката, но популарноста и креативниот потенцијал со кои се носеа обединети под заедничкото име на групата, никогаш подоцна ги немаат надминато. Пред крајот на своето постоење Леб и сол на двојното цеде Anthology во 34 песни направи педантен пресек на нивната севкупна дваесетгодишната кариера.

Албуми

* Леб и сол (ПГП РТБ 1978.)
* Леб и сол 2 (ПГП РТБ 1978.)
* Ручни рад (ПГП РТБ 1979.)
* Бесконачно (ПГП РТБ 1981.)
* Следовање (ПГП РТБ 1982.)
* Акустична траума (ПГП РТБ 1982. двоен жив)
* Калабалак (Југотон 1983.)
* Тангента (Југотон 1984.)
* Звучни зид (Југотон 1986.)
* Као какао (Југотон 1987.)
* Путујемо (Југотон 1989.)

* Live in New York (Third Ear Music 1991.)
* Anthology (Third Ear Music 1995. двојно ЦД)

 
Член од
11 ноември 2005
Мислења
316
Поени од реакции
6
Леб и Сол легенди се во секој поглед, прво земи како музичари секој посебно си е виртуоз на својот иснтрумент, а другото потоа само си доаѓа
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Gi postuem, nema sto... znaat da napraat muzika...a i Vlatko e vtor najdobar gitarist posle Slesh...
 

rebel kid

chokolino adicted!
Член од
5 јуни 2006
Мислења
159
Поени од реакции
0
одкаде па такви глупости дека влатко е 2најдобар гитарист после слеш??нема врска.иначе,сите матер ебаваат.можда,ама не дека се најдобри свирачи,барем не у цел свет.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
abe vidi moze ne e vtor ali megu prvite e u sekoj slucaj
 
Член од
21 јуни 2007
Мислења
50
Поени од реакции
2
Leeej mi se svigja temava! Sto i da kazemo za Leb i Sol nema da bide dovolno! Definitivno najbolji bend na celiov Balkan! Redovno gi slusam i ce gi slusam zasekoas! Sekoj clen od bendot e legenda i definitivo se majstori na svojot instrument! Za mene Bodan e eden od najdobrite basisti :cuc::cuc::cuc: Edna od najdobrite pesni sto se sozdale na nasava planeta e definitivno Leb i sol - BISTRA VODA :eek:lee:
 

Lucifer

Devil in a females body
Член од
7 мај 2006
Мислења
300
Поени од реакции
1
Се извинувам....од кога Слеш е мерка за добар гитарист (во права смисла на зборо)???(WTF?) Влатко е еден од подобрите гитаристи што се родиле, па према тоа греота е да се споредува со Слеш...јас појче би го споредила со Стиви Вај(чув пред година и нешто, требале заеднички проект да праат, демек типов бил воодушевен од нашата етно-музика) Јас појче би го споредила со Џон Петручи и виртуози слични на него и Стиви, со Слеш....ммм.....НЕ!....друго за дечките, тие се стварно нашата гордост, на концертот се осетив ко да летам, така маестрално отсвирено, навистина се за почит, и тоа ГОЛЕМА!//me go lepi nosot za zemja....
 

Ladies'_Man

Страхотен пич
Член од
31 декември 2008
Мислења
156
Поени од реакции
12
Јас мислам дека Влатко може да се рамни и со Слеш и со сиот тој крем од Америка...во секој поглед е супериорен,е сега има м**а,и прави музика што на него му се свиѓа,а не на рајата.

:smir:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Дефинитивно легенди, премногу заслужни за промомовирање на Македонците во светот, а воедно и белење на Македонскиот Образ. Секој музичар си е виртуоз на инструментот кој го свири, башка басистот ми е имењак :icon_cool
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Најдобиот состав што можеше да се направи во Македонија. Алал да им е.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Па не ги слушам често али македонци се а чим се македонци мора да се најзакон..
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Па не ги слушам често али македонци се а чим се македонци мора да се најзакон..

Кој инспиративен одговор ти е :tapp:

Бев на концертов Скопје пред 2 години мислам беше... убаво си пројдов, мислам дека многу подобро и од Whitesnake.

Само се натажив кога прочитав пред незнам ни јас дал беше година дена или повеќе дека заради новиот договор што го потпишале морале да се отарасат од дотогашниот тон мајстор мислам дека беше( не ми замерајте ако сум грешка). Дури типот имаше и давано и интервју дека од почетокот бил со нив.


За музика немам зборови Бодан и Влатко се тандем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom